Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Нашата топка
Седнете на подот, еден наспроти друг со раширени нозе и истркалајте ја топката кон детето. При тоа кажувајте дека сега топката му ја давате него и притоа покажувајте со прст кон топката. После натерајте го да ви ја врати. Можно е на почетокот детето многу тешко да ја разбира и прифаќа играта, но имајте повеќе трпение. Во оваа игра може да ги вклучите таткото, сестричката или братчето.
Огледалце, огледалце
Дајте му на детето мало огледалце, за кое сте сигурни дека не може лесно да се скрши. Бебето ќе го држи во раце и со голем интерес ќе го набљудува својот одраз во него. Движете го огледалото лево и десно, за да може детето да го следи со поглед.
Најди ја играчката
Седнете еден наспроти друг со детето, покријте ја неговата играчка со крпа и помолете го да ја најде играчката. Детето ќе се обидува да ја тргне крпата од играчката. Потоа повторно ставете ја крпата на играчката и покажете му дека се радувате што успеало.
Што ѕвони тука?
Ставете го детето да седи на подот, а Вие седнете зад него со некоја играчка која што создава звуци. Почнете да произведувате звук прво над главата на детето и постепено однесете ја до подот. Ќе видите како детето ќе го следи звукот и ќе се обидува да ја фати играчката.
забава Бремените
Автор: bobik
Дијабетес, како да го препознаете и лекувате?
Дијабетесот е хронично заболување при кое организмот не може правилно ...
Цели зрна и рафинирани житарки, која е разликата?
Житарките се важен дел од здравата исхрана, но не сите се еднакво хран...
Колку време е препорачливо да лежите по однос?
Многу парови кои се обидуваат да добијат бебе се прашуваат дали лежање...
Најпознатите лековити билки и нивните својства
Лековитите билки се користат со векови како дел од традиционалната мед...
Колку дена пред овулацијата можете да забремените?
Многу луѓе мислат дека бременост е можна само на денот на овулацијата,...