vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во денешниот 21 век технологијата е составен дел од нашето секојдневие и тешко би можеле да го замислиме животот без неа. Ова се однесува и на идните генерации и особено за децата кои растат во моментов. Правилно ли е сепак тие да поминуваат повеќе време дома пред компјутерите, отколку надвор со пријателите? Им помага ли тоа да ги состават вистинските перцепции за светот?
Фотографката Ники Бум, родум од Нов Зеланд, дефинитивно има што да каже за ова прашање. Во спектакуларна фотосесија таа го снима животот на четирите деца кои се одгледуваат дома, кои, за разлика од своите врсници, немаат пристап до било какви мобилни уреди или телевизија. "Животот на село, всушност воопшто не е лесен, секогаш има што да се прави. За мене е важно дека моите деца ќе знаат од каде доаѓа тоа што го јадат. Највредната лекција што им ја давам сепак доаѓа од фактот дека одгледуваме животни и така тие стануваат сведоци како на појавата на нов живот, така и на смртта и сфаќаат со тоа како функционира светот. Верувам дека начинот на кој ги растам е вистинскиот, бидејќи јас сум живеела на тој начин и видете ме сега ", раскажува мајката пред boredpanda.com.
А вие, дали сметате дека децата во денешно време треба да растат без контакт со техника?
6
5
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...