Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Во се почестите разговори со колешки - мајки на мали дечиња наидувам на тажни исповеди. И мојата приказна е слична.... Каде отиде љубовта?
Не можам да си објаснам себе си, нему и на оние со кои можам да разговарам на таа тема, каде отиде страста која ја делевме? Каде отиде љубовта? Врската која претходно беше силна и бурна, а пред се страствена, се претвора во сталожено партнерство. И сите сме на иста бранова должина... "Не е дека не го сакам... ама ете едноставно се стиша бурата. Го почитувам и го сакам во секоја секунда, се би направила за него, ама одлетаа пеперутките. Се е така мирно..." Се случува понекогаш да се појави искричка, но веднаш исчезнува... не знам на што се должи тоа?
Дали обврските на работа, дома и околу детето ја исцрпуваат и последната капка енергија или едноставно тоа доаѓа со бракот? Дали годините поминати заедно ја убиле имагинацијата и мистериозноста во врската? Дали сеуште се сакаме? Дали проблемите и финансиските борби секој први, го земаат својот данок? Ги паметам неговите зборови секогаш кога ќе наидевме на проблем или пречка во врската... Велеше "најважно е дека се сакаме и сме решени да останеме заедно без разлика на се!" Дали сеуште е така? Или само она да останеме заедно останало во сеќавањата?
Можеби самодовербата и пламенот останале во едно друго тело, на девојката со гради до врат, рамен стомак и загегната кожа? Во она лице кое ако немаше време да се нашминка барем не забораваше да стави крема? Во таа коса што често имаше различна боја и форма, но секогаш имаше смисла? Онаа што во огледалото порано беше барем 10 cm повисока од сега? Онаа на која очите и беа некако позелени а усните некако поцрвени?
Дали е можеби тоа причината? Секако дека е.. Секако дека комбинацијата од сите овие претходни прашања е причината за врската во состојба на кома, која дише на цевки, а срцето работи на апарати и е под постојан надзор... Коматозната состојба трае долго, во најлош случај може да трае и вечно. Потребна е акција. Електрошокови! Тие може да ја размрдаат! Романтични електрошокови! А потоа и сите други неопходни мерки за будење од кома. На крај, ако ништо не успева, мора да се исклучат апаратите. Дури и тоа е подобро од кома. А неодамна читав дека после долга кома и исклучување на апаратите, она што би требало да биде смрт, за еден човек претставувало одново раѓање... човекот почнал самостојно да се одржува во живот...
Нити комата не може да ја победи волјата за живот, волјата за љубов!
Ваша Lara2224
Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |
10
7
4
забава Бремените
Автор: bobik
Доаѓањето на бебето сигурно ќе донесе и малку немир во вашиот живот. ...
Често поставувано прашање е дали да се купи или не, насилна играчка?...
Еднократни или платнени пелени. Што е подобро?
Кога станува збор за пелени, прашањето еднократни или платнени е едно ...
Фрази што ја зголемуваат самопочитта кај детето
Самопочитта се гради секој ден, преку начинот на кој зборуваме, реагир...
Што да понесете со себе во породилиште?
Убаво е списокот на потребни работи да го подготвите на време. Навреме...
Јасли.
пеперутка16
Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?