|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Одржување на жива елка во домот

Редакција Рингераја, 25.12.2010
Се повеќе луѓе купуваат жива елка за Новогодишните и Божиќните празници. Нејзината цена е висока, но целта идеална - нема да уништуваат дрва или да користат вештачки елки кои стотици години ќе се разградуваат во природата

image
/11


 

Разочарувањето е големо кога дрвото не може да преживее повеќе од 2-3 месеци. Прашањето е, зошто?

 

Купување на живо дрвце

Живите елки, кои се продаваат пред Нова Година, растеле во земја и малку пред да бидат пуштени во продажба се насадени во саксии. Коренскиот систем на дрвцата е поширок и затоа обично се сече за да го собере во тесната саксија. Затоа не купувајте големи елки во мали саксии - тие најверојатно нема да ја преживеат зимата. Покрај тоа имајте на ум дека, колку помало е дрвото, толку полесно ќе се адаптира на промената.

Пред да ја купите, малку подигнете ја елката од садот, за да и ги видите корените. Тие треба да изгледаат свежи, а почвата треба да биде влажна. Ако елката е голема, а саксијата мала, веднаш пресадете ја во поголема саксија.

 

Неправилна грижа за елката

Многу често, за време на купувањето дрвцето изгледа витално и свежо, а крајниот исход е повторно негативен. Зошто?

Во зима елката се наоѓа во состојба на мирување а долгиот престој во затоплена просторија ја "буди". Тоа ја прави исклучително подложна на замрзнување.

Еве како може тоа да се избегне:

- По купувањето дрвото ставете го на балконот и внесете го на топло во последен момент, една недела пред Нова Година. Така дрвото ќе има можност да се аклиматизира.

- Местото каде што ќе стои елката треба да биде подалеку од грејни тела - клима уред, радијатор или клима.

- Одржувајте ја влажноста на воздухот, за елката да не страда од сувиот воздух.

- Не ставајте многу тешки украси на елката и не ставајте ламбички со голема моќност, бидејќи се загреваат.

 

По празниците

Колку помалку време стои елката во топла просторија, толку се поголеми нејзините шанси за опстанок. Не пресадувајте ја веднаш. Повторно дајте и време (околу една недела) за аклиматизација на балконот. Обрнете внимание дали има нови врвови со посветла боја - тие се сигурен знак дека дрвото се разбудило и ако го оставите надвор, ќе замрзне. Ако не сте го нарушиле мирувањето на елката, засадете ја во својот двор. Изберете само ден со позитивна температура, за да можете да ја обработите земјата. Имајте на ум дека иглолисните дрвца преферираат камени почви во кои пуштаат длабоки и здрави корени.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Видео: Антицелулит вежби
Стиснете play и борбата со целулитот може да започне ...
3
Владо Георгиев се жени!
Вечниот ерген Владо Георгиев повторно е во врска со бившата девојка Ирена Маркет, по една година од нивното раскинување
3
Бали Бег: Џејлан е љубовта на мојот живот!
Атрактивниот турски глумец Бурак Озџивит, во првото интервју за српскиот Дневни лист отворено говори за љубовта, глумата...
3
Детали од операцијата на Анџелина Џоли!
На блогот на клиниката Пинк Лотус, докторката Кристи Функ објасни низ кои фази на медицински третмани поминала холивудск...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?