|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Помогнете му на вашето дете да расте правилно!

Прим. Др. Иванка Стефановска, ортопед, 4.5.2010
Принова во семејството! Бебе меѓу останатите членови во семејството. Сите се среќни, му се радуваат, го набљудуваат, го разгалуваат и се разгалуваат себе си. Но, сосема е сигурно сите му мислат се најдобро.
Клучни зборови:

image
/11


Што е растењето?

 Растењето претставува револуција на организмот од ембрион до возрасна личност. Меѓутоа, растењето не е часовник на навивање кој ја исполнува биолошката програма на созревање на индивидуата. Напротив, растењето е процес на многу комплексни случувања кои доведуваат до конечното созревање. Тоа претставува динамична категорија на која влијаат многу фактори како: здравјето, болеста, повредите, околината, генетските фактори, полот итн... Иако човековото тело можеме да го анализираме во три просторни рамнини, четвртата димензија на биолошките организми е растењето. Оваа димензија ги разликува докторите кои ја следат детската возраст, од останатите. Таа им дава можност на педијатрите, детските ортопеди и слично да ја следат и искористат оваа димензија за растењето да биде успешно, а неговиот резултат да биде здрава единка.

 Како да го искористиме растењето правилно.

 Растењето зависи од повеќе фактори. Некои од нив се генетски и на нив не можеме да влијаеме или можеме многу малку. Но постојат фактори на кои родителите и докторите можат да делуваат и можат да обезбедат правилен раст. И покрај фактот дека секој биолошки организам се одликува со своја индивидуалност и дека е многу тешко да се постават правила и стереотипи на она што е “нормално и правилно”, сепак искуството не учи и ни наметнува некои свои правила како оправдани и корисни. Тоа е пред се потребата да ја следиме природата. Што значи тоа кога се во прашање новороденчињата и малите бебиња?!

 Природната положба на бебето во матката на мајката се одликува со специфична положба.  Таа положба е особено карактеристична за долните екстремитети. Тие се свиткани во колковите и колената, а освен тоа колената се оддалечени, односно колковите раширени. Таквата положба на долните екстремитети на новороденото овозможува идеален контакт помеѓу деловите на коските кои го сочинуваат колкот и на тој начин нивно правилно развивање. Бидејќи природата го сторила своето, наша задача е само да го следиме тоа и да им овозможиме на детските ножиња и натаму идеална положба за развој. Широкото повивање овозможува и по раѓањето да се сочува таа положба и на тој начин да се обезбеди нормален и правилен раст и развој на детските колкчиња.

 Следејќи ја природната положба на бебето во матката на мајката и со примената на широкото повивање покрај тоа што се обезбедува положбата на оддалеченост и раширеност на колковите, ножињата и понатаму остануваат свиткани во колковите и колената и се дозволува нивно спонтано испружување. Тој процес е индивидуален и оди постепено, па токму затоа не треба да се форсира испружувањето на нозете при нега на детето. Оттаму и вежбите на колкчињата треба да се прават во таква положба, односно со свиткани колкчиња и коленца.

 

И секако, кога сме веќе кај свитканата положба на новороденото, таа треба да се почитува и кога е рбетот во прашање, односно да се одбегнува положба при која рбетот ќе мора нагло да се истегнува како што е на пример, спиењето на стомак во првиот период на животот. Таквата положба предизвикува директен стрес на рбетот и на тој начин може да влијае негативно врз неговиот развиток. Затоа е препорачлива положба за спиење е на грб.

 Што се случува ако не ја следиме природата?

 Ако не ја следиме природата значи дека и се спротивставуваме. Тоа секако има одраз во растењето на бебето. На пример стариот начин на повивање на бебето со повој предизвикува целосно испружување на нозете во колковите и колената и нивно потполно приближување. Во такви услови детските колкови имаат неприродна положба за раст и развој и се создаваат услови за развивање на неразвиени колкови (дисплазија) или пак изместени колкови (луксација). Овие состојби претставуваат болести на колкот и треба да се лекуваат. Лекувањето значи долготрајна примена на определени помагала кои повторно ги одалечуваат нозете, односно ја враќаат природната положба на колковите.

 Секако, модерната медицина тежнее не само кон следење на она што природата го наложува како нормално, туку и кон рано откривање на определени недостатоци и нивно благовремено лекување. Притоа докторите кои го следат овој период на детскиот живот ја користат “четвртата димензија”, растењето, за да можат најбрзо и наједноставно да ги исправат недостатоците. Во детската ортопедија тоа се прави со редовните ортопедски прегледи при што покрај лекарскиот преглед се користи пред се ултрасонографија, како безбедна, а можна метода во раното откривање на недостатоците на детскиот скелет.

Ултрасонографскиот преглед на новороденото овозможува објективен приказ на детскиот колк и можност за рано откривање на аномалиите во развитокот на колковите. Така се создаваат услови за нивно рано лекување и успешно излекување. Со тоа се овозможува детето нормално да зачекори во животот.

 Да се вратиме пак на растењето. Растењето е континуирано и затоа треба да се следи до завршетокот. Растењето е непредвидливо и асиметрично, но претставува важна сила за промените што настапуваат во текот на детството. Да направиме таа сила да биде со нас!

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
5
Бебето треба да спие со мајката до третата...
Бројни истражувања покажале дека срцето на бебето е под многу поголем стрес ако треба да спие само
5
Ѕвезда на бебе календар за 2021 година - Ф...
Дојде моментот да блесне и втората ѕвезда на небото на Рингераја, ѕвездата на месец ФЕВРУАРИ
4
Кога во семејството имате близнаци
Уште од самиот почеток на бременоста животот со близнаците е покомплициран и бара поголем надзор.
3