temjana RR во 15:27
Што значи безбедна бременост?
Автор: ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство “Чаир” | 4.5.2010
Сите бремени пациентки мора внимателно да се евалуираат за да се оцени дали кај нив постојат, или ќе се појават некои од ризичните фактори.
Некои пациентки имаат состојби како дијабетис или историја за предвремено раѓање - недоносеност, што на почеток на бременоста ги става во високо ризична категорија. Други стартуваат со нормална бременост, но подоцна развиваат ризични фактори како на пример: плацентарно крварење или покачен крвен притисок (хипертензија индуцирана од бременоста). Овие фактори можат да се појават неочекувано во текот на бременоста, затоа од исклучителна важност е да се препознаат веднаш штом се појават и да се пристапи кон превземање неопходни, ефикасни постапки во нивниот третман.
Ризиците од заболувања или неповолен исход на бременоста, практично се појавуваат секогаш кога жената ќе забремени. Бидејќи жените од неразвиениот свет и од земјите во развој забременуваат и раѓаат почесто, а опстетричката заштита е на значително пониско ниво. Нивниот ризик од заболување или смрт е многу повисок - речиси четириесет пати повисок од ризикот за жените во развиениот свет.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
-
СЛИЧНИ СТАТИИ
-
ОЗНАЧЕНИ СТАТИИ: БРЕМЕНОСТ
