Boki77 во 10:13
на тема RE: ПХД Биопирамида
Битолчанката Феријан е една од тие кои периодов создадоа успешен бизнис.
Handmade with love е нејзината фб страна а на инстаграм ќе ја пронајдете нејзината онлајн продавница под името @handmade_bt.
Рингераја: Мајка си на три деца, администратор на две популарни фејсбук групи, како и сопственик на бизнис.
Како започна оваа приказна?
Феријан: Точно, мајка сум на три деца и администратор на две групи. Ама кога се сака се се може и тоа е моето мото. Околу 2 години се занимавав со декупаж, но пријателка која исто изработува изработки со полимерна глина ме поттикна и јас да почнам. И благодарна и сум многу што и ден денес е тука ако треба да помогне. Иако мислев дека нема да успеам ми изгледаше невозможно. Сепак успеав, ете една година како се занимавам со рачни изработки од глина и тука се пронајдов.
Рингераја: Какви производи нудиш?
Феријан: Се што може да се изработи, од детски сетови - персонализирани чинии и прибор за јадење, декорирани шолји, брошеви, букмаркери, превезоци, накит и др работи по желба на муштериите.
Рингераја: Колку потрошувачите се заинтересирани за твоите производи и каков е твојот став за нашиот народ, дали ја ценат рачната изработка?
Феријан: Да не се лажеме, кај нас во Мк сите знаат дека рачната изработка не се цени доволно. Жално е што е така, но тоа е факт. Она што клиентот го добива како краен производ содржи многу повеќе отколку употребната вредност на истиот, во него изработувачот вложил многу труд, време, работа и пред с? дел од себе. Но има посебни личности кои знаат да ја ценат изработката.
Рингераја: На кој начин се стигнува до купувачите?
Феријан: Денешните можности да водиш бизнис и да допреш до голем број потенцијални купувачи се големи, благодарение на социјалните мрежи, фејсбук и инстаграм. Поддршката од задоволните купувачи на таа платформа значи многу. Често во соработка со други мали бизниси организираме заеднички дарувања во знак на благодарност за поддршката на следачите, отворени сме за соработка со инфлуенсери, можностите се големи а меѓусебната поддршка е најзначајна.
Рингераја: Предизвици со кои се соочуваш од аспект на мајчинството во време на пандемија и водење бизнис од дома?
Феријан: Како што кажав, мајка сум на три деца и мајчинството ме исполнува, но како и секоја жена, слободното време го посветува на ова хоби кое ме исполнува и прави среќна и ете, прерасна и во еден мал бизнис, што особено ме радува и ми значи, ми претставува признание за мојот труд.
Водењето на фејсбук групите ми причинува задоволство, затоа што таму сум во друштво на драги домаќинки кои ја делат страста кон готвењето. Се родија многу пријателства, запознав прекрасни личности, а особено ми е драго што преку тие групи придонесувам за поддршка на развојот на многу локални мали бизниси. На неделно ниво организирам наградна игра, секој понеделник дамата која е најактивна добива симболична награда од некој бизнис кој е спонзор за таа недела, а воедно истиот се рекламира и добива поддршка од групата.
Рингераја: Колку имаш поддршка од семејството и најблиските роднини и пријатели?
Феријан: Еден ваков бизнис пред се е семеен бизнис. Да ја немав нивната поддршка, немаше да го правам ова што го правам, тоа е факт. Пресреќна сум што имам голема поддршка од семејството, разбирање и помош од децата, особено сопругот кој ми помага во делот со прием и испорака преку карго. Пријателите и роднините ми се меѓу првите потрошувачи и истите ме препорачуваат на свои познаници. Успехот на ова поле не може да се препише на една личност, како впрочем и во секој, нели, семејството е тоа што или ни дава крилја или ни ги крати истите.
Рингераја: Живееме во време на пандемија од која сите сме затекнати и нашите животи добија друг размер. Како оваа состојба се одрази врз тебе?
Феријан: Пандемијата на сите ни го смени начинот на живот. Ни дојде како гром од ведро небо. Ни ги комплицира нештата, ги нема дружбите помеѓу децата. Онлајн часовите се нешто ново кај сите нас .
Ништо не е како што беше, но како и сите, и ние влеговме во колосек со новото нормално и живееме како што носи животот. Една од светлите точки во сето ова невреме е тоа што имам можност да ја работам работата која ја сакам и да работам кога имам желба, тоа ме опушта.
Рингераја: Што би им препорачала на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?
Феријан: Би им препорачала да се осмелат да го направат првиот чекор, да ризикуваат, да си ја пробаат среќата.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
7 совети за подобро да спиете додека сте бремени
Спиењето не е лесно кога имате трудничко стомаче. Еве 7 совети што мож...
Колку сон им треба на бебињата? Табела за родители
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој...
Нормално, разбираме „рамни стапала“ како намалување на висината на над...
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Прерано за бебе?
пеперутка16
Дали е рано да се има желба за дете и за брак на 18 години?