|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Игри при патување

Петра Балиш, 1.8.2012
Во текот на возењето некои деца стануваат нестрпливи, дури и заморени од досада. Прочитајте неколку предлози како да го скратите времето при долгите возења...
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Во текот на долго возење некои деца стануваат нетрпeливи, дури и заморени од здодевност. За да го спречите лошото расположение во текот на возењето, треба пред заминување да подготвите некои работи. За (секое) дете подгответе торба и наполнете ја со најдрагите играчки на детето, CD-a и книги. Ако е патот многу долг, понесете и некоја нова играчка, а не ги заборавајте ни солените и слатките „грицки“ кои вашето дете ќе го забавуваат и ќе го развеселат во најтешките моменти.

Внимание: немојте наеднаш да го извадите сето „слатко“од торба, туку полека, едно по едно, за детето да не се засити од се. Покрај играњето со играчки можете да си играте и некоја од друштвените игри, а со поголемите деца можете гласно да пеете, да ја разгледувате околината и слично.

Неколку предлози како да го скратите времето при долги патувања:

1. Слушајте го омиленото CD на детето со музика или со приказни.
2. Пејте заедно со детето и измислувајте нови и необични приказни.
3. Разгледувајте ја околината, зборете му што сте виделе: животни, големи автомобили, камиони, куќи со необичен облик или бои, балони во воздухот...
4. Поголемите деца ќе бидат воодушевени ако им зборувате за случките од своето детство.
5. Со децата кои веќе ги знаат буквите и бројките можете на набројувате животни, предмети кои почнуваат на одредена буква, да собирате, делите... и така низ забава да го потврдувате неговото знаење.
6. Низ играта „асоцијација“ ја развиваме детската фантазија.

За потврдување на знаењето на поголеми деца соодветни се следниве мисловни и забавни игри:

Забавна приказна: секој играч кажува по еден збор, а некој од играчите мора од сите тие зборови да состави една реченица, односно приказна. На пр. од зборовите: пејач, компјутер, јазик, готвење, може да се склопи симпатична и смешна приказна.
Зборови кои почнуваат на иста буква: играчите избираат една буква, па мораат сите по ред што побрзо да набројат зборови кои почнуваат со таа буква.
Без пантолони: играта е многу смешна. Играат 2 играчи, првиот поставува прашања, а другиот на секое прашање одговара со зборовите: Без панталони. На пр.:
Прв: Како ќе одиш утре на плажа?
Втор: Без панталони!
Прв: Како ќе играш натпревар?
Втор: Без панталони!
Прв: Како ќе го прославиш роденденот?
Втор: Без панталони!

Такви игри има безброј, ние дадовме само неколку предлози, некои може да ги измислите и самите.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Живеј здраво
Витамини и минерали за заштита на кожата
7
8 намирници за прочистување на црниот дроб
Црниот дроб е втор по големина орган во човековото тело. Благодарение на работата на црниот дроб, се извршуваат голем бр...
7
Губење на апетит кај деца: како да се спра...
Привремено губење на апетит кај мали деца е честа појава и ретко е причина за загриженост. Но, може да биде загрижувачко...
7
Плишано мече – таа прекрасна играчка!
Тој е омилена играчка на генерации деца, играчка од која не се одвојуваат, синоним за сигурност и стабилност. Дали Ви се...
6




Анкета

Пушење во бременост
predrag

Дали пушевте за време на бременоста

Да, како и претходно (15%)

Да, но помалку од претходно (23%)

Да, почнав за време на бременоста (0%)

Не, престанав за време на бременоста (19%)

Не, престанав уште пред да забременам (13%)

Не, никогаш не сум пушел/а (30%)


Број на сите гласови: 205

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!