|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ФЕСТИВАЛ ЗА ДЕЦА викендов во Skopje City Mall

Skopje City Mall, 1.12.2017
Денес кога сите живееме со брзо темпо и водиме динамичен живот, понекогаш забораваме колку е драгоцено времето поминато со нашите најблиски. Токму од таа причина, Skopje City Mall викендов организира Фестивал за деца

image
/11


 

Родители, искористете го времето квалитетно со своите најмили и поминете си незаборавно викендов во Skopje City Mall на Фестивалот кој започнува од утре (петок) и ќе трае с? до недела.  

Главна атракција на “Kids Festival” ќе биде ТАЛЕНТ ШОУ-то, каде ќе се избираат млади фото модели и таленти по пеење, танцување, глума и јутјубери. Победниците ќе бидат активни во следните кампањи на Skopje City Mall, а ќе бидат оценувани преку социјалните медиуми и жири кое од Skopje City Mall засега не го откриваат.

Најпривлечен турнир за тинејџерите ќе биде натпреварот во Play Station (фудбалска игра). Индивидуално или во тимови, заинтересираните ќе ги покажат своите PS способности, а за најдобрите ќе следуваат подароци.

Skopje City Mall пред неколку месеци за прв пат кај нас го организираше големиот LEGO Фестивал. Дечињата беа фасцинирани од магијата на овие безвременски играчки, па затоа Skopje City Mall на фестивалот ќе организира и LEGO турнири, на кои дечињата со помош на инструктор ќе создаваат LEGO фигури и ќе бидат наградувани за истите.

Малите креативни умови ќе ги покажат своите способности во работилниците кои ќе се организираат за време на фестивалот. Во соработка со “Нулта отпад”, учесниците ќе можат од стар електронски отпад да создадат уникатни уметнички дела. Посетителите ќе можат да уживаат и во танцовите изведби на дечиња од неколку школи, а најмалите ќе може да им се придружат.

“Досега традиционално беше организиран Саемот за деца и родители, кој се покажа како доста успешен и интересен за семејствата. Оваа година малку го менуваме концептот во Детски фестивал, каде ќе се забавуваат и тинејџерите. Особено н? е драго кога трговскиот центар е исполнет со весели лица и детски насмевки, па затоа и многу често сме организатори на вакви настани со активности посветени токму на нив. Едноставно ова е викенд на забава за целото семејство во Skopje City Mall!” – изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

Секако дека ниту еден настан организиран во шопинг центар не би бил комплетен без намалувања во продавниците, па така за време на Фестивалот за Деца во 28 продавници во Skopje City Mall ќе може да купите производи со попусти од -20% до -70%.

Целосната програма и информации за активностите и попустите може да ги погледнете ТУКА

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што може да направи вашето дете а вие НЕ?!
Дали некогаш сте размислувале како некои работи децата едноставно можат да ги направат? И како е тоа понекогаш ужасно см...
4
Вистинска ѕвезда на кралската венчавка!
ПРЕСЛАТКАТА тригодишна принцеза Charlotte ги украде погледите на целиот свет на свадбата на својот чичко Хари и Меган Ма...
4
Маја Аргакијева photography: Дарија
Галерија: Maja Argakijeva, Creative Baby & Child Photography
4
Немирно дете = интелигентно и бистро дете?
Верувам дека сосема малото дете гледа нешто повеќе и подалеку од возрасниот човек. Понекогаш изгледа дека тоа не ги глед...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste zavisni od interenet?

Da (60%)

Ne (20%)

Ponekogas (20%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!