Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Кога Кели Грејвс доби ненадејни породилни болки дома, единствената личност која и беше при рака беше нејзиниот пет годишен син Joby. Младото момче покажа повеќе храброст од обична акушерка бидејќи го спаси животот на својот брат. Откако и овозможи комфор на мајка си при породувањето, повика помош и донесе чисти крпи, скокна во акција кога неговиот брат не дишеше, бидејќи му се заплеткала папочната врвца околу вратот.
Г-ѓа Грејвс изјави дека е малку нејзиниот син да се нарече супер херој.
“Joby навистина го спаси животот на Harley. Ако не беше тука за да ја отплетка папочната врвца, јас не ќе можев да реагирам толку брзо и ќе ги изгубевме драгоцените секунди. Harley почна да се гуши, а Joby знаеше што да прави. Толку сум горда на него, бидејќи точно знаеше што да прави.”
“Доаѓаше со мене секогаш кога купував облека за бебето. Ми беше мал помошник околу куќата. Секогаш кога ќе се вознемирев ми велеше – Смири се мама, мисли на бебето”.
По нормалната бременост Кели за прв пат почувствувала контракции во четврток на 8. мај. По враќањето на нејзиниот очув дома, таа почнала да чувствува контракции на секои 10 минути. По повикот во болницата им кажале дека имаат време и да не се грижат.
“Joby се тушираше па влегов и јас по него. Мојот очув си стави пижами и легна. На слегувањето по скали почувствував дека ми пукна водењакот. Очувот замина да ја повика мајка ми која живее само неколку куќи подолу.“
Чувствувајќи потреба да оди во WC , Кели видела крв на гаќите и почнала да паничи. Во тој момент дотрчало момчето за да го земе нејзиниот телефон и да и се јави на баба си.
“Додека се случуваше сета таа драма Joby ми донесе чисти крпи и ми стави под главата, а остави крпи во кои го дочека бебето. Ја слушав мајка ми по телефон како вели: Доаѓаме брзо, не плашете се, знаеме дека треба да ја носиме мама во болница, а Joby и одговори – Не, бебето е тука, бебето е тука. ”
За жал Харли не дишеше па Кели, ја вовлече со својата уста течноста од неговиот нос. Бебето почна да дише, но почна и да се дави од папочната врвца која му беше околу вратот.
“Јас реков – О не Joby, врвцата. Од местото на кое седев во бањата немаше да бидам во можност да реагирам толку брзо со само една слободна рака.”
“Јoby ja отплетка папочната врвца од вратот на бебето и му го спаси животот. Во тој момент пристигнаа мајка ми, очувот и брзата помош. Тогаш Joby гордо го зеде својот брат во раце и го предаде на лицата од брзата помош. Mislam deka Joby има предиспозиции да биде лекар, но кога го прашав тој рече дека сака да биде полицаец.”
БРАВО за ова храбро момче!
забава Бремените
Автор: bobik
Прва помош при полесни повреди на игралиште
Модринки, отоци, мали гребнатинки, мали исекотини......
Кога секојдневието мириса на љубов
Денес ќе зборуваме за едно чувство што сите го разбираме, но тешко го ...
Како начинот на раѓање влијае на имунитетот на бебето?
Современата медицина направи огромен напредок со царскиот рез кој дене...
Мирни утрa, среќни денови - навикнување на градинка
Поаѓањето во градинка е еден од најголемите чекори во животот на детет...
Породувањето е веќе минато и време е да се прилагодите на новиот живот...