|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју: Стевица и Кате Ристиќ

Редакција Рингераја, 4.5.2010
“Семејството за нас е нашата иднина. Живееме за нашата ќеркичка, живееме еден за друг, за нас семејството е нешто свето, нешто кое многу тешко може да се опише со зборови, но мора секој да го почувствува.

image
/71


Вака размислува семејството на нашиот репрезентативец Стевица Ристиќ, познат меѓу своите најблиски како Риле. Моментално игра и живее во Кореа заедно со своето семејство, сопругата Кате и малата Стефани.

 

РР: Го поддржуваш и следиш секој чекор на Риле?  Колку тоа ти одзема енергија или напротив те исполнува заедно со твојата најубава улога, да бидеш мајка на Стефани?

Кате: Нормално дека го следам и подржувам секој чекор на мојот сопруг и во ниту еден момент тоа не ми пречи, напротив ме прави среќна. Да се биде посветена сопруга и мајка, да се има семејство е нешто што треба да дава сила, а не да одзема, да те исполнува во целост, да се чувствуваш среќна, а токму така се чувствувам јас. Кога се венчавме со мојот сопруг си направивме договор, каде едниот – таму и другиот. До ден денес се придржуваме до ова и супер ни оди.

РР: Дали како жена, сопруга, мајка си исполнета? Постојат ли моменти кога те совладува носталгија и на кој начин тоа го сокриваш од Стефани?

Кате: Секако дека сум исполнета и како мајка и како сопруга. Имам прекрасно семејство, ќеркичка и сопруг кои многу ми значат и кои ми се, се на светот. Токму тоа ме исполнува и ме прави среќна – моето семејство. Нормално постојат денови кога сум носталгична, кога мислам на моето семејство во Македонија, на пријателите, на се што е поврзано за дома, но сето тоа поминува кога ќе ја погледнам Стефани, насмеана и весела. Кога ќе видам дека таа е среќна и јас сум среќна.

РР: Што значи да бидеш сопруга на еден успешен фудбалер?

Кате: Искрено јас уживам во сето ова. Да се биде сопруга на еден успешен фудбалер знае да биде многу напорно, бидејќи многу често мојот сопруг отсуствува од дома, оди на натпревари, подготовки, а јас останувам сама со ќерката во потполно туѓа земја. Но, после толку години се навикнав веќе. Во ваков случај потребна е обострана доверба, разбирање и голема љубов. Бидејќи сето тоа го имаме, јас сум многу среќна и горда сопруга.

РР: Што е најважно да ја научите Стефани?

Кате: Јас и сопругот се трудиме што повеќе време да поминуваме со нашата ќеркичка и така да и пружиме многу внимание и многу љубов, се трудиме добро да ја воспитаме, да ги научи моралните вредности, да разликува добро и лошо... секој човек сака се најдобро за своето дете, па и ние, со сопругот се трудиме да и овозможиме се на Стефани, но и да ја научиме дека љубовта и среќата се поважни од материјалните вредности.

РР: Како го поднесуваш селењето од еден клуб во друг, како целото семејство се носи со тоа?

Кате: Ние сме веќе три години во Кореа. Нашата ќеркичка имаше само три месеци кога се преселивме тука. На почетокот ни беше многу тешко, бидејќи моравме да се навикнеме на се, на храната, на луѓето, на нивната култура... Но, како минуваше времето стануваше се полесно и полесно, полека се навикнавме, стекнавме нови пријателства и сега живееме убав живот тука. Најважно е што Стефани ја обожава Кореа, секој ден оди во градинка, го зборува нивниот јазик и се дружи со кореjските дечиња. Сепак морам да напомнам дека недостасуваат најблиските, пријателите без разлика колку и да ни е убаво тука. Сите знаеме дека дома, во родната земја е најубаво!

РР: Дали можеби Стефани покажува амбиции кон фудбалот?

Кате: Морам да кажам дека Стефани обожава да оди на стадион и да го гледа татко и. А бидејќи во секој поглед е слика и прилика на татко и, не би ме зачудило некој ден и фудбал да заигра.

РР: Како ти се допаѓа Рингераја? Би одвоила ли време да се дружиш со нас и да ни пренесеш дел од животот во Кореа? Во мигови на носталгија, да ти пуштиме позитвна енергија? Убавиот збор, далечина не познава.

Кате: Искрено пред некој ден се активирав на Рингераја и морам да признам дека многу ми се допаѓа. Погледнав многу ваши содржини, многу албуми и бев пријатно изненадена, но сепак најголем впечаток ми остави вашите Рингераја дружења и во целост ја подржувам вашата хуманост. Доколку јас и моето семејство сме во Македонија за време на некое ваше следно дружење и ние ќе ве посетиме. А што се однесува до позитивната енергија од Рингераја со задоволство ја прифаќам!

РР: Каде беше во моментот кога стана татко? И како го прослави доаѓањето на свет на Стефани?

Стевица: Во моментот кога станав татко бев во Србија, во Вршац, бидејќи Кате таму се породи. Заедно со моето семејство и моите пријатели славев недела дена, четири дена немав спиено од среќа. Тоа никогаш нема да го заборавам, беше најсреќниот ден во мојот живот.

РР: Какво беше чувството да се држи за прв пат нешто толку малечко  во рацете? Имаше ли трема или се снајде веднаш? Дали возбудата можеше да се спореди со онаа кога ќе дадеш гол на некој позначаен натпревар?

Стевица: Најискрено бев многу исплашен, бидејќи тогаш за прв пат држев толку мало бебе во рацете. Имав трема, но морав да се снајдам, бидејќи едвај чекав да се роди. Едвај чекав да ја држам и да ја бакнувам! Секако дека мојата ќеркичка е нешто најубаво и најважно што ми се случи во животот. Голови давам постојано, точно дека ми се важни, но ни приближно толку, колку ми значи мојата Стефани.

РР: Колку и помагаш на сопругата, со оглед на тоа дека сте далеку од дома? Сепак да се биде професионален спортист бара многу труд, енергија, работа, тренинзи?

Стевица: Кога сум дома, се трудам максимално да и помогнам на Кате, бидејќи знам дека кога не сум има многу обврски, како по дома, така и со Стефани. Најважно ми е кога сум дома да им се посветам на двете!

РР: Колку тамошната култура влијае врз воспитувањето на вашата ќерка?

Стевица: Стефани оди во градинка, се дружи со корejските деца прифати многу кореjски обичаи и од нивната култура на воспитување, па јас и Кате се трудиме да ја насочиме кон тоа што е добро, а што не, сепак задоволни сме од тоа како е воспитана.

РР: Дали ти се допаѓа начинот на живот на далечниот истok?

Стевица: Многу ми се допаѓа начинот на животот овде. Ми се допаѓа нивната култура, нивната храна, животниот стандард е на високо ниво и убаво е да се живее овде.

РР: Што ти е најважно во животот?

Стевица: Во животот најважно ми е здравјето на моето семејство!

РР: Бидејќи имаш успешна кариера и прекрасно семејство, дали сметаш дека си ја исполнил својата животна цел?

Стевица: Што се однесува до кариерата, мислам дека сеуште не сум ја исполнил мојата цел, сега сум некаде на половина пат. А што се однесува на семејството, мислам ДА. Имам жена и ќерка кои ги сакам најмногу на светот и кои ме прават среќен. И можам слободно да кажам дека имам семејство какво што од секогаш сум посакувал.

РР: Какво е чувството да се биде родител? Што правите најчесто во слободните моменти?

Стевица: Секој слободен момент се трудам да и биде посветен на Стефани. Да и покажам колку ја сакам, да си играм со неа, бидејќи тоа ми се најубавите моменти. Какво е чувството? Уф...тоа не може да се опише. Да се биде родител е нешто најубаво на светот! Обично слободното време го поминуваме дома, бидејќи многу патувам, па сакам кога сме заедно, максимално да им се посветам. Сакаме да излеземе во парк, да шетаме низ град, честопати знаеме да шетаме и по други градови, да ги запознаваме нивните обичаи и културата, а сакаме да одиме и во кино...

РР: Дали сакате уште деца?

Стевица: Да, уште 5 – 6, хехе. Сега Кате би ме убила. Малку се пошегував, секако дека сакаме и планираме уште деца.

РР: Што би им порачал на нашите членови на Рингераја?

Стевица: На членовите на Рингераја им порачувам да бидат добри и чесни, да веруваат во она што го сакаат и никогаш да не се откажуваат. Да се трудат и напорно да работат, бидејќи доколку нешто вистински сакаат само така ќе успеат да го добијат во животот. Најважна е вербата во себе и љубовта кон саканите личности.

РР: Дали кога би имал повеќе време би станал наш активен члeн на Рингераја и би се вклучил со свои искуства, размислувања, идеи?

Стевица: Бидејќи сега имам многу важни натпревари и многу напорен распоред и со оглед на тоа дека скоро никогаш не сум дома, тешко, но после Нова Година ќе имам повеќе слободно време и ќе ми биде чест да се дружам со вас. Поздрав!

И на нас ни останува да го поздравиме семејството Ристиќ, да им посакаме многу успеси и секако надеж дека ќе бидат дел од нашето Рингераја семејство, дел од некоја наша наредна дружба.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Совети за среќен живот
Еве некои совети како да им помогнете на своите деца да живеат посреќно во денешниот свет, исполнет со брзање, напнатост...
4
Девојчињата прерано на штикли
Многу од производителите на чевли во својата понуда денес имаат и штикли за деца. Лекарите предупредуваат дека носењето ...
4
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Научете го синот да биде џентлмен
Вашиот син – културен и воспитан дечко со кој се гордеете. Еве неколку совети за родителите на момчиња
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?