vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Одењето на скијање за време на зимските празници со децата, може да биде многу забавно, но претставува и голем предизвик. Децата обожаваат снег. Иако се сеуште мали за скијање, постојат многу активности кои ќе ги забавуваат. Една од највеселите и најчестите е санкање и правење снешко. Нема причина за да не се забавувате.
Ако сте скијале пред раѓањето на вашето дете, подгответе се на малку поинакви денови од претходните години. Најрана возраст кога детето може да застане на скии е 4-та година. Немојте да го присилувате детето на таа активност, ако не сака.
Облека за на снег
Детската облека за на снег, бло да е тоа за санкање или скијање, мора да биде топла, но сепак лесна, за да се овозможи испатување на потта. Купете или позајмете квалитетен комплет за скијање, отпорен на ветар и влага. Многу е важно детето да биде добро облечено, со повеќе слоеви на облека, за да не му биде ладно. Секако, на себе треба да носи капа, шал и ракавици. Би било добро ако имате резервни нараквици и чорапи, во случај детето да се изводени.
Што се однесува до скијачката опрема, немојте да купувате неколку броеви поголема, за да ја користите и идната година, бидејќи можете на детето да му го отежнете скјањето. Скиите за мали деца се пократки, бидејќи со нив полесно се управува. Кога ќе купувате скии земете ја во предвид висината, тежината и способноста на детето. Но, ако не скијате често, најдобро е опремата да ја изнајмите.
Први снежни чекори
Никогаш не е доцна детето да научи да ские. Но и самиот престој на свежот планински воздух може и тоа како да биде крисен за детето. Лесните прошетки на снег може да започнат кога детето ќе наполни една година.
На две години детето веќе може да испроба санкање. За почеток можете да го седнете на санката и да го влечете по снегот, а ако сакате да се спушта од некоја височинка, седнете и вие заедно со него на санката.
Првот контакт со скии детето може да го има на четири годишна возраст. Бидејќи тоа е тежок и опасен спорт, најдобро е да го обучуваат инструктори по скјање.

Листа на потребни работи кога одите на зимски одмор во планина
Запомнете
Прва помош
Зошто е зимата здрава?
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...
Плач пред доење, глад или нешто друго?
Кога бебето почнува да плаче непосредно пред доењето, најчесто првата ...
Што им е најважно на бебињата за здрав развој?
За здравиот развој на бебето не се потребни скапи играчки, совршено ор...
Позитивниот ХПВ тест не значи автоматски дека е потребен третман. ...