Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Доколку го доите бебето
Ова е идеална ситуација, како за бебето така и за мајката, бидејќи не мора да се грижи за стерилни садови и адекватни услови за подготовка на оброк за бебето. Доволно е мајката да води сметка за својата исхрана и пред се, за внесувањето на доволна количина на течности, за да може безгрижно да го поминува времето во шетање со бебето. Оброкот се подготвува сам, во стерилни услови, на идеална температура. Се чека само бебето да каже дека е гладно.
Како да го чувате млекото?
Доколку е неопдходна кратка разделба меѓу мајката и бебето, решението е да измолзите и да оставите млеко, кое некој друг ќе му го даде на бебето. Во првиот месец, додека се воспоставува лактација и додека мајката и бебето учат правилно доење, се советува бебето да се дохранува исклучиво со лажиче. Подоцна, кога тимот добро ќе се извежба, може да се користи и шишенце.
За измолзување користете рачна или електрична пумпица, која ќе ја стерилизирате пред секоја употреба, или тоа можете да го направите рачно, што е малку по комплицирано. Во секој случај, битно е млекото да се истиснува директно, во некој стерилен сад, а никако да тече по градите на мајката и да се собира во сад.
Самиот процес на измолзување не треба да трае подолго од 20 минути. Млекото може да се чува во обичен фрижидер 24 часа, или во замрзнувач 6 месеци. Не грижете се ако не измолзите голема количина на млеко, тоа е нормално, бидејќи вашиот организам произведува повеќе кога бебето цица.
За бебињата на млечна формула
Во овој случај ситуацијата е малку покомплицирана. Главна грижа е да се обезбеди доволен број на стерилни шишенца за подолго отсуство од дома. Млечната формула е фабрички спакувана, па лесно можете да ја носите со себе, а можете и да земете доза која ќе Ви иде потребна, па да ја ставите во стерилен сад. Превриената вода можете да ја користите 12 часа (ставена во термос). Ако Вашето бебе не го испие целото млеко, остатокот фрлете го.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Комбинации за успешна мала градина со билки
И најмалата градина може да биде извор на свежина и инспирација. Со пр...
Чекор по чекор до мини градина на терасата
Мини градината на тераса е совршено решение, лесна за одржување, практ...
Сигнали на вистинска ситост, кога телото вели „доста е“
Во динамичниот начин на живот, многу луѓе забораваат да слушаат на соп...
Препорачани намирници за деца за време на настинка
Кога вашето дете е настинато, правилната исхрана игра клучна улога во ...
Грозје како извор на антиоксиданси
Грозјето не е само вкусен плод кој го користиме за сок, вино или ужина...
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?