|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Не верувајте во овие 4 митови за патување со бебе

Редакција Рингераја, 10.6.2019
Многу родители кои имаат мало дете, не ни помислуваат да излезат од границите на сопствената земја, а уште помалку да се качат во авион со него
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Постојат некои митови во кои се верува, заради што повеќето веднаш се откажуваат од таквата помисла, наведувајќи ги причините како снимени на касета.

Секако дека патувањето со дете не е толку лесно како кога сте биле сами, но тоа не значи дека не може да се подготвите на сè, добро да се организирате и да се охрабрите да го пробате и тој предизвик.

Искуството ќе биде незаборавно, ќе поминете прекрасни семејни моменти на убави места и ќе создадете многу спомени.

Погледнете кои се митовите кои се пречка за многу родители, во кои не треба да верувате:

Мит бр. 1: Патувањето нема поента бидејќи детето нема да го памти

Факт: Ќе имате многу приказни од патувањето на кои секогаш ќе се потсетувате раскажувајќи ги со возбуда, одличен начин е да се поврзете и зближите како семејство и ќе имате многу фотки и видеа кои долго потоа ќе се гледаат и ќе останат спомен.

Мит бр. 2: Мора да носите премногу работи со вас

Факт: Не, ако се пакувате лесно и оставите некои работи да ги купите оттаму. Не значи дека треба да ги земете сите играчки, земете неколку помали, а самата нова околина на детето ќе му биде доволна занимација.

Мит бр. 3: Летањето со дете е премногу стресно

Факт: Секако дека некогаш може да биде бидејќи не знаете како ќе реагира детето, но тоа не значи да не се обидете, бидејќи може да се случи и спротивното. Подгответе се добро и донесете неколку ситници за занимација или обидете се да го успиете детето за време на летот.

Мит бр. 4: Премногу е скапо

Факт: За бебиња не се плаќаат билети, единствено можеби авионски такси, а зависно од авиокомпанијата за нив се добиваат и други бенефити. Исто така, влезот за бебиња е бесплатен на многу места како знаменитости и занимливости.

Со оглед на тоа што се мали, во поголем дел од времето ќе спијат додека ги шетате и ќе јадат исто како и дома, па нема некои посебни дополнителни трошоци, напротив, со нив може да поминете поевтино.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нов Лино календар и Лино плишано мече
И оваа година мечето Лино за своите пријатели подготви нов Лино календар, но оваа година имате прилика да освоите и нешт...
6
Електричен удар кај деца
Децата се природно љубопитни и често се во опасност од повреди дома, особено од електрични удари.
4
Избираме најубава творба: Медеја Анѓелковска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати воспитувачката на Медеј...
4
Играчките и децата
Играчките не се „само нешто да го заангажира вашето дете додека готвите“. За детето, играчката е првиот пријател, првиот...
3




Анкета

/
Jana9

Dali so vasite deca poset_uvate cesto zabar?

Da (75%)

Ne (25%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!