Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Се чини дека овие и уште неколку митови се особено популарни на нашите простори, каде што грижата за децата ни е примарна и најсвета задача во која неретко претеруваме.
Последицата од чувањето на децата во стерилно опкружување е слаб имунитет.
Денешните деца треба да се исчеличат. Како помали постојано одевме боси. Родителите не нè пресоблекуваа нон-стоп, ниту пак панично ни ги миеја рацете кога и да се извалкавме.
Немавме поим што се влажни марамчиња, ниту пак антибактериски гелови за суво миење.
Западниот свет е многу полиберален во однос на сите овие прашања.
Денешните родители ги чуваат децата под стаклено ѕвоно, што е секако огромна грешка.
Нормално, секој родител има желба да го заштити своето дете од секаква опасност, особено од бактериите кои предизвикуваат болести.
Но, децата мора да имаат контакт со тие бактерии, бидејќи само на тој начин нивниот имунолошки систем ќе умее да ги препознае, а потоа и да ги уништи.
Примерите кои може да се видат во Шведска, Данска или Исланд се незамисливи за родителите на нашите простори.
Таму може да видите бебиња кои ги шетаат во колички на минусни температури, додека надвор вее снег дува силен ветер. Тоа е сосема нормална појава, за разлика од кај нас.
Ова се неколку најчести грешки кои ги прават родителите на денешницата со желба да ги заштитат своите деца, кога не сфаќаат дека истите им влијаат многу негативно:
Првата грешка која ја прават сите родители е тоа што ги претоплуваат децата, бидејќи мислат дека во спротивно ќе бидат посклони на настинки.
Тоа е целосно погрешно, бидејќи токму обратното е точно.
Не треба премногу да ги облекувате децата, да им „натнувате“ втор пар чорапчиња на нозете или да им ставате капи и шалчиња, особено кога се дома.
Температурата во просторијата не треба да надмине 22 степени. Во спротивно, може да дојде до оштета на нивниот терморегулациски систем, поради што подоцна вашето дете може да прерасне во зимурлив и болежлив човек.
Претераната хигиена може да доведе до нарушување на имунитетот на детето и да придонесе кон развој на алергии, астма или егзема.
Одржувањето на хигиената е секако важно, но тоа не значи дека средината во која ги одгледуваме децата треба да биде стерилно чиста.
Поради овие верувања, многу родители имаат проблем да ги пуштат децата во градинка. Но, вистината е дека доколку во градинка не се соочат со бактериите, тогаш тој процес ќе се случи во училиште.
Едноставно мора да се случи, прифатете дека е неизбежен. Секој пат кога детето доаѓа во контакт со некоја бактерија или вирус, неговиот имунолошки систем почнува да произведува антитела кои следниот пат ќе ја препознаат бактеријата и ќе ја уништат.
Родителите се алергични на деца кои се валкаат, особено кога си играат надвор. Сепак, докторите препорачуваат да им дозволите на децата да се извалкаат одвреме-навреме, макар играле на земја, па дури и во калта.
Дозволете им да ја допрат земјата, цвеќињата, калта, инсектите. Дури и да стават нешто в уста не паничете, бидејќи така ќе го почувствуваат горчливиот вкус на земјата и нема да им текне да го направат тоа повторно.
Панично ги извлекувате децата од секое можно животинче кое ќе им се најде на патот? Доколку станува збор за домашно милениче за кое постојано некој се грижи и редовно се носи на ветеринар, нема потреба од паника.
Дури и ако го лизне детето, истражувањата покажале дека на овој начин се намалува ризикот од астма и алергии кај детето, а децата се учат да ги сакаат животните.
Не им ги мијте рацете по една секунда откако го допреле животното.
Да, понекогаш антибиотиците се неопходно, нужно зло, но секогаш кога сте во можност избегнувајте ги, бидејќи тие ги уништуваат не само лошите, туку и добрите, потребни бактерии.
Прекумерната употреба на антибиотици кај децата може да придонесе до развој на астма, алергии, здебелување, дијабетес и многу други болести.
Воедно, телото може да стане и отпорно на антибиотикот, па тој воопшто да не делува. Сето ова влијае негативно врз имунолошкиот систем на децата.
Секогаш обидете се прво да го излечите детето на природен начин пред да се свртите кон антибиотиците.
забава Бремените
Автор: bobik
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Отворената комуникација меѓу партнерите е основа за длабока интимност ...
Во денешно време се повеќе гледаме фотографии од „идеални“ фамилии сек...
Детската игра – повеќе од забава. Зошто е важна?
Кога ќе ги видиме како трчаат, скокаат, цртаат, измислуваат светови, м...
Што значат соништата за време на бременоста?
Бременоста носи многу промени: телесни, емоционални, хормонални. Но ед...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: