|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Моето дете е себично?

Редакција Рингераја, 21.11.2017
Ако не го оставиме детето да почувствува дека има свои играчки, а тоа значи дека се само негови и тоа решава што ќе прави со нив, како тогаш ќе може да даде нешто за кое сe уште не знае дека е негова сопственост
Клучни зборови:

image
/11


 

Најтешкото прашање на секој родител - „Како најдобро се воспитува дете?“ е прашање на кое не може да се даде еден одговор кој ќе биде универзален за сите родители. Секое семејство во кое се развива едно дете има своја уникатна констелација, различна од секое друго семејство. Затоа одговорот на ова прашање е најтешкиот. Честопати родителите нестрпливо очекуваат одговор од стручните лица, одговор во вид на некакво правило на воспитување кое се состои од неколку засебни правила. Ако го добијат како таков одговорот, за кратко време разбираат дека тоа не помогнало.

Најкратко и наједноставно можам да кажам дека: најдобро воспитано дете е она дете чии родители се трудат да се соочат со своите комплекси, стравови, суети и амбиции. Имено, доколку родителите работат на развојот, пред сè на сопствената личност, многу лесно ќе можат да работат на развојот на своето дете. Сепак, прво што треба да знае секој родител е тоа дека колку и да внимава да биде добар, секогаш ќе прави грешки во очите на своите деца!

За да бидете добар родител, мора да го надминете чувството на вина. Односно, мислата за „лош“ родител. Ако веќе го читаш овој текст и неговиот наслов те привлекол да одвоиш неколку минути, тогаш сигурно не си „лош“ родител. Затоа што „лошите“ родители ништо не ги интересира за своите деца и не читаат текстови со вакви содржини.

Една од поголемите грешки што сум ги уочила во текот на моето професионално искуство е воспитувањето за чувство на сопственост кај децата. Најчестата глетка низ детските паркови е борбата на родителите со играчките на децата. Секој родител се обидува да го научи своето две-тригодишно дете да му ја „отстапи играчката нa друго дете за малку да си поигра“. Често се лутиме на изгледот на „себични“ деца кои чуваат сè за себе, но во повеќето случаи тие се оние што подоцна стануваат најдарежливи. Затоа што детето мора прво да ја помине фазата на сопственост, за подоцна да стигне до фазата на дарежливост. Ако не го оставиме детето да почувствува дека има свои играчки, а тоа значи дека се само негови и тоа самото решава што ќе прави со нив, како тогаш ќе може да даде нешто за кое сè уште не знае дека е негова сопственост. Да не заборавиме дека кога ги дава играчките под притисок, тоа често го прави за да им се допадне на возрасните, кои имаат задоволна насмевка кога е послушно. Во тој случај тоа не е дарежливост и не е природно. Чувството за дарежливост мора да се стекне природно и без услови, доколку тоа не се постигне, нема да постои дарежливост, туку едноставно гест за да остави добар впечаток, да биде сакано и прифатено.

Најдобро е родителите да не се мешаат премногу во отстапувањето, разменувањето и земањето играчки. Добро е да се набљудуваат отстрана и потоа да се зборува отворено за тоа што се случило. Веќе на шест-седум години може слободно да се очекува штедрост од децата.

Сепак, треба секогаш како родители да имаме на ум дека никогаш не треба да ги обвинуваме своите деца за „маките“ што ни ги создавале или создаваат. Затоа што тие самите имаат толку многу непотребни маки, што и ние несвесно сме им ги наметнале. 

Пишува: Д-р Ана Чучкова

Причини заради кои може 3-годишно дете да ...
Изгледа е тешко да се биде дете, пишува Џејсон Гуд, американски комичар и татко на тригодишно дете, кое како и сите оста...
12
Тврдоглавост
Го знаете она: на сред продавница врескање и тропање со нозете затоа што не сакаме да му купиме играчка или чоколатце?
4
Домашен лек против Ешерихија Коли
Конвенционалните лекови во борбата против оваа бактерија многу често се неефикасни, па ви препорачуваме да се обидете во...
4
За нашата мила Рингераја
Мила моја Рингераја, овој пат во мојот дневник би сакала малку да ти се обратам тебе, да ти испратам една виртуелна пре...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

maticn kletki
maja jovanoska



(84%)

(16%)


Број на сите гласови: 67

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!