|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Платив 720 фунти за своето бебе...

Редакција Рингераја, 25.5.2012
Иако го носела своето бебе девет месеци, како и сите трудници, нема генетска поврзаност со ќерка и. Нејзината ќерка е родена со помош на оплодена јајце клетка од една студентка од Шпанија

image
/11


 

 

За Габриела (3) родителите велат дека е тврдоглава, има добар слух и бистра и паметна глава. Нејзината мајка вели дека во многу нешта потсетува на татко и Ендру, но жали што во неа не препознава ниту дел од себе.

Викторија Мекдоналд родила дете во 47. година од животот, така што на анонимна девојка од Шпанија и платила 720 фунти за донација на јајце клетки.

“Чекорот кој го презеде студентката значеше исполнување на мојата долго посакувана желба да станам мајка. Исто така значеше остварување на желбата на Ендру да стане татко на 52. години и на неговите родители, кои веќе се откажаја од надежта дека ќе добијат внуче. Тоа што ја видоа својата внука, на крајот од нивните животи, им даде радост каква што не можите да замислите.

Се разбира, сфаќам дека начинот на кој станавме родители е исполнет со контроверзии и дека за критичарите покрева многу комплексни морални и емоционални прашања. Само минатата недела беше откриено дека илјадници студенти од Кембриџ биле цел на понуда да дадат јајце клетка за 750 фунти.

Клиниката во која е зачната нашата ќерка беше наша последна надеж во долгата борба да станеме комплетно семејство. Експертите за оплодување беа ангели кои ни помогнаа да го одживееме нашиот неостварен сон.

За таа цел беа разделени летоци меѓу студентите, во кои е упатена емотивна молба во име на двојка која нема деца и која е во потрага по девојка која ќе стане донатор на јајце клетки. Критичарите за овој потег велат дека е неетички, бидејќи девојките не се целосно свесни за ризиците во врска со донирањето на своите јајце клетки. Стравувањата беа насочени и кон можноста за зголемување на брокерите на јајце клетки кои се обидуваат да создадат супер бебиња од елитните студенти.

Ние знаеме многу малку за девојката која донираше јајце клетки за мене, бидејќи за разлика од Велика Британија, донаторите од Шпанија остануваат анонимни. Според информациите што ги добивме девојката имаше 19 години, беше висока 170 cm., исто колку и јас, имаше иста боја на косата како мојата и зелени очи.

Често се прашував: дали ја донираше јајце клетката  затоа што сака да помогне, или заради тоа што и беа потребни пари? Не знам, иако мислам дека 720 фунти се примамлива сума за шпански студент. Денес се зборува за потребата од донирање на јајце клетки за двојките кои не можат да имаат деца. Јас на тоа гледам како на крајно алтруистичка постапка. Во идеалниот свет, тоа треба да биде секојдневие. Од било кои причини да го направила тоа, јас сим длабоко благодарна за нејзината донација.

 

донација

 

Се разбира, јас никогаш не мислев да забременам на ваков начин, отсекогаш сметав дека ќе имам свои деца. Бидејќи имав 39. години кога го запознав Ендру, а тој имаше 44,  како што се испостави, веќе беше предоцна. Четири пати бевме на вештачко оплодување, кое беше четири пати безуспешно. Дури и сега, со апсолутна јасност се сеќавам на ужасното разочарување при гледањето на само една сина линија на тестот за бременост. Кога го правевме четвртиот циклус на ИВФ Ендру ме молеше да не одам...Тој не можеше да поднесе да ме гледа во толкава болка. И него му беше мачно, но вешто го криеше тоа за да може да се грижи за мене. Држејќи ме за рака ми даваше надеж во нешто за што знаеше дека никогаш нема да се случи. Разговаравме и за посвојување, но Ендру сакаше да има генетски свое дете.

Бидејќи и јас бев искрена пред себеси, најмногу од се во животот сакав да бидам бремена, да се породам, да го доживеам оној момент кога новороденчето за прв пат ќе го земам во своите раце, да го чувам и негувам и да му овозможам безбеден и среќен живот колку што можам. Мојот консултант во болницата ми предложи да побарам донатор на јајце клетка, но јас и Ендру веќе бевме финансиски исцрпени. Ако чекавме на донатор од Велика Британија, можеа да поминат и повеќе од две години. На крај, татко ми ни даде пари без размислување и отидовме во Барселона на лекување. Бевме на клиниката три месеци додека не се најде соодветен донатор. Почнав да земам  пилули за контацепција, за да се изедначат нашите периоди и за да го подготвам своето тело за бременост.

За жал, првиот обид беше неуспешен. Се чувствував ужасно заради донаторот, која мораше да ги трпи сите болки за време на пункцијата. Му реков на Ендру дека се откажувам. Не можев да издржам повеќе. Решивме да се вратиме назад.

Купивме стан во северен Лондон, блиску до сестра ми, каде можев да се грижам за нејзините деца. Сепак, длабоко во себе чувствував очај што немам сопствено дете.

Се уште имавме складирани четири ембриони, замрзнати во првиот циклус од 2007. година. Во октомври 2008. година со Ендру се вративме во Барселона, каде ми беа имплантирани два ембриони. Продолжив да се молам и да се надевам во тие две недели на очекување. Гледав очајно во тестот на бременост и бев сигурна дека не успеав повторно, дека ја нема втората сина линија.

Но овој пат имаше јасна како ден сина линија – БЕВ БРЕМЕНА! Уште во пет часот утрото веста му ја соопштив на Ендру.

На првиот ултразвучен преглед плачев толку многу  што докторот помисли дека нешто не е во ред со мене. Таа беше таму, нејзиното срце чукаше, а нејзините мали рачиња пополека се движеа. За време на бременоста направивме многу фотографии за да му покажеме на нашето бебе дека јас сум нејзината мајка, дека јас ја носев и јас ја родив. Ендру велеше дека чукањето на нејзиното срце е всушност чукање на моето срце. Таа растеше во мене, одгледувана и сакана од првиот момент на нејзиниот живот.

Гордост на нашето семејство е фотографијата на Габриела Грејс која лежи на мене само неколку часа по нејзиното раѓање, со сончевото утро во јули 2009. година во болницата Queen Charlotte во западен Лондон. Нашето совршено бебе.

 

габриела

 

Од тој момент, се до сега она што ни беше најважно е како да ја направиме најсреќна и бидете сигурни дека таа знае колку е сакана.

Габриела сега има скоро три години, ужива да се качува по дрвја и да игра фудбал со нејзините братучедки. Се разбира, Ендру и јас разговаравме за начинот на кој ќе и кажеме на Габриела како е дојдена на свет. Кога ќе дојде вистинското време ние ќе речеме – На мама и беше потребна помош за да дојдеш на свет па затоа отидовме на клиника од каде добивме едно јајце од кое те создадовме тебе.

 

бебе

 

Факт е дека жената ни помогна, да не беше таа немаше да ја имаме Габриела и ние сме многу благодарни...но ние сме нејзини родители.

Пред некој ден Габриела ме праша – Мамо, ќе може ли јас да имам брат? Иако очекував да ми биде поставено ова прашање, сепак почувствував болка во стомакот, од жал за мене и жал за неа. Си реков – ова е шансата да започнам да и ја раскажувам приказната на својата ќерка. – Жал ми е мила, реков – Мама не може повеќе да има бебиња. Јас можев да имам само едно бебе, а тоа беше ти, па дури и тогаш ми требаше помош од друга дама.

За среќа Габриела не побара повеќе одговори. Се уште е мала. Но тоа потресно прашање ме потсети дека еден ден повторно ќе го водиме овој разговор, но со многу повеќе детали.

Имаме уште два ембриони оставени по две процедури во Барселона, со кои можеме да се обидеме да и подариме брат или сестра на Габриела, но не сакаме да ја притискаме и лутиме среќата која ја имавме. Наместо тоа, ќе гледаме во нашето сонце Габриела, нашето умно мало девојче, свесни дека  сме најсреќните родители на светот, само заради тоа што една млада девојка од Шпанија, независно од кои причини, реше да ни подари неколку свои јајце клетки.“

Следење на овулација – исцедок од вагина (...
Како да го пратите природниот циклус на жената и да ги одредите плодните денови со помош на исцедок од вагината?
5
Чудото наречено живот!
Видео кое покажува како се формира и расте плодот во мајчината утроба. Чудесно!
5
Десет совети за побрзо зачнување
Многу парови поминуваат месеци и години обидувајќи се да не забременат, се додека не сфатат дека забременувањето е многу...
4
Добриот појадок помага при забременување
Нова студија на истражувачите од Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим и Универзитетот во Тел Авив, покажува дека добриот ...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар: