Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Сигурно се сеќавате на малиот херој Лука.
Иако престојот во Италија е со среќен епилог и малиот Лука се врати дома, макотрпниот пат низ кој чекори неговото семејство е се уште долг.
Досегашното лекување во Италија беше на товар на италијанскиот фонд, а престојот таму, патувањата, терапијата за Лука и лековите кои и понатаму му се неопходни се на товар на семејството.
Трошоците кои тие ги имаат се навистина големи, а државата не покрива ништо.
Со цел да ги обезбеди неопходните средства, Наде, мајката на Лука, започна со изработка на рачно плетени ќебиња и други производи, кои ги нуди на Инстаграм профилот
Рингераја: Веќе неколку месеци сте назад во Македонија, дома. Пред с?, како е состојбата на Лука сега?
Наде: Да дома сме веќе 7 месеци,каде што измеѓу имавме една контрола во Италија. Лука е стабилен. Го надополнува времето што го помина во лежење и болничките соби.
Рингераја: Како се чувствувате вие? Гледајќи низ призмата на сите настани наназад, тргнувајќи од денешната ситуација, низ што се поминавте, Лука како пациент и вие како семејство кое бевте принудено да го лекувате детето надвор од границите на својата држава?
Наде: Нашите чувства не можат да се доловат со зборови. Горди сме што се успеавме да направиме и издржиме за здравјето на нашето дете. Колку и оваа година да беше трнлива и болна...вредеше. Целокупната ситуација секако беше едно тешко искушение за кое беше потребно голема борба,но исто така ни донесе многу љубов,пријателства и секако две хероини кои се заслужни за оваа победа.
Рингераја: Како државата излегува во пресрет, во однос на трошоците околу лекувањето во Италија како и неопходна терапија во постоперативниот период?
Наде: Охх... Лекувањето на Лука се одвиваше приватно, односно покриено е од Италјански фонд. Немам коментар за останатото.
Од неодамна мама Надица започна со свој мал бизнис - рачно изработени плетки, кои ги нуди на ">Инстаграм профилот LUpletKA.
Со оглед на подршката што ја добиваме од голема маса на луѓе, решив да започнам нешто со што би се доближиле до целиот тој народ. Добиваме прекрасни пораки од задоволни муштерии. Една од нив ќе ја цитирам,ме воодушеви:
"Пристигна ќебенцето. Пресреќна сум што ќе го покривам моето дете со ова ќебенце кое го пипкало тоа мало херојско раче."
Да ги поддржиме херојот Лука и неговата храбра мајка!
Заследете го нивниот профил
Нарачајте, препорачајте, споделете со пријателите.
Заедно можеме многу!
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Како да го подготвите првото дете за доаѓањето на бебе?
Доаѓањето на нов член во семејството е возбудлив момент, но за првото ...
Кога отокот во бременоста е нормален, а кога е аларм?
Отекувањето на стапалата, глуждовите и дланките е чест симптом за врем...
Разлика меѓу природни и синтетички витамини
Витамините се неопходни за правилно функционирање на организмот, но ко...
Најдобри пози за зачнување, што вели науката
Кога паровите се обидуваат да добијат бебе, често се поставува прашање...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?