|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Исповед на една жена, која со години се обидува да стане мајка...

image
/11


 

Втор дел

Дарко вика на мене, дека таму само за пари станува збор, дека треба да сме смирени и да оставиме да помине време...колку време ма Дарко 4 години ни поминаа... Ох господи ние никогаш не сме биле бесни толку еден на друг, толку скриена лутина, и одделени ставови. Но мене не ми дава мира ако седам и чекам, поминатите години како црвец ми ја гризат душата и срцето. Го немам тоа што најмногу го сакам, што цел живот се спремав да го имам, она за кое едвај чекав да завршам факултет, да добијам добар назив и да добијам добра работа. И денес е се спремно и не можам повеќе да чекам.

Приватната клиника е полна со млади луѓе, можеби се оние со кои секојдневно си разменуваме искуства и болки на форумите... Но тука не разговараме, само гледаме во своите мапи со документи и чекаме на ред, чекаме да сме чекор поблиску до остварувањето. Колку е  тежок овој пат си помислувам, не знаеш колкав е, не знаеш што се те чека, а боли, боли бидејќи не ти го дава тоа што најмногу го сакаш. Се потсетувам како оваа борба, овој проект дете, го размрда нашиот брак од една страна, а од друга тука сме заедно еден до друг, со надеж дека еден ден се ке заврши и ќе речиме дека вредно било ова  чекање, додека го гледаме бебушко како лежи меѓу нас. А можеше слободно, некој од нас да крене раце од се и да замине, да бара друг партнер со кого се би било полесно, да создаде фамилија, да се радува на деца, отколку вака со години да се бори со сeта горчина, борба без гаранција дека ќе биде победата на наша страна. Но тука сме, еден до друг и чекаме. Го гледам Дарко и тој ме погледнува, молчиме и се гледаме, многу работи си кажавме без зборови, ми кимна со главата во знак да не се разочарувам се ќе биде во ред.

Стигнуваме на ред, докторот ја гледа документацијата и бидејќи нема видлива пречка, предлага уште еднаш проверка на хормони, овој пат на 17ти ден. Среќа па 17ти ден ми доаѓа за 4 дена, нема многу да чекаме овој пат. На договорениот термин одам во приватната клиника, се решавам таму да го правам тестирањето, бидејќи сум уморена од толерирање на непрофесионалноста на државната болница - овој пат секој нивни грешен збор, груб поглед и бркање на доктор за резултатите премногу боли - ќе платам ама барем за тоа нема да се нервирам. Сега се што ми е потребно е да осетам дека сум во сигурни раце, дека мојот проблем го оставам  да го решат професионалци, да добијам барем малку верба. На 17ти ден одам на болница, веќе ме очекуваат, не треба да објаснувам што како, сестрата знае која сум, и зошто треба да ми земе крв - изгледа прочитала во дневниот распоред. Како и да е, мене таа интима ми одговара, нека знае само да не ме прашува, не сакам да објаснувам, сакам само побрзо да се заврши. Резултатите се добри, сестрата веднаш ме упатува кај докторот. Кратко чекам пред ординација. Докторот  предлага лапарохистероскопија - можеби внатрешниот поглед на матка и јајници ке покаже нешто што досегашните резултати не покажаа. Без да размислам го замолувам да биде најбрзо. Следниот месец одам во клиника на закажаниот преглед.  Тоа е најужасниот преглед до сега – гола како од мајка родена, седувам на нешто слично како бокс, со нозе раширени до болка, собата е полна со медициснки сестри и доктори, секој спрема нешто околу мене, ми лепат на телото жици, ме спремаат за анастезија, една од медицинските сестри доаѓа да ме среди,  ги гледа созите во моите очи, и срамот кој ме облева, вели се ќе биде во ред, тука си за да ти биде подобро, ние ќе се грижиме за тебе, ти само малку ќе поспиеш. Браво сестро и велам, ме смири малку. Како од мајка утешена легнувам и дишам длабоко за да потонам под анестезија, а им го оставам моето тело, како парче месо оставено на маса, да го истражуваат и да бараат причина за неплодноста.  Ме будат гласови, ме прашуваат дали ги слушам, а мене од што ми е лошо не можам да им одговорам, повраќам, ми студи.... Се освестувам и прашувам како поминав. Викаат се е ок, ќе ти објасни докторот. Докторот иди после 3 часа, ми обајснува дека имаше мали пречки но ништо посебно, советува да се прават инсеминации, тоа ви треба само да стигнете до ваучер за бесплатно Инвитро. Значи се било беспотребно - мојата болка станува неподнослива. Тој ден не можам да станам, ме боли стомакот на кој имам 3 дупки од операцијата - гледам и плачам - и зошто го направив сето тоа, за да ми кажат пак дека се е во ред.

Дарко доаѓа на болница, се грижи околу мене, жал му е да ме гледа, но сепак убеден во своето дека беше во право и дека без врска сме фрлиле повтпорно пари и без врска сум се изложувала на ваков стрес. Знам дека е во право, но не знам што би направила поинаку...

Пред да започнеме со инсеминациите и новото поглавје од овој пат, со Дарко се договараме да заминеме на патување, некаде на топло, со добра храна и ноќен живот – тоа е тоа што ни треба, малку да заборавиме на се, и да уживаме еден до друг. Не ни менува многу ако оставиме на страна се за некој месец. И успеавме во тоа, организиравме преубаво летување, уживавме во морето, преубавите плажи, истражувавме нови места, уживавме во добрите ноќни забави, темата дете не ја допиравме, заборавивме на плодни денови, заборавивме на здрава храна..едноставно се однесувавме како тинејџери на прв заеднички одмор. Е тоа сме ние двајцата, секогаш покрај се што носи животот постои една тајна патека меѓу нас двајцата, кога и да зачекориме по неа, ние сме само две заљубени души.

Прва инсеминација, седиме рано наутро со Дарко во чекална, потпишуваме документи дадени од страна на клиниката. Дарко оди за да даде материјал, јас чекам и му се смешкам. Знам дека моментално умира од срам со таа чашичка во раце. Се враќа ја остава чашичката и си одиме, јас дома да одморам и да се вратам во клиниката после 2 часа од кога ќе го преработат материјалот, а Дарко заминува на работа. Денес не одам јас на работа, си зедов ден за себе и семето во мене. Инсеминацијата е како обичен преглед, седам на боксот, и со долга игла го вбризгуваат семето во мене. Лежам 15 минути и си одам дома. Иако докторот вели да не се надевам, јас се надевам и ја замислувам средбата на јајце клетката и Дарковото семе, го галам мешето и се радувам.  

Следниот ден на работа како ништо да не се случило, на блиските не кажуваме. Продолжуваме најнормално. После 14 дена разочарување...  Следната инсеминација ќе ја правам на клиника се решавам, барем ќе заштедам пари. На клиника доаѓаме во договорен термин, прашувам кој доктор ќе ја изведува инсеминацијата, сестрата остро  ме погледнува и ми одговара тој што ќе е слободен. Се надевам дека ќе биде д-р Трајковска, за неа сум читала добри работи низ форумот. На наша несреќа инсеминацијата ја изведува млад специјализант кој не е баш вешт во тоа што го работи. Осеќам болка и го прашувам што прави, ова е обична процедура и не би требало да боли. Ми одговара дека се е во ред, малку заглавил во каналот. Се плашам да не направи некоја штета, но набрзо завршува. До мене во клиниката лежи едно девојче - ова е нејзина 4та инсеминација  -ги правам ради реда ме информира, уште оваа и нема повеќе да губам време, следен чекор Инвитро ми вели весело. Инсеминациите сите ги сметаат како губење на време, по правило се прават секој 2-3 месец и ретки се среќните на кои им се успешни. Јас се надевам дека и јас ќе бидам успешна, дека конечно ќе напишам мое искуство на форумот под тема Имав успешна инсеминација. Но после 14 дена добивам знак дека нема да пишувам на форумот... Така е и со следната и со следната...  Секој пат боли се повеќе. Без разлика дали се убедувам дека само процес е до ваучер, или се затрупувам со работа да немам време ниту ноктите да си ги излакирам, боли. И на моменти, неочекувано, ќе протечат солзите.. бидејќи таа болка тука е, ти ја гори душата, без разлика дали и обрнуваш внимание или не. Џабе ти е насмевката на лицето, џабе ти се раце полни работа, боли и ти ја корни душата. Ти си крива, бидејќи никој друг не е крив, ти си крива. Можеби не сакаш доволно, можеби си под стрес, можеби немаш спокојство,, можеби не ти е судено да си мајка..како и да е ти си крива, ти не можеш. Ех да живеев 50 години порано, да бев јас мојата баба, ќе ме оставеше и мажот, ќе ме прогласеа за неплодна, веста ќе се проширеше и во соседните села и никој немаше да сака да ме земе за жена. Да живеев па 100 години уназад можеби и ќе ме каменуваа, бидејќи единствената обврска на жената не ја исполнувам. Среќа моја па сум во денешно време, среќа моја па го имам Дарко, тој е тука до мене, тој не ме отфрла, тој ме сака.

А луѓето те гледат, зборуваат кој зад грб, а има и оние похрабри, или поискрени кои и ќе ти советуваат нешто подруго од медицина. Сите се паметни, сите знаат повеќе од тебе. Полни се со предпоставки и осудувања зошто не ти успева. Се чудам на нивната храброст, како лесно можат да ги кажат тие зборови, а не знаат што поминуваме, што било вчера,  како без да се запрашаат или без да претпостават имаат храброст да ми кажуваат нивно тврдење или некоја приказна за некои двајца која ја слушнале пред малку или на телевизија. Се било до главата, велат, купи си куче ќе се олабавиш и ќе биде, слушнале таков пример, или па посвои прво дете, тоа ќе ти донеси среќа... Во цела ова борба, сите овие години кои ме поведоа низ овој трнлив пат, стоев исправена со насмевка на лицето за никој да не открие низ што поминувам. Бидејќи  луѓето зборуваат, за мене се зборуваше дека не сум смирена, дека нон стоп работам и патувам, дека така дете не се прави (тие не знаеја за мојот пат, не знаеја дека јас сите службени патување ги местев според моите овулации), секоја средба  ме гледаа во стомакот, ајде кога ќе има ново, ајде што чекате, лета времето, кај вас двата што има ново... Со тек на време беше само, ајде и вие да се радувате, а потоа веќе им беше незгодно и да коментираат, само жални погледи упатуваа.  Таквите како мене ги има денес за жал многу. Некој  јавно ја признаваат борбата со која што се соочуваат, некои ја кријат. Јас можам да ги препознаам и едните и другите. Јас решив времето додека чекам да го посветам на мене, да имам што повеќе да дадам на тоа мало бебе кога ќе дојде на овој свет, да имам да дадам и материјално но и духовно. Мене или таквите како мене ќе не сретнете секогаш дотерани, насмеани, секогаш со нови искуства, патувања, некои не викаат кариеристки. Ние ретко зборуваме за готвење и чистење, иако нашиот дом е секогаш среден и сме добри во кујна, ние често зборуваме за идеи и предизвици, за патувања и интереси, за здрав живот и спортување. Ние ја криеме нашата болка во нас и се бориме максимално. И ќе речат, лесно и е неа..не ми е лесно, тон  тежина ми носи срцето, лутина и бес ми ја пара душата,  кога ќе видам мало дете, бремена жена  грутка ми стои во грлото, се борам солзите да не ме издаат и едвај чекам да стигнам дома. Бидејќи и тие се веќе истренирани, не се пуштаат во јавност, само дома, меѓу 4 ѕида, по можност и Дарко да не е дома, да не му прават додатна тежина. Потоа ќе ја врзам косата во висок реп, ќе ги облечам патиките, тесните најк хеланки и маичка, и ќе поминам покрај тебе со споро трчање, тоа е мојот дневен ритуал, да ги исфрлам од глава сите мисли кои ми тежат, а да го зацврстам моето тело. Да сум јака и спремна за следниот чекор во оваа борба..

Фолната киселина штити од аутизам?
Жените кои пред бременоста, или за време на првото тромесечје од бременоста пијат фолна киселина, значително го намалув...
6
Причини за лажно позитивен тест за бременост
Тестовите за бременост не даваат 100 % сигурност, иако се блиску до оваа апсолутна вредност. Постојат случаи каде што те...
4
Патот до дете...
Исповед на една жена, која со години се обидува да стане мајка...
3
Фото: Вака изгледа борбата за бебе!
Не постои нешто што жените не би направиле за да си го исполнат сонот да станат мајки. Секојдневно, голем број од нив по...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

ortopedsko pajace
boki260bf

baram pojas (pajace so svirce)za ispravanje na kicma za deca, gi imalo koga ke se navedne deteto toa svirnuvalo i go predupreduvalo deteto da se ispravi. Koj znae kade moze da se najde i kupi Blagodaram na sorabotkava

pajace (80%)

pojas (20%)


Број на сите гласови: 10

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!