vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
- Многу ми годеше овој настап бидејќи не сум пеела долго. Ова е прв пат по породувањето да настапам пред публика и се чувствувам одлично – рече Јелена за “24 часа” по настапот.
На прашањето кој се грижи за Нина, додека таа работи, Јелена низ насмевка одговори дека ја чува татко и, кој одлично се снаоѓа во новата улога.
- Нина моментално ја чува татко и, а кога двајцата сме зафатени, помагаат нашите родители. Засега се снаоѓаме сами и уживаме во тоа. Јас лично се снајдов одлично бидејќи за време на бременоста читав многу книги кои ми помогнаа, а и кога излегов од болница, имав полна помош и поддршка од семејството. Иван ги извршуваше сите свои обврски и навистина добро се снајде во улогата на татко. Во почетокот Нина често се будеше ноќе, но сега мирно и цврсто спие.
Иако се породи пред малку повеќе од два месеци, Јелена полека се враќа во форма. Почнала со интензивни вежби, но додава дека тоа не и е толку важно, колку Нина која и е најубавиот поклон кој можела да го добие во животот.
- Нина ме промени во таа смисла што сега сум посреќна. Дури кога ќе добиете свое дете ќе можете со сигурност да кажете дека тоа навистина е најубавата работа во животот. Дури тогаш ќе разберете во потполност се' што ви раскажувале. Бидејќи и јас и Иван сме верници, Нина наскоро ќе ја крстиме, но сеуште не сме го одредиле датумот – изјави за “24 часа” новопечената мајка.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за ...
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...
Вистинската паста за заби за вашето дете
Грижата за детските заби започнува уште со појавата на првото запче. ...
Бартолиновите жлезди се мали жлезди кои се наоѓаат во женскиот репроду...