|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддршка на мали бизниси: Органска козметика Ignea

Марина Кљајиќ Петковски, 11.5.2022
Најголем дел од потрошувачите се жени кои сакаат да го запрат стареењето на кожата со природна козметика затоа што се грижат за своето здравје. Најголемото задоволство произлегува од фактот што ИГНЕА козметиката негува без да и штети на кожата

image
/11


Позади козметичкиот бренд ИГНЕА стојат 3 жени: Јана, Фросина и Сара сите родум од Куманово. Заедничко за сите 3 е не само љубовта кон природата, туку големата желба и дејствувањето човекот да стане среќно и здраво битие. Затоа било која од нив можете да ја видите во несекојдневни ситуации како се игра со земјата со цел нејзино обновување, како пошумува, сади разни билки и тревки навидум непотребни за никого... Јана и Фросина  освен што го имаат овој мал бизнис за органската козметика ИГНЕА, сами си  одгледуваат и еко храна. Јана Цветковска Лазаревска е фармацевт по струка и работи во фармацевтска компанија.  Како специјалист по фитотерапија веќе неколку години експериментира со билките, со етеричните масла, барајќи ги вистинските формули за здрава и квалитетна козметика. Фросина Лазаревска е археолог и голем вљубеник во природата, слободата, независноста.  Сара Александровска е големата инспирација и движечка сила на неофолк бендот АВЕЛИНА. Нејзиното мото е „Македонската жена е самостојна, силна и способна да ја следи вистината!” Токму ваквата комбинација ги спојува трите жени во една интересна авантура која има за цел да поттикне повеќе луѓе на здрав живот. Бизнис приказната започнува случајно кога една книга, за жената од Сибир- Анастасија, кај нив ќе создаде желба за враќање на животот во природата и развој на еко туризам па тие заедно купуваат половина хектар земја во Старо Нагоричане, за тука првично да започнат со процесот на обнова на земјата умртвена од пестициди. Напоредно со производство на еколошка храна за потребите на нивните семејства, тие во блиските ридови берат билки од чиста средина и ги користат за производство на козметика.

 

1

-          Билките ги береме на места каде што нема загадување, далеку од издувните гасови на автомобилите. Од нив правиме мацерати кои заедно со маслата и другите репроматеријали што ги набавуваме од признаени француски производители, се составен дел на нашата рачно изработена домашна козметика. Локалниот бренд Игнеа веќе стана препознатлив не само кај кумановчани туку и низ цела Македонија, за само една година постоење.- вели Јана.

Како што се грижат да ја спасат почвата од загадување и да создадат еколошко овошје, зеленчук и да чуваат животни според законите на Пермакултура, така е и со козметиката. 

 

2

-          Она што го мачкаме на нашето тело не завршува само во нашите клетки туку и во природата, како загадувач. Конвенционалната козметика понекогаш знае во себе да содржи и научно докажано токсични материи. Здравјето треба да ни биде приоритет и време е веќе да бидеме свесни за тоа колку се уништуваме себе си и планетата Земја. Кога нашите сапуни би биле повкусни за јадење, верувајте, подобро би било да изедеш сапун направен со природни путери отколку зеленчук кој е прскан со хемикалии преку 20 пати. – вели Фросина

Идејата за промовирање на козметичката линија Игнеа, која до пред година дена била само едно убаво хоби на Јана, се родила од потребата  за повеќе средства со кои треба да се изгради еко и етно комплекс, да се заживеат и земјата и селото, како и да се посадат што повеќе дрвја во околината и низ Македонија. На имотот во Старо Нагоричане веќе растат неколку стотини најразлични овошни дрвја и грмушки како и неколку стотици неродни дрвја.

 

3

-          Проблем е што немаме никаква помош од државата па затоа продажбата на козметиката ни беше добредојдена . Субвенции се даваат само за производство на еднородни култури а ние, заради пермакултурните принципи не садиме дрвја и растенија само од еден вид. Можеби на почетокот се демотивиравме но сепак самите се снајдовме за да дојдеме до дополнителни  средства и да ја оствариме нашата замисла за еко комплекс, каде утре секој слободно може да дојде и да си ја одмори душата - нагласува Јана.

Што се однесува до козметиката, таа е проверена во Министерството за здравство. Засега се произведува во домашна работилница, а понатаму двете жени планираат на имотот да отворат  лабораторија и со тоа да имаат и поголеми можности за истражување на пазарот и поголем пласман на производите надвор од границите.  Сега можат да се пофалат со петнаесет производи, креми, серуми, путери, пилинзи и балзами за нега на кожата на лицето и телото како и сапуни произведени по стари рецептури на пониски температури, за да не се изгуби лековитоста на растителните масла и путери и етеричните масла.

 

4

-          Се што користиме доаѓа од природата, смилјот, неемот, волчјиот трн, драгоцените екстракти од билките кои што  се веќе подзаборавени кај нас. Водиме строга сметка суровините кои ги користиме да бидат по принципот на т.н. зелена хемија и да поседуваат Ecocert сертификат. Настојуваме да ги следиме желбите на нашите клиенти и да ги прилагодиме производите според нивните потреби па затоа изработуваме и индивидуални креми за лице и тело за нега на проблематична кожа склона кон акни, дерматити и други кожни промени кои денес кај младите се главно естетски проблем. Во комбинација со нашите сапуни, имаме одлични ефекти кај нашите постојани купувачи кои бараат сапун повеќе- вели Јана.

-          Сметам дека производството на природни сапуни треба да се вброи меѓу стари занаети, да ги споиме знаењата  на нашите предци со современиот начин на производство и да направиме добар баланс за понатаму прикладно да се представиме пред странските туристи. Сега е модерно “природното“ и добро е што е така, па еден просечен европјанин посакува да отседне во куќа од природни материјали, да се избања во еко езерце, да проба традиционална храна без пестициди и за дома да си понесе нешто што е рачна изработка за нега на неговото тело. – раскажува Фросина.

 

5

Технолошкиот развој а особено пандемијата наметна нов начин на продажба, па и производите на Игнеа се продаваат на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, а испораката се врши низ целата држава но, како што велат Јана и Фросина, имаат свои верни потрошувачи и во неколку европски земји, главно наши иселеници.

-          Најголем дел од потрошувачите се жени кои сакаат да го запрат стареењето на кожата со природна козметика затоа што се грижат за своето здравје. Тие жени знаат дека со користење на Игнеа често немаат видливи инстант ефекти што понекогаш е случа кај конвенционалната козметика, но затоа со редовна употреба на природната козметика кожата изгледа негувано и пред се здраво, што не би можело баш секогаш да се каже за конвенционалната козметика. Имаме фидбек на социјалните мрежи од наши задоволни клиенти кои велат дека производите  делуваат долгорочно, потхрануваат  и одлично ја хидрираат кожата. Најголемото задоволство произлегува од фактот што ИГНЕА козметиката негува без да и штети на кожата и не го полни телото со штетна хемија како што се парабени, триклосани, нафтени деривати, триетанол амини, сулфати, вештачки мириси и конзерванси.- истакнува Јана.

 

6

-          Можеби единствен проблем ни е да ги навикнеме луѓето на мирисот на билките затоа што се многу отуѓени од природата и сакаат силни вештачки мириси, кои зависно од составот знаат да бидат и штетни за организмот. Исто така, мал број на луѓе кај нас се свесни за благодетите што ги носи органската козметика па треба да поработиме и малку повеќе во насока на развивање на свеста за здрава храна, здрава нега и здрав дух пред се.

 

7

 

Посетете го нивниот профил на Инстаграм и заследете ги.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Новогодишни декорации
Имајте прекрасно декорирани нокти на кои сите ќе се восхитуваат
4
Секс за време на бременоста: Што е во ред,...
Дали бременоста ви го зголеми интересот за секс? Или, сексот е последното нешто што ви паѓа на памет? Во секој случај, е...
4
Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?