|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога детето е болно, среде зимо бара лубеница!

Барбара Синадиноска Платнар, 6.2.2015
Ноќна мора на секоја мајка е болно дете. Во прва фаза на болеста се плаши, не спие, се тресе, трча по доктори. Во втора фаза детето сака да спие само на неа, а таа секако не може да одбие. Во трета фаза на болеста, мајката завршува на седативи!

image
/11


 

Прва фаза:

Ете идат и такви денови кога детето ќе се разболи. Кутра мајка вари чаеви, супи, става лончиња на печката за воздухот да биде влажен, му става кромид под перницата за да му се одзатне носот, спие со леген да не случајно детето поврати, всушност не спие бидејќи алармот и ѕвони на секој половина час. Нели, треба да го проверува детето да не има температура. Ако случајно, во текот на ноќта детето почне да јачи, или да потплакува, одма таа седнува и гугла да види од што може да е тоа. Пие пет-шест кафиња во текот на ноќта и будна е пред петелот да запее.

Утредента оди на лекар како зомби. Педијатарот ја гледа и мисли дека ја згрешила амбулантата: “Мајка, за возрасни во другата амбуланта”. Не сум јас болна, детево е. Мајка, сигурна си дека не си болна? Подочниците ти се до колена, а бледа си ко' крпа. Ај направи крвна слика, ела да те прегледам! Мајката почнува со плачлив глас: Докторе, детево ич не е арно. Синоќа имаше температура и поврати два пати, леле и врисна еднаш во сонот и јачеше како нешто да го боли. Има и пролив. Два пати се покака така кашесто.

Почнува да плаче: Мислам дека е дехидрирано, ете здивот на ацетон му мириса. Докторе направете нешто за моето дете, дајте му инфузија.

Мајка, а да ти дадеме тебе нешто за смирување, а?

Ама докторе супер сум јас, детево не ми е арно.

Мајка, ама ене го си црта на рецептите.

Ама докторе јас сум му мајка и најдобро го знам и ве молам направете нешто.

Докторот гледа не гледа препишува инфузија, антибиотик, електролити и строга диета два дена.

Мајката добива малку црвена боја на лицето.

 

Детето внимателно ја набљудува мајката и сфаќа дека има потполна контрола врз неа.

Инфузијата тече, а детето почнува да фантазира:

Мамоооо, сакам бурек. Мајката се крсти.

Ама каков бурек дете, ти си сега на строга диета.

Мамо, сакам бурек со јогуртче мало...мммм (си го гали стомачето). Мамо, јави и се на баба и кажи и да ми донесе лубеница, цреши и капинки. Лубеницата да нема семки, црешите да немаат коски, а на капинките нека стави шеќер за да не ми биде кисело на душава.

Дете, каква лубеница и цреши среде зима?!

Мамо, сето тоа баба нека го стави во кошничка и нека ми го донесе, оти сум болна. И нека иди со такси да не ја изеде волкот.

Мамо, каде е баба? Ми се јаде лубеницааааааааааааааааааааааааа!!!

 

Мамо, уште колку ќе течe системот? Душава ми бара мајонез. Мамо, ми се мочка, донеси ми нокшир.

Мајката го советува детето да лежи и не мрда додека таа како луда низ болничките WC –а и кај сестрите бара нокшир. ЕУРЕКА! Го најде! Детето во меѓувреме седнало и чепка во браунилата, како да сака само да си ја извади. Мајката избезумена му благодари на Бога што стигна навреме.

Мамо, стави го нокширот на креветчево.

Ама не може мама на креветче да го ставам, може да се истури.

Ставиииииииииииии гоооооооооооооо!!!

Мајката го става нокширот на креветче и моли Бога да не дојде сестрата. Детето врши нужда и при станување нокширот се истура директно на постелнината ДО ПОСЛЕДНА КАПКА! Мајката се труди да си ја контролира десницата и да не го штракне детето. Го крева детето, го крева држачот од инфузијата, ја држи раката на детето да не се измести иглата и го преместува на друго креветче.

Мајка, ГЕНИЈЕ СИ! Под итно да одиш на кастинг за Бонд девојка!

 

Проблем. Што да се прави со измочканата постелнина? Мајката изигрува инспектор Поаро и низ просториите бара чиста постелнина. Се враќа во собата на детето на секои две секунди за да го потсети да не мрда. За брзо наоѓа постелнина и ја постила на креветчето. Измочканата ја става во корпата за нечиста постелнина. Уууух!

Доаѓа сестрата.

Зошто се преместивте?

Ммммм...некако ни дуваше од прозорецот.

Агонијата продолжува: Мамо, сакам чајче со многу шеќер. Сакам бисквити со млеко. Мамо сакам да седнам. Мамо, сакам дома. Мамо, мамо, мамоооо.........

Мајката ДЛАБОКО жали што побара инфузија.

 

Втора фаза:

Конечно инфузијата истекува и мајката го облекува детето за дома. Тоа видно подобро, таа видно исцрпена – физички и психички.

Детето застанува покрај ПРОКЛЕТАТА машина за топли напитоци во холот на болницата. Мамо сакам чајче, сакам млеко, сакам топло чоколадо. Мамо дај ми паричка. Мајката го крева детето во раце, а тоа вришти и се тегне де на лево де на десно. Мајката успева да го стави детето во такси и ЕДВАЈ чека да отиде дома, да пие кафе и да запали цигара. Да смири нерви!

Доаѓаат дома и детето од врата плаче дека му се спие.

Мамо, сакам да спијам во раце. Мамо, многу те сакам, најмногу на светот.

Мајката нема срце да одбие, секако. Детето заспива. Мајката пооолека се мрда за да го легне на кревет.

Мамооооооо...сакам кај тебееее...многу те сакааааааам...

Детето спие цел час, а мајката чувствува како и лазат мрави по цело тело. Сега комотно можат да ја преместат на плоштад и да стане дел од спомениците на Скопје 2014.

Детето се разбудува. Си доаѓа таткото. Детето почнува да го масира: Тато, купи ми лижалче и бонбони. И киндер јајце сакам. Тато, вози ме со колата, па болна сум, треба да правиш се што сакам. Тато, ај биди коњче. Тато, ми се кака дај ми го нокширот. Тато, тато, татоооо...

Таткото одеднаш се сеќава дека има неодложна работа и БЕГА од дома.

 

Трета фаза:

Детето плаче по таткото цел час, колку што го држи глас. Мајката почнува да си ја кубе косата од нервоза, оти нели не сака да му се развика на детето, па болно е, гревота еее...

Детето ги истура сите играчки на под, истура јогурт на под, се мие раце после што е водено до гола кожа, сака голо да шета низ куќа, сака мајката да му направи пластелин и вришти....

Мајката одеднаш губи контрола над својата самоконтрола. Со повишен тон го предупредува детето да престане. Детето како со магично стапче престанува. Мајката пие лексилиум и легнува, всушност паѓа на креветот. Детето и носи перница и ќебе и легнува до неа. Детето ја заспива мајката, си пушта цртани филмови на ТВ и не пушта глас цел час.

 

Наместо наравоучение:

 “Не жали му ја болеста, жали му ја ќудта”.

 

Секоја сличност со моето дете е намерна.

 

Ваша Палешка РР

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да го промените разгаленото дете
Дали вашето дете е мало чудовиште? Ставете крај на бесот и барањата со овие наши совети.
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Не сакам на лекар!
Многу мали деца се преплашени кога ќе се спомене посета на лекар. Во прилог се неколку начини со кои ќе им помогнете да ...
3
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?