|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Епилепсија и бременост

Александар Ј. Ристиќ, 22.10.2014
Без оглед на сите предрасуди, најмалку 90% од трудниците со епилепсија ја завршуваат бременоста без никакви проблеми.

image
/11


 

Голем број од жените со епилепсија се трудници. Меѓу 200 – 250 трудници боледуваат од епилепсија, или тоа се 0,33 – 0,5 % од сите трудници. Од сите жени со епилепсија 13% го имаат првиот напад во бременоста, од кои 40% имаат напади само во текот на бременоста. Од друга страна епилептичниот статус (состојба во која се повторуваат епилептичните напади без присуство на свест меѓу нив) претставува дел од клиничката слика на еклампсија, како едно од најтешките компликации во бременоста.

Без оглед на сите предрасуди, најмалку 90% од трудниците со епилепсија ја завршуваат бременоста без никакви проблеми. Планот за лечење на трудниците со епилепсија мора да опфати разгледување на сите предности и ризици кои можат да настанат. Тоа посебно се однесува на примена на антиепилептици во текот на бременоста, со оглед на тоа дека потенцијалниот ризик за оштетување на ембрионот или фетусот при примање на лековите, мора да се одмери во однос на ризикот по мајката доколку лековите воопшто не се применуваат. Во многу случаи болните од епилепсија стануваат свесни дека се бремени по неколку недели од зачнувањето, а за тоа време се изложени на влијанието од антиепилептици, или епилептични напади.

 

Влијание на бременоста врз епилепсијата

Во текот на бременоста се случуваат круцијални промени во животот и организмот на жената кои можат да влијаат на измена во зачестеноста на нападите. Изменет е психосоцијалниот статус на жената и било да е поволен или неповолен наметнува мноштво нови обврски и грижи. Најважна е грижата за породувањето, заради што многу трудници ја намалуваат дозата или прекинуваат со земање на лекови. Психолошките стресови се чести и попратени со хипервентилација (забрзано дишење) и недоволно спиење. Хормонските промени се нагли и поинтензивни од било кој друг период на животот. Фармакокинетиката (апсорпција, метаболизам и елиминација) на многу од лековите е изменета. Сето тоа заедно може да влијае на епилепсијата на трудницата. Во една опсежна анализа на досега објавени студии заклучено е дека кај 24% од трудниците е влошена контролата на нападите, кај 22% е подобрена, додека кај 54% нема промени. Најчесто влошување на состојбата има кај трудниците со тераписки рефракторна епилепсија (оние трудници кај кои епилепсијата не била контролирана и лекувана и пред бременоста) За среќа, не постојат показатели дека епилепсијата во бременоста е позачестена. Најчести причини за влошување на контролата на нападите се нередовното земање на лекови (страв на трудницата од тератоген ефект) и пореметена апсорпција и дистрибуција на лекот.

 

Влијание на епилепсијата врз бременоста и породувањето

Епилептичните напади од своја страна и пречат на бременоста. Доколку се јават големи напади во бременоста, се зголемува ризикот од компликации. Трудницата со епилепсија чии напади се непотполно контролирани има двојно поголем ризик за лош исход од трудница без епилепсија.

Компликациите на бременоста, како што се токсемија, прееклампсија, плацентално крварење или предвремено породување се почести до 3 пати и се јавуваат кај 9-11% од трудниците со епилепсија.

Нападот пој предизвикува пад во бременоста може да доведе до повреда на стомакот, а со тоа и плодот на трудницата. Зачестеноста на малформации на плодот на трудниците кои за време на бременоста имаат големи епилептични напади е 8,6%, а кај трудници со контролирани епилептични напади е 1,6%.

Доколку епилепсијата е добро контролирана, компликациите во бременоста и комплетниот нејзин исход не се разликуваат значајно во однос на трудниците без епилепсија. Добрата контрола на нападите е најважна задача во текот на бременоста. Како и кај болните од епилепсија, кои не се бремени, така и кај трудниците, битно се намалува можноста за напади доколку се земаат антиепилептици. Трудниците кои добро ги поднесувале антиепилептиците пред бременоста, добро ќе ги поднесуваат и во бременоста.

Со оглед на доброто поднесување на лекот од една страна и ризикот по мајката и детето (доколку дојде до напад) од друга страна, лечењето со антиепилептици во бременоста е неопходно и покрај ризикот од тератоген ефект на лекот. Доколку епилепсијата се појави во текот на бременоста и бара лечење, принципите на воведување на терапија се исто како и кога нема бременост т.е. лекот се воведува во најмали дози кои постепено и бавно се зголемуваат во мали порции.

 

Александар Ј. Ристиќ

Институт за неврологија, Клинички центар на Србија, Белград.

 

 

Забелешка:

Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Акни во бременоста - носите момче или дево...
Жените доживуваат сосема нов свет на промени кога се бремени. Една од овие промени може да бидат акните во бременоста
4
Дали да се депилирате (или не), пред пород...
Ќе боли ли како пекол? И уште поважно, дали е безбедно? Слушнавме дека некои гинеколози советуваат да не се бричите или ...
4
Фантастично видео: Како расте бебето во ст...
Има ли поголема среќа за жената од сознанието дека е бремена? А покрај таа среќа доаѓаат и многу промени, како во психич...
4
ВИДЕО: 7 најдобри позиции за породување
Зошто е важно во кои позиции раѓаме? Кои се најдобрите позиции за породување? Погледнете го видеото за да видите кои сед...
4