|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разговор со Јасмина Димитрова, автор на книгата "Лузни"

Марина Кљајиќ Петковски, 26.1.2021
Јасмина Димитрова, родена во Свети Николе, моментално живее во Карлсруе/ Германија. Сопруга и мајка на две деца, периодов фокусирана на студиите а покрај тоа активно работи и на нејзината втора книга

image
/11



Рингераја:
 Најнапред, ти благодарам што успеа да издвоиш време за овој разговор, со оглед на твојот густ распоред деновиве.

 

Јасмина: Ти благодарам тебе на поканата, ми претставува задоволство и чест да си поразговарам со личност како тебе. 

Да премногу е густо во моментов, едвај се организирам правилно, но успевам некако да им ставам ред на обврските во текот на денот.

 

Рингераја: Автор си на книгата "Лузни" а во моментов ја пишуваш твојата втора книга.

Кажи ми повеќе за твоите почетоци, од каде љубовта кон пишувањето? 


јасмина


Рингераја:
 Најнапред, ти благодарам што успеа да издвоиш време за овој разговор, со оглед на твојот густ распоред деновиве.

 

Јасмина: Ти благодарам тебе на поканата, ми претставува задоволство и чест да си поразговарам со личност како тебе. 

Да премногу е густо во моментов, едвај се организирам правилно, но успевам некако да им ставам ред на обврските во текот на денот.

 

Рингераја: Автор си на книгата "Лузни" а во моментов ја пишуваш твојата втора книга.

Кажи ми повеќе за твоите почетоци, од каде љубовта кон пишувањето? 

jasmina1

Рингераја: „Лузни"е збирка од проза и поезија. Од каде инспирацијата и која беше твојата замисла и порака која сакаш да им ја испратиш на читателите? 

 

Јасмина: За „Лузни“ секогаш велам дека не е само книга, „Лузни“ се чувства изразени и напишани на хартија. Уште кога решив дека сакам моите раскази за ги сведам во книга, замислата ми беше помеѓу расказите да додадам и поезија. Поезијата за жал е многу малку читана, што мислам дека е штета, затоа што многу повеќе чувства може да се преточат во неа. И самиот Денис Бојаров кој воедно е и лектор на книгата еднаш ми има речено дека во поезијата многу подобро ги изразувам чувствата отколку во расказите.

Но сепак, секој ги изразува чувствата на свој начин, и секој си чита нешто по свој вкус и желба.

„Лузни“ е книга за сите. Верувам дека секој ќе се пронајде во некој од расказите, затоа што се обработени различни теми. Поезијата е нешто што верувам дека растопува срца, барем јас уживам додека читам поезија. Верувам дека и моите читатели покрај раскзите, уживаат во оние неколку страници исполнети со магија. 

Со „Лузни“ сакав да им испратам порака на читателите дека, колку и да се чини тежок животот, на крајот она што останува е да ги прафатиме работите онакви какви што се, да крене глава и да се продолжи напред, живеејќи во минатото само се уништуваме себе си, а со тоа и оние околу нас. 

 

jasmina2

Рингераја: Каков жанр е новата книга? 

 

Јасмина: Ме погоди со прашањево. „Девојката со книгите“ е книга која содржи од повеќе жанрови по нешто. Драма, мистерија и романса. Требаше да биде готова до сега, меѓутоа пандемијава навистина ми ги уништи сите планови. Тука е и почетокот на моите студии. Преокупирана сум со учење, проекти и настава. Се уште имам мали потешкотии во разбирањето и изразувањето, па поголем дел од слободното време го користам за учење германски јазик. 

Книгата секако не ја запоставувам меѓутоа главна цел во моментов ми се студиите. 


Рингераја:
 Активна си во македонските книжевни групи, активно читаш и пишуваш рецензии. 

Членуваш ли во германски книжевни групи? Кој е твојот став за македонците и германците како читатели?

 

Јасмина: Иако во последно време читам повеќе германска литаратура, сe уште не сум член на ниту една група. Да бидам искрена не сум ни размислувала на таа тема. 

Активноста во македонските книжевни групи ми е прави посебно задоволство. Секогаш е добро кога се разменуваат мислења на одредени теми поврзани со книжевноста. Не сите имаме исти вкусови па според тоа дискусиите најчесто се поврзани околу различните ставови за жанровите. Едни уживаат во мотивирачки книги, други во романси, трети во трилери итн. Во групите стекнав и многу пријатели со кои што со задоволство разменувам муабети и од секојдневниот живот, не само за книжевноста. Модерарот сум во „Размена на книги и книжевни муабети“, таму се поврзав со повеќето од пријателите. Би ја искористила приликава само да упатам поздрав до сите членови во неа, а посебно до админскиот и модераторскиот тим на групата. Ја водам рубриката #Избородмакедонскапоезија и #избородстранскапоезија и се трудам да претставам што е можно повеќе наши автори кои што мислам и знам дека заслужуваат внимание. 

Секоја држава си има читателска публика, помалку или повеќе. Ме радуваат овдешните пунктови за размена на книгите. Насекаде ги има. Постојано се полни со книги и човек може во секое време да влезе и да си замени некоја прочитана книга. 

 

Рингераја: Имаш освоено неколку награди за литературни творби, со кои заслужено се гордееш. Кои се тие?

 

Јасмина: Освоена прва награда на меѓународната литературна манифестација “Охридски бисер на поезијата“, предводена од госпоѓа Милица Паулус. 

Освоена „Златна плакета“ на меѓународната манифестација „Едно наше лето“, во која што ушествував со краток расказ. 

Златно признание за најдобар расказ „Го љубам животот“, на манифестацијата “Божиќен вознес“ и двете предводени од госпоѓа Гордана Такец. 

Во целост сум горда и на „Лузни“ и сум задоволна од позитивните критики кои што секојдневно ги добивам од читателите. 

 

Рингераја: Кои жанрови и автори ти се омилени?

 

Јасмина: Немам омилен жанр. Читам се’ освен хорор. Читам трилери, романси, мотивирачки книги, драми, збирки раскази, поезија, крими романи, комедии... Читам балетристика и класици, едноставно не сум човек кој „пребира“, сакам да откривам нови автори и истите да ги промовирам, секако ако ми се допадне пишаното. 

Омилен автор од македонските ми е Петре М. Андреевски, од странските David Jackson (не е преведен се уште кај нас). 

 

Рингераја: Мајка си на две деца и од неодамна живеете во Германија.

Накратко една твоја паралела, колку и на кој начин е поинаков животот таму? 


Јасмина: 
Овде сме веќе три години. Почетокот беше премногу тежок, дури депресивен. Само што дојдовме децата веднаш ги запишавме на училиште. Морам да го пофалам тимот на Waldschule – Neureut, луѓе полни со разбирање и спремни за помош и поддршка во секое време. Навистина ни беа голема утеха на почетокот. 

Да ме прашаше тогаш, ќе ти речев дека сакам да се вратам во Македонија, дека мразам што сум овде. Денес, посебно после целата политика што ја уништува државата, воопшто не размислувам за враќање. Овде имам помирен живот, без некој да доаѓа и да ми полни главата со непотребни информации за тоа кој, што, како итн. Навистина што се однесува на ниво на култура, далеку сме од зборот. Меѓутоа не би сакала да се распишувам на таа тема зашто интервјуто ќе треба да биде цел роман. 

Ми недостигаат најмилите секако. Сестра ми, мајка ми, внуците Ненад и Леонтина, пријателите, блиските роднини. Навистина ми фалат моментите поминати со нив. Откако почна пандемијава воопшто немам отидено во Македонија и штом помине оваа криза, би сакала да поминам некое време таму и да уживам во присуството на моите внуци. 

 

Рингераја: Кога сме кај тоа, како врз, вашето семејство се одрази тековната ситуација со пандемијата?

 

Јасмина: Ситуацијата со пандемијата верувам дека на секој му е многу напната и стресна, не само на мене. Моментално сме во lockdown и сите по дома сме на онлајн настава, што воопшто не е лесно со оглед на тоа што како мајка, домаќинка и студент се обидувам времето да го организирам најдобро што можам. За жал не можам да кажам дека како автор можам да му се посветам максимално на пишувањето, затоа што цел ден сум обврзана прво околу домаќинството, потоа околу домашните на децата и на крајот од денот околу моите проекти поврзани со студиите. Уште поголем предизвик за нас е тоа што не го познаваме јазикот 100%, и секогаш кога имаме нејасни работи прво мораме да ги ‘изгугламе’ па пак да се вратиме на задачата. 

Човек се навикнува на сe, кога почна сето ова со пандемијата навистина беше незамисливо како ќе функционираме понатаму. Овде ситуацијата моментално е премногу критична, најавуваат над 15 000 заболени преку ден, полициски час имаме од 20:00 до 5:00, отворени се само прехранбените маркети, дрогериите, аптеките и пекарите. 

Со моето семејство ги користиме викендите за да поминеме мирни денови без стрес. Обично излегуваме на прошетка некаде, во град или природа, или пак одиме на посета на пријатели или роднини, најважно ни е да си поминеме убаво и да забележиме убави моменти во тефтерот на спомените. 

 

Рингераја: Ти благодарам на одвоеното време. Секој разговор со тебе е уживање. Со нетрпение го очекувам издавањето на новата книга, а по тој повод, уште од сега вметни ме во твојот распоред.

 

Јасмина: Ти благодарам тебе на поканата, разговор со тебе е секогаш вистинско уживање и се надевам на подобро времиња за да можеме лично да се видиме. 


јасмина3

Драги читатели, заследете ја Јасмина на: Фејсбук - Димитрова Јасмина - Лузни. 

Книгата „Лузни” може да ја купите лично кај неа *порачки во инбокс или во книжарница “Бубамара“ – Свети Николе.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стравовите на едногодишно дете
Со кои стравови може да се соочи детето на возраст од една година?
4
Што се` им забрануваме на децата?
Сите ние родителите им сакаме само најдобро на нашите деца. Да треба би умреле за нив сега веднаш, без ниту едно прашање...
3
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?