vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
“Драг странецу, кој ја зграпчи раката на моето бебе денес во продавницата и сите други кои го допирате моето бебе,
Ве молам немојте!”, го почнува своето отворено писмо мајката блогерка Мелиса Вилетс.
Таа објаснува дека дури и нејзината најстара ќерка научила дека не треба да допира се, па тоа им го предлага и на возрасните лица – да учат од нејзиното петгодишно девојче. Тоа мже да се постигне во два чекори:
Прв чекор: Не допирате нешто или некого што не ви припаѓа. Втор чекор: Повторете го првиот чекор, се пошегува Мелиса, истакнувајќи дека ова е проблем на многу мајки во светот, за кој не се зборува доволно.
“Ја разбирам вашата потреба да го допрете бебето. Добро, не ја разбирам баш, па затоа ќе се потрудам да ви објаснам. Го видовте моето бебе и помисливте дека е слатко (и никој не може да ве обвини за тоа) и без да размислите го штипнавте нејзиното буцкасто мало раче. Ве молам следниот пат размислете и обидете се да му одолеете на искушението”, пишува Мелиса.
“Видете, не постои начин да утврдам дали неодамна сте биле болни или во контакт со некој кој е болен, или сте допреле нешто што е покриено со бацили. Иако вашиот контакт со моето дете траеше неколку секунди, последиците по моето семејство можат да траат и цел месец”, напоменува оваа мајка на три девојчиња.
Затоа ве молам, не го допирајте моето бебе. Или ако веќе сте решиле, овие три места се во ред: стопалата, лактото и косата. Стопалата и лактото ако се покриени со облека и косата, ако барем малку го познавате моето бебе, пишува Мелиса и завршува:
“Смејте се, пејте, играјте, НО РАЦЕТЕ ПОДАЛЕКУ!”
10
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...