|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

lukas: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 16.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/51


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: lukas

Датум на породување: 27.02.2010 година

Тип на породување: царски рез

Болница: во Битола

 

Моментот да забременам го чекав цели 3 години, а тие 9 месеци едвај чекав да поминат и   секогаш на гинекологот му велев - ајде докторе уште колку? Кога ми се наближуваше терминот, откако влегов во деветти месец, само тоа ми се вртеше во глава.. ..бев како некое дете над играчка, го гледав стомакот деноноќно, го следев секое подмрднување и често му зборував и му пеев. Терминот ми беше на 8 ми Март и требаше да одам на природно породување, но ми беше многу, многу страв. Сакав да се породам по природен пат, не сакав да одбирам, како сите  така и јас.

Заради некој проблем со бубрегот на бебето породувањето требаше да се забрза. Цела недела знаев дека треба да одам на 27 Февруари за да се породам  но криевме од сите. И кажав само на сестра ми бидејќи требаше да дојде со мене...

Тој ден срцето ке ми излезеше од гради од разни измешани чувства, возбуда, страв, паника, прашања дали се ќе биде во ред со ова дооолго очекувано бебенце. Кога отидовме во болница,  јас сестра ми и маж ми, дојде докторот и почна да си прави мајтап со мене аха страв, страв а? Тогаш за првпат му реков дека сакам со царски рез, бидејќи се плашам, ама пак од друга страна не сакав да ја предизвикувам судбината. Тој ми рече - каков царски рез, чекај, ќе издржиш полесно е по природен пат. Ме провери, ми стави апче за провокации и ме пушти дома, не сакав да седам в болница за да ме фатат болки...Тој ден најмногу гости пречекав како за беља, маж ми замина на работа а сестра ми остана со мене да ме пази како искусна ..хехех.  Истиот ден дојде свекрвами од која криевме, дојде тетка му на маж ми, дојде комшивката, дојдоа братучед му на маж ми дури од Ресен на кафе. Јас се туткав, фати мали болки - оди во спалната, остави ги 15 мин гостите со сестра ми. Немав силни болки. Кога помина 4 часот се јавив кај докторот и му кажав дека немам никакви болки, а апчето ми беше ставено уште во 8 сабајлето. Тој ми рече да одам да ме види. Кога отидов таму ме провери и виде дека не сум отворена, а мојот матичен гинеколог инсистираше да се породам заради малиот проблем што го имаше бебчето со пијалоните. Ми стави уште едно апче, ама и тоа беше за џабе и на крај по шетање до 18 часот дојде и ми рече ке одиш на царски рез. Искрено, потсвесно го посакував тоа зошто ќе пукнев од страв, ама ете Господ видел дека премногу се плашам. Во 18 и 30 часот ме викнаа, се поздравив со маж ми и со сестра ми и влегов да ми ги направат процедурите. Цело време мислев дека ке бидам со тотална анастезија ама иди гинекологот со анастезиологот и ме прашуваат дали имам јадено нешто и јас неможам да лажам се работи за мене, и за моето најмило и му кажав дека имам јадено грисини и сок пиев, па ми рекоа дека ќе морам да се породам со спинална анестезија. Уште толку ме фати паника, но анастезиологот ме седна и ми објасна се’,  ми рече дека е многу поубаво со спинална анестезија и  дека така ќе можам  да си го слушнам плачот на бебето. Јас не верував, си мислев дека ми вели така колку побрзо да легнам.

Во 19:00ч. влегов во породилната сала, околу мене се вртеа еден куп сестри, доктори и сите беа многу фини. Со нетрпение го чекав моето сонце да пушти крик. Дојде и тој момент, го слушнав моето мило кај што плаче, го доближаја до моето лице. Би го опишала тоа со зборови, но тоа е нешто волшебно, нешто што не се опишува со збор треба само да се почувствува...Во 19:25 родив машко дете тешко 2.890кг.Се’ заврши во ред, кога ме ставија во кревет од операционата сала,  се чувствував чудно и смешно, неможев да ги помрдам нозете, ми ги мрдаа како да ми се од пластелин. Утрото во 6 часот ми го донесоја моето ангелче го ставија на моите гради и прво што забележав беше неговото мало усте, кое го бакнав најнежно. Одма го зедоа, но си направив слика и неможев да престанам да ја гледам,  неможев да ја тргнам ниту насмевката од моето лице. Потоа вечерта ме преместија во собата за опоравување и таму го донесоја моето бебенце ЛУКАС кое беше тивко и воопшто не плачеше, се’ беше во ред ..

Tоа е мојата породилна приказна, најубавиот ден во мојот живот...

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Лукас !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
6
Болести во бременоста
Настинка, кашлање и пролив, се не многу опасни болести, но многу трудници се прашуваат дали би можеле да му наштетат на ...
5
mamicka77: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Fiao: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?