|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Секоја мајка заслужува одмор

Редакција Рингераја, 17.5.2012
Дали некогаш сте помислиле: барем некој да се грижеше за мене, како што јас се грижам за своето бебе?

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Мајките најдобро знаат што значи зборот замор и колку тешка и исцрпувачка е грижата за малите бебиња и за децата. Секоја жена доаѓа до состојба кога ќе ”прегори” и кога ќе дојде до емоционална исцрпеност, а тоа се случува кога ќе помине предолго време во нерамнотежа. Но на своето дете и понатаму му требаме без оглед на тоа што сме уморни, несреќни, лути... Затоа не заборавајте на себе, немојте да мислите дека заради тоа ќе бидете себични, бидејќи се' што му треба на Вашето дете е одморена и среќна мајка.

 

Испробајте ги следните идеи за одмор:

  • Прошетајте. И покрај сите обврски најдете време да се прошетате сами и оставете го таткото да се забавува со бебето, или детето.
  • Истуширајте се. Колку пати не сте стигнале да се истуширате бидејќи не сакате да го оставите бебето? Направете го тоа.
  • Побарајте помош. Замолете некој од семејството да Ви помогне на неколку часа. Искористете го тоа време да направите нешто за себе, па дури и тоа да биде седење и слушање музика, фитнес или шопинг...
  • Уживајте во своето хоби. Ако имавте некакво хоби пред доаѓањето на бебето, кое е привремено ставено на чекање, време е повторно да почнете да уживате во него.
  • Запишете се на некој курс кој отсекогаш сте го сакале. И не заборавајте, тоа да не биде курс за мајки и деца, туку само за Вас,  а детето останува дома со таткото.
  • Посетете салон за убавина. Почестете се со нова фризура или релаксирачка масажа. Дозволете си нешто за што немате време дома.
  • Одморете се. Немојте да чувствувате обврска дека мора да излезете од дома. Понекогаш најголем одмор ќе Ви биде доколку ја затворите вратата и отспиете сами во темна просторија.
  • Не заборавајте на своите пријателки. Кафенце или краток телефонски разговор знае да ги олесни долгите и тешки денови поминати дома.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
4
Телото по породувањето не е исто. Еве што ...
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хормонални промени. Потребно е време организмот посте...
3
Како да не ги пренесеме нашите трауми на д...
Сите ние носиме дел од нашето минато, убави моменти, но и болни искуства.
3
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома с...
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате безброј прашања за тоа како е да себиде родител и ка...
3




Анкета

Dali?
Admin

Dali rabotata sto ja rabotite ve ispolnuva?

Da (33%)

Ne (0%)

Ponekogas (67%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!