|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Трудници, нека не Ве нервира ова!

Редакција Рингераја, 5.6.2023
Бременоста има безброј убави страни и моменти, но нешто сигурно ќе Ве нервира. Во прилог се неколку ситуации, кои ги излудуваат трудниците
Клучни зборови:

image
Freepik
/11


-        Доколку сакате Вашата бременост да биде Ваша приватна работа, избегнувајте дружење со радознали личности. Ако со таква личност одите на вечера и на пример кажете дека не сакате вино, таа веднаш ќе сака да знае дали сте бремена. И секако, ќе Ве праша на цел глас.

-        Во весниците постојано наидувате на текстови за некоја позната личност која треба да се породи кога и Вие. Најмногу ќе се изнервирате кога две седмици по породувањето ќе ја видите во весник или списание, во бикини.

-        Жените кои веќе имаат деца постојано велат “Се е во ред!”. Тие само сакаат да се опуштите и 9 месеци да не се грижите за ништо. Ќе инсистираат на тоа дека не пречи ако се напиете пиво, бидејќи и тие пиеле во бременоста.

-        Секако, сите ќе сакаат да Ви го допрат стомакот, посебно во поодминатите месеци, без оглед на тоа дали Ви се блиски пријатели, или не Ви го знаат ниту името.

-        “Лелеее, знаеш што и се случи на една моја пријателка додека беше бремена?” и тогаш ќе Ви ја раскажат најстрашната приказна која сте ја слушнале во животот.

-        “Колку килограми доби? Колку години имаш? Колку долго се обидувавте за дете? Планираш да доиш?”

 

Прашање кое најмногу ја нервира секоја трудница е “Носиш близнаци?” Секоја трудница кога ќе го слушне ова прво помислува на тоа дека ставила многу килограми, без оглед на тоа дали некој сака да се пошегува со неа.

 

Драги идни мајки, уживајте во својата бременост и трудете се да не реагирате на вакви ситуации.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Малку крв, голема промена?
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат или не се сигурни дали се веќе бремени е појавата на...
3
Морска сол: природен сојузник против некол...
Морската сол одамна не е само зачин кој задолжително го имаме во кујната. Со своето природно потекло, минерална вредност...
3
Превентивни прегледи за жени – што, кога и...
Во свет каде што темпото на живот е брзо, жените често се тие се грижат за сите семејството, работата, домот, освен за ...
3
Намалете ги утринските мачнини со...
Утринските мачнини претставуваат проблем кај повеќето трудници. Додека едни чекаат да им помине нагонот за повраќање сам...
3




Анкета

Мобилен телефон.
пеперутка16

Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?