Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Постигнувањето и одржувањето на адекватен нутритивен состав пред и во текот на бременоста, е од исклучителна важност за мајката и за новороденчето. Пред зачнувањето корисно е да започнете со прехранбени навики кои ќе ги задржите во текот на бременоста и доењето.
Исхраната пред бременост треба да биде разновидна, богата со свежи, непроцесирани производи како овошје, зеленчук, цели житарки, свежо месо и риба. Изворите на маснотија треба да бидат квалитетни, богати со незаситени и сиромашно заситени масни киселини.
Во периодот на подготовка на телото за бременост, нема место за строги редукциски диети и рестриктивни прехранбени режими, како лошо планирана вегетаријанска исхрана. Пред Вашето тело е исклучителен период и за нормален тек на бременоста и нејзин поволен исход особено е важна балансирана исхрана, со додатоци во неа.
НЕ
|
ДА
|
Додатоци во исхраната пред бременост
Заради важната улога во делбата на клетките и формација на одредени структури на фетусот, сите жени во репродуктивниот период треба да внимаваат на правилно внесување на фолна киселина. Истражувањата покажуваат дека со внесување на фолна киселина пред и во текот на раната фаза на бременост, може да се намали ризикот од spina bifida и други дефекти на невралната цевка кај новороденчињата.
Повеќето жени не внесуваат доволна количина на фолат по пат на исхрана, во оној клучен момент пред да сфатат дека се бремени. А тоа е време кога фолната киселина е од наголема важност. Заради тоа им се советува на сите жени во репродуктивниот периот, како додаток на храната да користат додатоци кои содржат 400 микрограма на фолна киселина.
Жените кои не консумираат храна од животинско потекло, треба дополнително да внесуваат витамин Б12, преку храната или преку додатоци. Ако мајката има недостаток на Б12, плодот е изложен на посебен ризик од недостаток на тој витамин, што може да предизвика анемија и невролошки абнормалности.
TO DO – листа пред бременост
- Закажете термин за лекарски преглед
- Известете го лекарот ако сте под некаква терапија, или земате некои лекови без рецепт
- Консумирајте 400 mcg фолна киселина дневно и некој мултивитамински напиток за трудници.
- Доколку Вашата телесна маса не е идеална, направете план како да ја постигнете.
- Посетете стоматолог, ако не сте го направиле тоа о последните 6 месеци.
- Престанете да пушите и бидете умерени со алкохол и кофеин.
- Доколку посетувате солариум и сауна, престанете.
- Наполнете го фрижидерот со здрави производи.
- Распрашајте се за вежби за трудници во Вашата близина.
забава Бремените
Автор: bobik
Иако звучи целосно неверојатно, но човечкото тело може да биде алергич...
Од првата кашичка до денешниот апетит
Нашиот однос кон храната не се формира случајно. Tој е длабоко поврзан...
Сите го правиме. Понекогаш неволно, понекогаш заразно, а понекогаш дур...
Да станеш мајка е едно од најдлабоките и најмоќните искуства што може ...
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: