|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што им се случува на бебињата кога ќе се родат?

Редакција Рингераја, 4.4.2023
Доаѓањето на новороденчето е магичен миг, тоа за првпат плаче, чувствува студ и светлина и му се случуваат низа други процеси
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Пред породувањето во главата ви поминуваат илјадници мисли околу тоа како да помине породувањето најдобро, која клиника да ја изберете, дали е подобро природно или царски рез итн.

Но, многу помалку се зборува за тоа што се случува по породувањето, односно што му се случува на вашето бебе кога ќе се роди.

Како изгледа првиот час од животот на новороденчето:

0 - 30 секунди: Бебињата го земаат првиот здив во првите 10 секунди и започнуват да плачат гласно, што прави белите дробови да проработат правилно. Тие, исто така, за прв чувствуваат многу работи како студ, светлина и гласни звуци.

1

30 секунди -1 минута: На вашето бебе колку што може поскоро ќе му биде пресечена папочната врвца, ќе биде топло обвиено и ќе го има првиот контакт со мајката. Во некои болници ќе биде ставено во вашата прегратка, во некои не. Допирот кожа до кожа ќе му помогне на вашето бебе да се приспособи на животот надвор од стомакот и да се подготви за првото хранење.

1 - 3 минути: На вашето бебе ќе му се направат некои тестови за да се одреди неговата здравствена состојба. Мерење на тежина, срцебиење, дишење, како и ставање на алка за препознавање. Медицинската сестра убаво ќе го исчисти бебето.

2.5 - 5 минути: Ако ви го дале бебето, додека тоа е на вашите гради полека ги отвора очите. Постепено ќе започне да ја движи главата и устата.

8 - 30 минути: Околу 8 минути по раѓањето, бебињата најчесто стануваат поактивни, држејќи ги очите отворени и до 5 минути. Почнуваат да чувствуваат потреба да бидат нахранети, гледаат во лицето на нивната мајка и испуштаат тивки звуци.

30 - 40 минути: Ќе имате повеќе време за милување со вашето бебе додека одморате или се обидувате да го надоите првпат, иако подолго време нема да успеете да имате успешно доење.

2

Се разбира, секое породување е различно и текот на работите може да оди и поинаку, но ова е отприлика да знаете низ што поминува новороденчето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бојата на столицата кај бебето
Столицата кај бебињата е еден од најсигурните показатели за тоа како функционира нивниот дигестивен систем.
3
Работа, семејство и време за себе
Усогласувањето на работата и семејниот живот е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат современите родители.
3
Црвено газе
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети црвенилото на газето брзо ќе го надминете.
3
Бањање кое ќе Ве остави без здив
Толку нежност! Толку убавина! Нема да останете рамнодушни...Задолжително погледајте
3




Анкета

Koj pol na dete e povekje posakuvan
Ki4iko

Koj pol na dete e povekje posakuvan?

zenski pol (61%)

maski pol (39%)


Број на сите гласови: 133

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!