Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
На самиот крај на бременоста, кога терминот за породување е релативно близу, трудниците многу често се прашуваат дали нивното бебе ќе дојде порано и кога е сигурен знак да одат во болница.
Додека ментално се подготвуваме за породување, така и нашето тело се подготвува за тој момент. Тоа е причината зошто, многу често, се појавуваат лажни контракции кај бремени жени, кои ја подготвуваат матката за породување.
Ако за прв пат сте бремени, веројатно ќе се исплашите од овие контракции и ќе помислите дека раѓањето започна. Затоа е важно да знаете како да ги препознаете.
За да бидете сигурни дека се чувствувате лажни или вистински контракции, еве краток водич што ќе ви помогне да ги разликувате.
Лажни контракции (Braxton-Hicks):
- стомакот станува затегнат, па одеднаш се опушта
- тие не се ритмички и не се засилуваат
- се појавуваат на подолги временски интервали
- се појавуваат во раната бременост
- кога менувате позиција, го опуштите дишењето или ако се раздвижите, тие се намалуваат
Вистински контракции:
- стануваат посилни и почести со тек на време (се случуваат на пет до десет минути)
- траат подолго, дури и до една минута
- Не можете да зборувате нормално кога траат
- тие започнуваат во горниот дел на абдоменот или во долниот дел на грбот, така што чувството се движи кон предниот дел
- кога менувате позиција или одмарате, тие не го менуваат интензитетот
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Кои вредности е важно да ги научи детето уште од мало?
Детството е период во кој се поставуваат темелите на личноста, каракте...
Промена на вагиналниот исцедок
Вагиналниот исцедок е природен дел од женското репродуктивно здравје. ...
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...
Што се пореметувања на спиењето?
Спиењето е една од основните потреби на човекот и има важна улога во о...
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...