|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Плишано мече – таа прекрасна играчка!

Редакција Рингераја, 9.10.2012
Тој е омилена играчка на генерации деца, играчка од која не се одвојуваат, синоним за сигурност и стабилност. Дали Ви се чини дека колку е повалкано и поискинато, детето повеќе го сака? Еве и зошто...

/11


 

 

Што претставува мечето?

Во првите месеци од животот бебето верува дека е единка со својата мајка. Некаде околу 8-от месец почнува да сфаќа дека мајката е друга личност и дека помеѓу бебето и мајката постои дистанца. Тогаш плишаното мече претставува “транзиционен предмет” во конструирањето на личноста на бебето.  Овој концепт го развил педијатарот и психоаналитичар Доналд Виникот. Според неговото мислење, преодниот објект не е неопходен, но некои деца често го избираат како замена за мајката. Дури и ако мечето на Вашето дете е грдо и безоблично, за него тоа е предмет од доверба кој ја креира врската меѓу просторот (куќа, градинка...) и личностите (родители, браќа, сестри, дадилка...) кои го опкружуваат.

 

Како детето го бира мечето?

Дали креветот на Вашето дете е пренатрупан со десетина нови плишани играчки, а детето со себе ја носи најстарата? Немојте да се чудите, Вашето дете не му придава важност на изгледот на мечето, она што нему му е важно се чувствата: преку овој предмет детето повторно го наоѓа мирисот и сигурноста кои го потсетуваат на Вашиот мирис и на Вашата кожа. Транзициониот предмет не мора да биде мече, може да биде и крпа, ќебенце или некоја друга играчка. Немојте да се обидувате да влијаете на неговиот избор, Вашето дете само ќе го одбере својот омилен предмет кој ќе му дава чувство на сигурност.

 

Изгубено или заборавено мече? Како да се избегне драмата?

Дали Ви се случило да се обидувате да го заспиете Вашето дете, а омиленото мече исчезнало или сте го заборавиле во паркот или кај пријателката? Настанува драма!

Што да правите?

Во зависност од тоа во кои години е детето, обидете се да го смирите и објаснете му што се случува. Ако има 5-6 години предложете му да се обиде да спие без мечето само таа ноќ. Разговарајте со него како со возрасна личност и останете смирени : детето мора да почувствува дека го сфаќате и го поддржувате. Ако одвојувањето од мечето е многу болно предложете му некој друг предмет во замена (дури и марамата, или маицата која мириса на Вас)

 

На која возраст детето треба да се одвои од мечето?

Додека некои сметаат дека на децата треба да им се одземе мечето по втората година, во пракса мечето останува неопходно до шестата година. На оваа возраст детето само почнува да се одвојува од својот омилен предмет, кој секогаш служи за утеха кога е потребно, но повеќе ја нема функцијата која ја имаше во раното детство. Во овој период мечето останува во спалната соба и детето не го носи секаде со себе. Значи, детето сеуште е поврзано со мечето, но успева поголем дел од денот да се одвои.

Она за што треба да водите сметка е детето само да одлучи кога ќе се одвои од омилената играчка. Секако, можете да го охрабрувате да го преземе тој чекор, но никако не смеете да го исфрлите мечето.

Покрај тоа што се скоро неизбежен дел од детството на секое дете, овие најубави и најдраги плишани суштества се и инспирација на цртани филмови, ТВ емисии, книги итн.

Ако некогаш посакате да ја видите најголемата колекција на плишани мечиња на едно место и да дознаете се' за нив, посетете го Јеју музејот во Јужна Кореја. На нивниот сајт прочитавме дека името на мечето на англиски “Teddy” доаѓа од прекарот на Теодор Рузвелт.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога е време за логопед?
“Моето дете не зборува” “Сеуште не изговара Р, а има 3 години” “Почна да пелтечи” “Моето дете погрешно чита” Помош?
8
Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
7
Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
4
Не разговарајте со мене додека детето има ...
Не ме осудувајте. Не ме гледајте попреку. Не си замислувајте дека со еден шепот можете лесно да го решите проблемот. На ...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?