|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кожата по породување. Што навистина се случува и како да блеснете повторно?

Редакција Рингераја, 9.12.2025
По породувањето, женското тело минува низ вистинска хормонална „револуција“, а кожата најчесто е првиот орган што го одразува тоа.

image
Фото:Canva/По раѓањето, телото продолжува да минува низ хормонални и физички промени, а тие често се одразуваат и на кожата. Разбирањето на најчестите промени и усвојувањето нежни, секојдневни навики може да помогне кожата постепено да се врати во рамнотежа.
/11


Додека се навикнувате на новата улога на мајка, вашата кожа тивко се обидува да се стабилизира по месеците на беснеењето на хормоните во бтременоста, промени во тежината и недостиг на сон.

Разбирањето на овие промени може да ви помогне да ја негувате правилно и да избегнете непотребен стрес.

 

Што се случува со кожата после породување?

1. Хормонален пад

По раѓањето нивото на естроген и прогестерон нагло паѓа. Ова може да доведе до: сувост или лупење на кожата, појава на акни, зголемена чувствителност, како и променета текстура на кожата.

Кожата која во бременост била светкава и мазна, може привремено да стане уморна или мат.

 

2. Дехидратација и губење на еластичност

Доењето, недоволниот сон и промените во циркулацијата можат да ја исушат кожата многу повеќе од вообичаено. Жени често забележуваат: ситни линии, чувство на затегнатост, посува кожа на телото, особено на стомакот, градите и нозете.

 

3. Пигментациски промени

Линијата на стомакот, потемнетите брадавици, како и промените во пигментацијата на кожата таканаречена мелазма, не исчезнуваат веднаш. На некои жени потемнетите области им остануваат со месеци по породувањето.

 

4. Стрии, појава на нови или поголема изразеност на постоечките

Со намалувањето на телесната тежина по породувањето, стриите може да станат поцрвени или повидливи пред да започнат да бледеат.

 

5. Акни и масна кожа

Хормоналните промени често предизвикуваат: воспалителни акни, затнати пори, масен Т-зонски дел. Ова е особено често ако кожата била склона кон акни и пред бременоста.

 

6. Промена на крвните садови

Можна е појава на: мали капиларчиња, црвенило на образите, поголема реакција на кожата на топлина или ладно.

 

Како правилно да ја негувате кожата после породување?

1. Нежна, а редовна рутина

Изберете производи без агресивни состојки. Основата треба да биде:

  • нежен пенлив или кремаст чистач,
  • хидратантен серум, хијалуронската киселина е добар избор,
  • богата хидратантна крема за обновување на бариерата.

 

2. Интензивна хидратација

Пијте повеќе вода и користете производи што ја задржуваат влагатакако што се: хијалуронска киселина, керамиди, глицерин, ниацинамиди. Овие состојки ја смируваат чувствителната кожа и ? даваат еластичност.

 

3. Постпородувална нега на телото

За стриите и сувоста на кожата користете масла со витамин Е, креми со ши путер или јојоба, а правете и масажи за подобра циркулација. Иако стриите не можат целосно да исчезнат, можат значително да избледат со правилна нега.

 

4. Заштитата од сонце е најважната инвестиција

Секоја пигментација (мелазма, потемнети делови) се влошува со изложеност на сонце.
Користете SPF 30 или 50 секој ден, дури и кога сте дома бидејќи прозорците пропуштаат УВ-А зраци.

 

5. Суплементи и исхрана

Внесувајте храната која е богата со: омега-3 масти, витамини А, Ц и Е, како и зеленчук и овошје кои се богати со антиоксиданси. Ваквата исхрана ја поддржува кожата одвнатре и го забрзува опоравувањето.

 

6. Бидете трпеливи доколку имате акни

Ако доите, користете безбедни состојки како: ниацинамид, азелаична киселина, бензоил пероксид во ниски концентрации. Ретиноидите не се препорачуваат во доење.

 

7. Сонот и одморот се основа за здрава кожа

Недостатокот на сон предизвикува темни подочници, бледило, брчки и акни. Обидете се да спиете кога спие бебето. Доколку имате потреба побарајте помош околу домашните обврски за да си дозволите денови за одмор.

 

Кожата после породување минува низ природен процес на прилагодување. Некои промени ќе исчезнат за неколку недели, други ќе бараат малку повеќе труд. Со нежна рутина, заштита од сонце, добра хидратација и правилна исхрана, кожата постепено ќе се врати во својата природна состојба исто како и вие.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бронхит кај деца
Бронхитот е чест респираторен проблем кај децата, особено во есенските и зимските месеци. Иако најчесто не е сериозна со...
10
Мирни утрa, среќни денови - навикнување на...
Поаѓањето во градинка е еден од најголемите чекори во животот на детето, но и во животот на родителите. Додека детето вл...
5
Болка во градите кај мали деца
Кога мало дете ќе се пожали на болка во градите, првата реакција на секој родител е страв – дали е нешто сериозно?
5
Детска Новогодишна работилница
Детската еуфорија за Нова Година е огромна, а нивната желба за учествуваат во подготовките за празникот – незапирлива. И...
4




Анкета

Id idnata godina..........
zelba

dali si vetuvate nesto sebe si deka od idnata godina ke promeni te

nemam (36%)

da prestanam da pusam (13%)

na dieta (32%)

navedi sama sto (19%)


Број на сите гласови: 84

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!