Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Македонската компанија Макпрогрес известираше 3 милиони евра во 2013 година во два нови производни погони за кондиторски производи во Виница и производи во делот на здравословната исхрана во Скопје, како и 80 нови вработувања.
Со инвестиција од еден милион евра во новата палета здравословни производи „Натура“, Макпрогрес го збогати своето портфолио на далекупознати производи на брендовите Винчини, Армониа, Сончева Долина и 30 други брендови. Во текот на оваа година, Макпрогрес планира и дополнителна инвестиција во производите „Натура“ од уште еден милион евра во проширување на капацитетите и асортиманот на производи.
Новиот бренд „Натура“ е создаден од совршен баланс на квалитетни, природни и внимателно одбрани состојки, традиција и најсовремена технологија кои со сигурност ќе придонесат за подобрување на вашето здравје и начин на живот во целина. Овој бренд содржи над 30 здрави производи поделени во категории: оризови плочки и барови, мусли и мусли барови, корнфлекс, житни снегулки, експандирани житарки, жита и преработка од житарки, семиња, производи од соја, сушено овошје, зачини, засладувачи, десертни топчиња. „Натура“ гарантира врвен квалитет на своите нови производи кои се без растителни масти, богати со растителни и диететски влакна, одличен извор на витамини А, Ц, фолна киселина, калциум, магнезиум, железо, цинк, антиоксиданти. Овие производи не содржат генетски модифицирани состојки.
„Месецов двете инвестиции ќе донесат на виделина педесетина нови производи во производното потрфолио на Макпрогрес наменети за домашниот и за странските пазари. Нашата стратегија е насочена кон постојани подобрувања на постојните и развој на нови производи, а со постојаните вложувања да ја прошируваме палетата на производи за да може да ги задоволиме различните потреби и барања на нашите потрошувачи. Плановите за развој подразбираат и континуирана обука и доедукација на вработените па така за наредниот период очекуваме интензивни консултантски посети од странство заради доусовршување на производните процеси и подобрување на конкурентноста“ – изјави Глигор Цветанов, генерален директор на Макпрогрес.
Минатата година беше една од најуспешните години во работењето на Макпрогрес Виница со остварени рекордните резултати од продажбата на домашен пазар и на странските пазари. Вкупниот промет за прв пат надмина 20 милиони евра, а произведени се 10.000 тони готови производи од кои 70% се извезени на пазарите на 42 држави низ светот. Компанијата брои над 400 вработени.
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобри вежби за жени кои се обидуваат да забременат
Кога се обидувате да забремените, фокусот често е на исхраната, суплем...
Кога љубомората е знак на грижа, а кога на несигурност?
Љубомората е чувство што сите сме го доживеале барем еднаш. Таа може д...
Потентноста на сперматозоидите
Постои широко распространет мит дека подолгата апстиненција ја зголему...
Антибиотици кај деца и најчести грешки на родителите
Зошто „побрзо да помине“ понекогаш значи подолго и потешко закрепнувањ...
Откриј кој тип мајка си на детското игралиште
Детското игралиште е мал социјален експеримент и за децата, и за родит...