Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Одете на доктор
Добро е за секој случај да одите на доктор на редовен преглед, а посебно доколку имате хронични болести и користите лекарства. Некои лекови може да влијаат на квалитетот и квантитетот на спермата. Ако постои опасност од некоја полова болест треба да се направи тестирање и да се излечи.Треба да зборувате со својот доктор за историјата на своите болести. Доколку во вашето семејство постојат случаи во кои имало генетски или хромозомски неправилности, ментална ретардација или заостанување во развојот, треба да посетите и генетичар, за да дознаете дали и вие сте опфатени со тоа. Поразговарајте со докторот за опасностите кои ги имате во околината или на работното место, за да дознаете дали нешто од тоа влијае на вашата плодност.
Разговор за промените
Со доаѓањето на детето, ќе дојдат и многу промени од материјална, временска и поинаква природа. Поради тоа, треба пред зачнувањето да седнете и да поразговарате: дали сте финансиски подготвени, колку долго жената ќе биде на породилно отсуство, кој ќе го чува детето кога ќе посакате да излезете... Што порано работите се постават на свое место, помалку расправии ќе имате и во онака, стресниот период.
Запознавајте се со своите медицински корени
Поразговарајте со роднините за историјата на болести кај поблиската и подалечна фамилија. Најважна работа е да проверите дали постојат генетски или хромозомски болести (како Даунов синдром). Важно е да дознаете постои ли и ментална ретардација или некои други пречки во развојот.
Наполнете го фрижидерот со здрава храна
Исхраната најмногу влијае на квалитетот на спермата. Истражувањата покажуваат дека лошите навики во исхраната и често конзумирање на алкохол може, на пример да го намали квалитетот и квантитетот на спермата, што го отежнува зачнувањето.Да го намалат конзумирањето на алкохол и цигари – се смета дека повремено конзумирање алкохол не пречи, но секојдневно конзумирање (вино, пиво или жестоки пијалоци) и цигари исто така штетно влијаат на спермата.
Одморете од забавите
И двајцата партнери треба да престанат со забавите. На семените станици влијае алкохолот, чадот и дрогата, како и на јајце клетките. Друго истражување покажува дека родителите кои пијат, добиваат деца со мала породилна тежина, која е проблем бидејќи влијае на детското здравје и однесувањето понатака во животот.
Проверете ги опасностите на своето работно место
Некои работи можат да бидат навистина опасни за вас и вашето дете. Доколку често сте изложени на хемикалии или радијација , ќе мора да се обидете тоа да го промените пред зачнувањето. Познато е дека на спермата и треба три месеци пред да созрее, па добро е на тоа да помислите три месеци пред да почнете да се обидувате. Обидете се барем да ги намалите тие опасности во домот или на работното место.
Купете си боксерици
Дел од истражувањата покажале дека топлината негативно влијае на квантитетот на спермата, поради што, посигурно е да носите боксерици, отколку гаќи. Друг дел од истражувањата покажале дека топлината и не е проблем, доколку не постои и некој друг проблем кај спермата. Во ваков случај, тоа е едноставна промена во гардеробата, која би можела, сепак да ги забрза работите.
Немојте да се бањате со претопла вода
Сауните, топлите тушеви и купки, исто така не се препорачливи поради високите температури. Топлината ги уништува семените клетки, што значи ќе бидат потребни три месеци за да созреат семените клетки.
Не возете велосипед
Повременото возење на велосипед не треба да ве вознемира со фактот дека возењето на велосипед може да го намали квантитетот на спермата. Тоа е опасност само за оние кои на велосипед поминуваат повеќе од два часа дневно, шест дена неделно. Постојаното возење може да доведе до повреда на тестисите, кои со причина се надвор од телото – треба да бидат на поладно, од останатиот дел на телото, за да функционираат нормално.
Опуштете се
Земете си малку време за себе и за размислување. Очекувањето на детето е возбудливо и стресно, па секој одмор е добродојден.
8
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Емоционален ролеркостер наречен бременост
Бременоста е навистина прекрасна. Носиш нов живот, ќе се оствариш како...
Никогаш не се откажувај, твојата сила е во истрајноста
Нов ден, нова шанса, нова сила. Денес потсетете се дека секој предизви...
Неочекувани симптоми - знаци на бременост
Кога станува збор за раната бременост, повеќето жени очекуваат класичн...
Моето срце надвор од моето тело
Се случуваат моменти во животот, најубавите се тоа, кога чувствувате д...
Малку по малку, животот се менува
Има нешто што сите го знаеме, а понекогаш го забораваме, па се разочар...