|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Училишен прибор за секое дете од домот 11 Октомври

Редакција Рингераја, 21.9.2010
»Рингераја семејството е и нивно семејство – растеме заедно со децата без родителска грижа! «ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – училишен прибор за секое дете од домот „11 Октомври“

image
/11


Краток опис на акцијата

Хуманитарната роденденска акција одржана во март 2010 година, наменета за домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“, покажа дека прегратката на Рингераја е доволно силна за да ги направи за момент среќни децата од домот. Сите клиенти, корисници, целиот тим на Рингераја е едно големо семејство кое е и нивно семејство – и расте заедно со децата без родителска грижа!

 

Рингераја семејството мисли на дечињата од домот „11 Октомври“ и на почетокот на учебната година и реши да помогне во обезбедување на училишен прибор, кој за жал го немаат, а им е повеќе од потребен.

 

Донација во домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“

Децата од домот „11 Октомври“, веќе тргнаа на училиште, но за жал сеуште немаат соодветен училишен прибор. Бевме информирани дека добиле донација на ранчиња за училиште, но не можат да ги наполнат со тетратки, моливи, острилки, боички и блокчиња, бидејќи немаат. Со цел да ја задоволиме потребата на дечињата започнуваме нова хуманитарна акција, за обезбедување на училишен прибор потребен за учебната 2010/2011 година за децата од домот 11 Октомври:

 

  • Тетратки мали и големи со линии, коцки и без линии
  • Блок за скицирање, блок IV, блок V
  • Шестар
  • Острилки, моливи и гуми
  • Комплет лењири
  • Лепило охо и селотејп
  • Темперни бои, водени бои, четки за боење, дрвени боички и фломастери
  • Колаж хартија и ножички

 

Како да се вклучите во хуманитарната акција?

Целата хуманитарна акција ќе биде водена од Рингераја.мк преку Дану Медиа. Во акцијата може да се вклучите:

 

  • Преку купување на училишен прибор  

Купениот училишен прибор може да го доставите директно во просториите на Рингераја.мк на адреса ул. Мирче Оровчанец 1/1-4 Скопје или да го донесете на едно од дружењата кои ќе се реализираат во повеќе градови во Македонија.

Важни напомени:

Доколку сакате да се вклучите во хуманитарната акција преку достава на училишниот прибор на некои од нашите дружења внимателно следете ги информациите поставени на Рингераја за местото и времето на дружењата.

Доколку сакате училишниот прибор да го донесете во просториите на Рингераја.мк тоа може да го направите секој работен ден од 9 до 17 часот. 

За повеќе информации, контактирајте не.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
6
Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
4
Не разговарајте со мене додека детето има ...
Не ме осудувајте. Не ме гледајте попреку. Не си замислувајте дека со еден шепот можете лесно да го решите проблемот. На ...
4
Децата и пролетниот замор
Пролетниот замор е вообичаен не само за возрасните, туку и за децата. Дознајте кои се најефикасните средства кои го ...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?