|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Млеко во исхраната – кое, кога и колку?

Редакција Рингераја, 27.11.2012
Млекото се истакнува како еден од најважните и најпотполни продукти во исхраната на децата, но она на што треба да се внимава е кое млеко, кога да се воведе и во колкава количина?

image
/11


 

 

Нутритивните потреби на здраво доенче, до приближно 6.месеци во потполност ги задоволува мајчиното млеко, а ако тоа не е достапно тука е адаптираната млечна формула (адаптирано кравјо млеко).

Со влегувањето во 6.месец, односно во 26.недела од детскиот живот се започнува со дохрана, но битно е да се напомене дека мајчиното млеко и понатаму е главен извор на хранливи материи.

Почетокот на дохраната на доенчето, изборот на продукти и воведувањето на кравјото млеко во исхраната, зависи од климата, културата и прехранбените навики на семејството. Мали количини на кравјо млеко може да се додаваат во детските кашички од седмиот месец на живот, но како основен млечен напиток кравјото млеко не се препорачува пред првата година од животот.

Во голем број земји се препорачува воведување на кравјо млеко по првата година од животот, додека стручњаците од Канада, Шведска и Данска го препорачуваат по 9.месец од животот. Таквата претпазливост е резултат на честите негативни последици од прераното воведување на кравјото млеко, како основен млечен напиток, на здравјето на детето. Пред се, поголема количина во голема мера ќе ги намали доењето, што може да предизвика анемија.

Составот на кравјото  млеко битно се разликува од составот на мајчиното млеко, па заради тоа доенчињата кои не се хранети со мајчино млеко или млечна формула, туку со кравјо млеко, не добиваат доволно Витамин Е, железо, цинк и есенцијални масни киселини, а добиваат премногу протеини, натриум, калиум, што ги оптеретува нивните органи за варење и бубрезите.

За подготовка на кашички најдобро е да се користи млекото кое детето обично го пие, значи мајчино млеко или адаптирана млечна формула. Ако се подложат на висока температура овие млека ќе изгубат дел од хранливите материи, но и понатаму остануваат далеку поквалитетни од другите видови млеко, независно дали се од животинско (кравјо, козјо, овчо) или растително потекло (соино, оризово, овесно) потекло.

Во исхраната на доенчето квалитетот на мајчино млеко е неспоредлив со другите облици на млеко, а за децата од 1. до 3. години млекото и ферментираните млечни производи се одличен извор на протеини, калциум и витамини растворливи во масти. Според препораките на Европската асоцијација за детска гастроентерологија, хепатологија и исхрана (ESPGHAN) и Светската здравствена организација, за децата од оваа возраст се препорачуваат два млечни оброци (400 – 500 мл.) млеко или млечни производи на ден, за да бидат задоволени дневните потреби за калциум.

 

Козјото млеко нема поголема нитритивна вредност од кравјото млеко. Неговата предност е поголемото присуство на масни киселини, кои подобро се ресорбираат. Битно е да се има на ум дека козјото млеко е сиромашно со фолна киселина и затоа кај децата кои се хранети исклучиво со козјо млеко се јавува мегалобластична анемија.

 

Овчото млеко содржи висок процент на протеини, дури шест пати повеќе од мајчиното млеко, калциум и останати минерали, заради што ни тоа млеко, како ни кравјото ни козјото, не се препорачливи во исхраната на доенчињата.

 

Многу е битно да се напомене дека количината на млеко и млечни производи мораат да бидат ограничени на препорачани дневни вредности. Имено прекумерното консумирање на млеко може да има тешки последици на здравјето: слабеење, анемија и затвор.

Конечно, млекото е исклучително хранлив продукт, но важно е да се знае кое млеко, кога и колку.

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Цуцлата падна на подот – што сега?
Дали треба да се чисти цуцлата кога ќе падне на подот?Да – секогаш треба да се исчисти, бидејќи цуцлата доаѓа во директе...
4
Бебе од 12 месеци
Поминаа цели 12 месеци. Доаѓа возбудливо време за вашето бебе исполнето со многу љубопитност за откривање нови вештини, ...
3
Мајката произведува помасно млеко ако има ...
Научниците откриле дека мајката произведува млеко со различен состав, зависно од полот на детето. Мајчиното млеко претст...
3
Зборувајте „бебешки“ со вашето бебе?!
Една неодамнешна студија покажа дека бебешкото зборување (гага, геге, баба, итн.) или зборувањето на начин сличен на беб...
3




Анкета

Пушењето за време на бременоста.
пеперутка16

Би сакал да ги знам искуствата на ПУШАЧИТЕ во врска со оваа тема, дали сеуште пушат, бидејќи знам дека непушачите реагираат многу остро и не ја разбираат желбата за таа празна пура.

Застана. (0%)

Таа продолжи да пуши. (100%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!