|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Подигнете ја моралната свест кај децата

Редакција Рингераја, 28.12.2011
“Кога ќе пораснам сакам да бидам како татко ми” – рече момчето од ТВ рекламата. На сцената се покажаа горд татко и син, седнати под голем даб. Детето го имитираше секое движење на татко си. На крај таткото од џебот извади цигара и ја запали...

image
/11


 

Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.

 ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ

 

 

Камерата се впери во малото момче, кое држејќи мало гранче меѓу прстите, ги правеше истите движења баш како неговиот јунак, татко му.

На крај повтори “Кога ќе пораснам сакам да бидам ист како татко ми!”

Дали оваа реклама Ви говори нешто?


Нашите деца се како сунѓери кои впиваат вода. Но кој и како ги едуцира? Дали доброто или лошото влијание ќе победи во нивните глави? Ако сте родител, Вие сте водечка сила во обликувањето на мислите на Вашето дете и во развојот на неговите морални стандарди. Ако не сте, тогаш како да добиете примарно влијание во животот на Вашето дете?

Да се биде родител е сложена одговорност. Во многу семејства родителите ги држат своите работни места, обидувајќи се да останат во чекор со потребите на семејството, куќата, автомобилот и др.

Запомнете: родителите имаат витална улога во едукација на своите деца, не само со она што зборуваат, туку и со она што прават. Што е најважно во обликувањето на карактерот на детето: зборовите или делата? Малото момче во рекламата, кое го следи својот татко имитирајќи пушење е следење на неговиот пример. Добрите зборови помагаат, но делата зборуваат многу поелоквентно.

Како децата мислат? Некои истражувања покажуваат дека децата почнуваат да размислуваат од 3-годишна возраст. Влијанието од другите луѓе, вклучувајќи ги и врсниците е многу значајно до оваа возраст. Дури и бебињата ги имитираат своите родители, па затоа нивното однесување е белег од овој свет и наликува на формирање на отпечатоци врз мека глина. Нивните малечки умови доаѓаат празни на овој свет и спремни да бидат исполнети со знаење, што од родителите зависи дали тоа ќе биде добро или лошо.

 

Преточете го знаењето во пракса

Живееме во себично општество. Саможртвувањето не е во мода, самозадоволството е тренд. Нашите деца се постојано изложени на овие примери. За да се отстранат ваквите примери од животот на децата, треба да им се даде можност на вистинските вредности, во чие присуство треба да живеат децата.

Еве некои прашања кои треба да си ги поставите себеси за да видите дали на Вашето дете му ги нудите вистинските морални вредности:

 

Дали сте вклучени во животот на Вашите деца? Некои деца велат дека побрзо би се откажале од разговор со родителот, отколку да се откажат од телевизорот. Ова не оди во прилог на инволвираноста на родителите во животот на детето.

Истражувањата покажуваат дека децата кои поминуваат подолго време со родителите, имаат повисок степен на интелигенција. затоа, кога ќе дојдете од работа разговарајте со своето дете, најдете време заеднички да подготвите вечера, да му раскажете приказна пред заспивање, да му помогнете во решавање на домашните задачи, да уживате во заедничките моменти.

 

Дали се радувате на нивните успеси? Природно е за таткото да го поддржува и да се идентификува со синот, но што е со ќерката? Ќерката, исто така, мора емотивно да почувствува дека нејзиниот татко е задоволен со нејзините успеси и постигнувања во животот. Родителите можат да имаат драматично големо влијание врз обликувањето на моралните вредности кај нивните деца и да најдат време за да аплаудираат на нивните успеси.

Можат ли децата да сметаат на Вас? Дали ги чувате Вашите ветувања? Децата ги држат родителите за збор. Многу ќе им значи ако го одржите даденото ветување. Затоа, мораме да го жртвуваме своето време и да исполниме се' што сме ветиле, бидејќи тоа на крај двојно ќе ни се исплати.

 

Дали имате разбирање во конфликтни ситуации? Понекогаш децата прават работи кои се спротивни од насоките на родителите. Во таков случај родителите не треба да реагираат бурно, туку да им објаснат на децата дека таквите акции се несоодветни.

 

Дали се поддржувате едни со други? Родителите треба да воспостават куќни правила и да се држат до нив. Доколку децата или родителите се обидат да ги прекршат правилата, треба едни со други да се потсетуваат на нив. На таков начин децата ќе добијат сигурност во  животот со двајца возрасни луѓе, кои си даваат поддршка едни на други.

Трудејќи се совесно да му дадете добар пример на Вашите деца, ќе доведе до развој на морално однесување кај нив и во овој денешен свет. Можеби тест за секој родител е прашањето:”Дали ќе бидете среќни ако Вашите деца бидат како Вас кога ќе пораснат?”

 



Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Правилник за родители за учество во проектот
Во проектот Прегратка на Дар се поканети да се вклучат и Македонските семејства. Играчки веќе се изработуваат од корисни...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?