|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ЈанаМарија: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 5.11.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: ЈанаМарија

Датум на породување: 03.10.2012 година

Тип на породување: природно

Болница:

 

 

 

Кога ќе се сетам на се што се случи посакувам да се врати времето и одново да проживеам се. Тие мигови што започнуваат од моментот кога ќе дознаете дека сте бремена се неповторливи и уживајте ги со полн здив.Галете го мешето и посветувајте му внимание како на веќе родено бебе, зошто тоа трае многу кратко и само 2/3 пати во животот.

 

Вака почна се: Со сопругот сакавме да имаме дете повеќе од се. По еден месец обиди и безброј купени тестови се случи и најголемото чудо во мојот живот. Една вечер сонував дека сум правела тест за бременост и бил позитивен, а јас сум плачела од радост. Утрото кога станав си реков, аман таа психа, од пуста желба почнав и да сонувам. Но сонот толку ме замисли и реков ајде и последниот тест што го имам во фиока ќе го направам( зошто имав на лагер во фиока десетина, па што сака нека биде. И сонот се оствари точно како што го сонував, но за тоа станав свесна дури по неколку дена. Пресрекна и во пријатен шок му кажав на сопругот, а тој од радост цел ден го носеше тестот в џеб. Тој ден вееше толку многу снег и беше толку ладно , а ние од радост не го почувствувавме тоа. 

И така почнаа мачнините кои траеја до 3-от месец и брзо се заборавија, а следните три месеци беа уште понезаборавни, бидејќи се чувствував толку лесно и исполнето, среќна и полна со енергија. Мешето не растеше многу до 5-от месец, дури не ни забележуваа дека сум бремена, па ми велеа дека сум се здебелила, а јас едвај чекав да го покажам на сиот свет. Контролите беа супер, бебето се развиваше одлично и да биде радоста уште поголема, ми се оствари сонот и ни кажаа дека чекаме девојче. До 7от месец се чувствував одлично, ајде да речам и до 8-от скоро, па почнаа болки во грбот, мачнини од психичка возбуда, неспиење и големото прашање каде да се породувам. Веќе во 32 недела ми кажаа дека постелката брзо ми старее и почнав да правам испитувања, дали со бебето би било се во ред. Длабоко во себе знаев дека се  е во ред, иако ми велеа дека може да се роди помало детето или да морам со царски.

И баш како што си претпоставував, се се случи кога бев сама. Водењакот ми пукна во 23:30 и до 02 часот имав непостојани болки и мислев дека тоа се подготвителни болки . Кога појдовме на болница ми кажаа дека сум 6 прсти отворена. И си реков супер, со толку малку болки ако сум 6 прсти, треба уште малку до 10. Но, не било така, во 04:30 почнаа јаките контракции и траеја до 6 часот. За 50 минути ја родив МОЈАТА ЉУБОВ И СРЕЌА, ЌЕРКАТА ЈАНА, тешка 3600гр и долга 51 цм. Бев вистински школски пример со редослед на симптоми и сум многу среќна што поминав мнооооогу лесно и му посакувам на сите мамички такво породување.

 

Не знаев дека можам некого толку многу да сакам и да сум најсилна кога сум најслаба, да сум најсреќна кога се ме боли. Идни мамички, бидете храбри без разлика што ќе преживеете, не се заборава како што велат, но ангелското лице на вашето дете како капка вода ке ги разбистри лошите моменти и секој следен ден поминат со вашето чедо, ќе ја лекува секоја болка. Не било лесно да си мајка, но не е ни тешко да даваш безусловна љубов.

 

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Акни во бременоста - носите момче или дево...
Жените доживуваат сосема нов свет на промени кога се бремени. Една од овие промени може да бидат акните во бременоста
4
Вообичаени прегледи и анализи во бременоста
Пред Вас е список на вообичаени прегледи и анализи во бременоста, како и приближниот период кога треба да се направат
4
Интервју: Бетпет, мајка на големиот борец ...
“Нашата ќерка се роди на 6 месеци и 18 дена и тоа со тежина од само 630 грама. Сега имаме три месеци и 2050 грама, па за...
4
Од што се плашат новопечените мајки?
Ќе станам како мајка ми, сексуалниот живот ми заврши, немам доволно пари, ќе бидам лош родител, мајчинството е тешка про...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?