|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со Дани Димитровска

www.intervjua.com.mk, 20.7.2011
Младите послободно зборуваат за секс со својот идол, отколку со родителите

image
/31


 

 

Како поминува караванот „Слободно прашај - имаш каде“ и за што најчесто прашуваат младите?

“Слободно прашај - имаш каде” е кампања со која сакаме да ги запознаеме луѓето со центрите кои ги има во нивните градови, а каде можат да се обратат за совети, бесплатни гинеколошки прегледи, контрацептивни таблети итн. Кампањата е ултра забавна. Основа ни е музиката, придружена со едукативни моменти!

Дали се младите послободни и поотворени во таков амбиент?

Секако… Поопуштени, насмеани и расположени. Во таков амбиент мислам дека може и физика да се предава. И јас би слушала :) .

Од контактите што ги имаш досега, колку знаат тинејџерите за сексуалното здравје и за другите теми кои се опфатени со кампањата?

Делот со контактите со младите ми е едно од омилените парчиња во целава анти/aids кампања. Имаме паметна младина, знаат да слушаат и да прашуваат. Треба да умеете со нив. Многу е важен пристапот - го добивате тоа што им го нудите. Ги интересира се’, а прилично се информирани за сексуалното и репродуктивно здравје. Најважно е тоа што, колку и да знаат, сакаат да слушнат повеќе.

Како ги советуваш младите во кампањата за борба против сидата?

Преку музика, опуштени муабети на мојата веб страна, фејсбук, едукации по училишта... Поентата е да се ослободи младината од општествените стеги и закоравени сфаќања. Да се спознаат себе си, да ги знаат своите права... да се заштитат!

Дали е Македонија се’ уште конзервативно опшстество и се судираат ли тинејџерите со „ѕид на срам“ во семејството и во својата средина, односно со молчење кога сакаат да дознаат повеќе за сексот?

Факт е дека сме конзервативно општество, и тоа не се менува преку ноќ. Овде важна улога имаат зрелите, да не речам постарите, кои влијаат во воспитувањето на младите. Со моите четири години инволвираност во оваа тематика, јас се чувствувам променето, а богами има разлики и на оние на кои влијаеме... Мали разлики, но сепак ги има.

Веројатно на вашите забави повеќе доаѓаат девојчиња. Колкав е соодносот женски-машки?

Па не знам, но со оглед на тоа дека девојчињата се побројна публика општо, може да се каже дека понекогаш го владеат просторот. Меѓутоа, според тезата, каде што има девојчиња секогаш има и момчиња, сепак мислам дека разликата е мала, да речеме 55-45 :) .

Посетивте повеќе места во Македонија. Постои ли разлика во информираноста за овие теми меѓу градовите?

Постои повеќе срам, веројатно со тоа и помалку информираност, но важна е волјата, која ја има во секој град.

Научи ли ти нешто повеќе од она што го знаеше претходно?

Секојдневно учам, а првенствено станав посвесна за себе. Потребата да допрам до своите, да раскажам и пренесам, стана секојдневна, ме исполни. По секое враќање од било каде, многу, многу повеќе го ценам сопственото здравје и здравјето на син ми.

Неодамна беше во Каиро, како амбасадор на Y-Peer (организација за едукација на младите за нивното здравје) на конференција за новитетите во борбата против сидата. Какви ти се впечатоците од таму и дали е во светот оваа болест ставена под контрола?

Залагањата во Македонија се повеќе насочени кон кршење на табуата поврзани со кондомите и нивното користење, едуцирање прво на постарите а потоа на младите (како што е редот во едно социјално општество ) за превенцијата од сексуално преносливите болести, отворени разговори со тинејџерите за првиот сексуален однос (под претпоставка, а подоцна и од искуство, се покажа дека тинејџерите послободно би зборувале со својот идол отколку со родителите), и од веќе инфицираните да се тргне завесата наречена стигматизација. Додека пак, надвор од нашава земја, сите овие чекори се одамна направени, па акцентот е на зголемување на фондот со пари за терапии и водење војна со фармациите за ултра скапите медикаменти. Каиро е дел од светот.

Во ноември ќе учествуваш на хуманитарен концерт во Бејрут, заедно со голем број музичари од тој регион. По најавата за овој настап те нарекоа македонската Анџелина Џоли…

Она е Амбасадор на добрата волја, живее во Холивуд, заработува толку колку јас не можам ни да замислам. Кога и Македонија би била Холивуд, би се осмелила да размислувам за споредби. Се’ дотогаш, споредба со било кој од белиот свет ми е имагинација. Тоа на што сум фокусирана е мојот пат. Секој мој чекор, кој остава траги како отисок во наквасена земја, се моја гордост за која, со секој поглед на нив, вртејќи ја главата наназад, имам насмевка на лицето и полна душа. Е, тоа ми годи!

Позната пејачка и мајка... Како ги спојуваш двете работи во едно?

Ако не ги бива, не можеш да ги споиш. На сцена сум луда, дома сум кротка. Битен е балансот!

Што ти беше најтешко, што најлесно во музичкиот свет: Од кого научи најмногу?

Никогаш не можеш да кажеш дека си научил доволно или дека знаеш се’. Секојдневно имам предизвици од кои учам. Конкретно, за музичкиот свет, да речеме дека никогаш нема да научам да се вклопам во лажниот сјај, во лажното претставување, во задолжителното носење лажни брендови на штикли, во ценење на луѓето според тоа кој колку „фаци“ познава, во тоните шминка од кои ме пече лицето, во мерење килограми... Најлесното и најубавото е пеењето пред публика И точка.

Како дојде до тоа да соработуваш со Скит Скитара и што очекуваш да значи „Борци“ за твојата кариера во овој момент?

Сакав нешто сосема поразлично од се’ досега, фузија на поп-рок и хип хоп ми беие Inn комбинација. „Токсикологија Мјузик“ го издвојиа Скит како дечко кој најмногу лепи. Не ми беше важно дали е ултра популарен или екстра анонимен, туку ми беше важна енергијата, флексибилноста и волјата за експериментирање. Преслушав неколку негови траки и сфатив дека е мангуп кој го бива! Направи супер песна во која ептен верувам! Не знам колку таа ќе значи за мојата кариера, бидејќи кога се работи за музиката функционирам со срце. Сепак, оптимист сум.

Важиш за една од миленичките на „Ем-ти-ви Адриа“, барем од македонските пејачи. Што ќе понудиш со новиот спот?

Видеото, како и песната се прилично поинакви од досегашната моја музичка експресија. Песната има мотивирачки текст, говорејќи за секојдневните прачки на патот и волјата за напред, не осврнувајќи се наназад! Видеото ја има истата симболика, прикажана преку група екстремни велосипедисти! Огнен Шапковски е режисер, кој многу успешно ја долови атмосферата на песната, визуелно.

Последниве неколку години ти се прилично успешни. Дали имаш стратегија за следните три-четири? Може ли тоа (подолгорочно планирање) да се прави во Македонија?

Веројатно може, иако јас никогаш не сум имала стратегија на толку долго време! По начин на функционирање сум своја, која најмногу му верува на инстинктот. Спонтаноста ми е верен пријател, а соновите и публиката најголема мотивација!

Дали некогаш би направила драстична промена на имиџот?

Ако до вчера бев со ставот дека најмногу ја почитувам недопрената природност кај луѓето, кои како такви се најубави и не случајно создадени, денес сум со став дека промените се здрави и влијаат позитивно на личното доживување за себе! Би направила промена дефинитивно, чекам да си дојде моментот, сам по себе.

Што те прави најмногу среќна во овој период од животот?

Изворот на мојата среќа е секогаш син ми. Во периодов посвоивме кученце, па покрај белјите по стан, имаме дополнителна среќа :) .


 

Миодраг Мишолиќ

 

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Излечете ја кандидата со лук?!
На сите ни е познато дека лукот е волшебник кога се во прашање лекови од природата. Но дали знаевте дека лукот е феномен...
4
Близначки кои се запознале по 30 години
Оваа приказна може да Ви личи на сценарио за филм, но ова е една апсолутно вистинска животна приказна. Две сестри од Инд...
3
Се ожени Полат Алемдар
На големо изненадување на фановите, Полат Алемдар се ожени!
3
Среќен 8-ми март на сите жени!
“Без жена почетокот на нашиот живот би бил без помош, средината без задоволство, а крајот без утеха”, рекол Бајрон.Среќе...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?