|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Подготовка за забременување

Редакција Рингераја, 13.7.2015
Обидете се да уживате во процесот на зачнување и не го сфаќајте како "работен" ангажман што треба по секоја цена да заврши со успех. Нема правила кои ќе ви помогнат да забремените додека трепнете...

image
/11


 

Нема правила кои ќе ви помогнат да забремените додека трепнете, но постојат некои работи кои ќе ја зголемат веројатноста бременоста да дојде побрзо

1. Уживајте во создавањето на бебе, наместо да ги претворате љубовните бакнежи во трка со награда "бебе". Не дозволувајте желбата да забремените да го уништи вашиот интимен живот.

2. Направете гинеколошки преглед, бидејќи ако има некаков проблем ќе го излечите навреме. Евентуалните инфекции можат да предизвикаат спонтан абортус, но ако се откријат навреме- сето тоа ќе се случи лесно и без компликации. Ако е неопходно направете генетски тест. Најчести гинеколошки болести можат да бидат:


- Полипи на матката, fibroids, цисти или бенигни тумори.
- Ендометриоза

- Воспаление на грлото на матката.
- Напорна инфекции на уринарниот тракт и други инфекции како бактериска вагиноза.
- Венерични болести.

 3. Ако земате лекови, информирајте го Вашиот лекар дека сакате да забремените. Некои лекови може да му наштетат на плодот уште во почетните стадиуми на бременоста. Единствено специјалистот кој ви ги препишал, може да каже дали да продолжите да ги пиете или да ги замените со други.

 4. Започнете да земате фолна киселина. Барем два или три месеци пред да забремените, треба да започнете со примање на фолна киселина (витамин B9) и да ја земате без прекин и во првите два месеци од бременоста. Принципиелно секогаш една бременост може да биде планирана, затоа фолната киселина може да се зема и во подолги периоди пред забременување, дури година. Широко популаризирана е нејзината улога за развој на нервниот систем на фетусот, бидејќи недоволни количества на фолна киселина го зголемуваат ризикот од спина бифида.
 
5. Подобрување на вашата исхрана - изберете здраво и благо мени. Ако страдате од прекумерна тежина, треба да симнете неколку килограми. Консултирајте се со специјалист.
 
6. По половиот акт останете во лежечка положба некое време, на тој начин сперматозоидите нема да се борат со силата на гравитација и полесно ќе дојдат до јајце клетката.

7. За време на плодните денови водете љубов почесто, по можност секој ден. Тоа се околу 4-5 дена пред овулацијата. Ако имате регуларен циклус воопшто не е тешко да се разбере кога сте во овулација, но ако немате регуларниот циклус, има тестови за овулација.
 
8. Ако вашиот партнер има проблем со бројноста на сперматозоидите, веројатно ќе ви биде препорачано да избегнувате сексуални односи 2-3 дена пред овулацијата, но ако спермограмот е нормален - нема потреба од апстиненција.

9. Бидете трпеливи и позитивни, понекогаш работите одземат малку повеќе време, иако сте целосно здрави.
 
10. Избегнувајте да користите тампони, вагинални спрејови, лубриканти и др. Овие средства создаваат непријателска средина за сперматозоидите.

11. Ако пиете повеќе од 3 кафиња на ден, намалете ја дозата. Се смета дека кофеинот ги затегнува крвните садови и на тој начин го спречува развојот на бебето. Некои лекари не се согласуваат со тоа, но од друга страна на бремените жени се препорачува да не пијат повеќе од 2-3 кафиња на ден, па ограничите го количеството на кофеин однапред.

12. Добро е да вежбате и да бидете активни, активноста ја подобрува плодноста. Но не претерувајте со физичкото оптоварување.
 
13. А што е со пушењето и алкохолот? Кога се обидувате да зачнете, однесувајте се со себе така како веќе да сте бремена. Особено треба да се внимава во втората фаза на циклусот, односно деновите помеѓу овулацијата и доаѓањето на следната менструација.

14. Не на последно место – збогувајте се со средствата за контрацепција. Некои стручњаци препорачуваат апстиненција од зачнување неколку месеци по престанок на хормоналните средства против забременување, за да помине репродуктивниот систем во барем два нормални циклуси (користете кондоми, додека чекате).
 
15. Уживајте во себе, во животот и со луѓето околу вас, а вашето бебе ќе се појави во вистинскиот момент. Купиете тест за бременост и ставете го во шкаф - кога менструацијата ќе ви задоцни, време е да се проверите што се случува!

Сите се бремени освен ЈАС!
Сите се бремени освен вас. Тие се во екстаза од среќа за претстојност мајчинство, а вие стоите на маргините, уверувајќи ...
4
5 насоки за побрзо забременување
Специјалистите за плодност ги споделија своите стручни насоки, кои ќе ви помогнат да ја зголемите плодноста и побрзо да ...
4
20 Работи кои треба жената да ги направи п...
Доаѓањето на детето со себе носи многубројни промени во животот на партнерите. Со тие промени полесно ќе се носите докол...
3
Десет совети за побрзо зачнување
Многу парови поминуваат месеци и години обидувајќи се да не забременат, се додека не сфатат дека забременувањето е многу...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Najubavo zensko ime
seli

Najubavo zensko ime

Larisa (33%)

Luana (16%)

Elina (14%)

Ajlin (37%)


Број на сите гласови: 51

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!