|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Со лакирани нокти на породување?!

Редакција Рингераја, 29.6.2021
Постои научна причина зад барањето за отстранување на лакот за нокти пред да влезете во породилната сала, особено ако имате царски рез

image
/11


Без разлика колку бременоста е уредна и имате совршен план за породување, секогаш може да се случи да завршите во операциона сала на царски рез. 

Вашиот гинеколог мора да ви нагласи да ги оставите ноктите природни и без лак непосредно пред очекуваниот термин. 

Колку и да ви звучи чудно или смешно, постои голема причина зошто е тоа така: 

Секогаш кога сте подложени на било каков вид на операција, а царскиот рез е токму тоа - операција, и сте изложени на анестезија, ноктите не смеат да бидат обоени. Ова е затоа што за време на операцијата лекарите следат витални знаци како што се вашиот ритам на срцето, крвниот притисок и количината на кислород во крвта. За ова, се става сензор на врвот на прстот, кој ги мери нивоата на кислород во крвта со минување на црвено светло низ ноктите на прстите. Ова се прави преку уред што е познат како пулсен оксиметар, кој помага во следење на оксигенацијата на хемоглобинот на пациентот.

Мора да се спомене дека ноктот е најдоброто место за откривање на цијаноза (промена на бојата на кожата) поради ниските нивоа на кислород. Оксиметарот работи со осветлување на светлината низ ноктот на прстот и мерење колку светлина се апсорбира. Колку повеќе светлината се апсорбира, толку повеќе е нивото на кислород во крвта.

Во случај во текот на зафатот да дојде до компликации, бојата на ноктите е првото што ќе покаже дека нешто не е во ред. Во случај на пад на нивото на кислород, проблеми со срцето и другите витални органи, бојата на ноктите се менува, а тоа може да се види само ако не се налакирани. 

Покрај ова, многу лекари, исто така, не дозволуваат носење шминка за време на породување, од причина што следењето на промената на бојата на кожата на пациентот е клучна за следење за општата состојба за време на операцијата. 

Доколку носите акрилни нокти, отстранете ги навремено, а лскорањето оставете го за после породувањето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да се храните 30 денови пред терминот?
Влегувајќи во 8-от месец од бременоста, идната мајка треба да обрнe особено внимание на исхраната
4
Бременост, 5-та недела
Неверојатно, но вистинито! Зачетокот од 5. недела па натаму се вика ембрион и во овој период почнува интензивен развој н...
4
Zivka*: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Како да ја масирате лузната од царски рез?
Има еднo нешто што мора да го направите, за кое што повеќето лекари нема да ви кажат. Навистина е едноставно, но некои ж...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?