|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

elenamarjant: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 9.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/31

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: еленамарјант

Датум на породување: 21.03.2010година

Тип на породување: природно

Болница: во Битола

 

мммм..... Е па вака :) Бидејќи на 22 Март е празникот „Младенци” , иако веќе 3 недели бев влезена во деветти месец, таа недела упорно се спремав за тој празник бидејќи како пресни младенци беше редно да го чекаме. На 19 Март вечерта ме фатија првите болки кои не ни личеа на оние јаки болки кои треба да се добијат пред породување. Утредента со сопругот отидовме кај мојот матичен гинеколог, а таа итно ме прими, ме прегледа и ни вика ти до вечер треба да се породиш, но не си премногу отворена ќе мора да шеташ и тоа малку повеќе. Часот беше 9:00 на сабајле, каде да одиме толку рано? Рака за рака си тргнавме по Широк Сокак од почетокот па до крајот неколку пати , кој не виде не праша што правиме толку рано, а ние па шетаме и сл. изговори. Не ми се веруваше дека за неколку часа моето сонценце ќе биде до мене. Mене ми се смачи веќе не можев да одам, а болки не ми дојдоа појаки или на помал интервал па си отидовме дома.Така цел ден си лежев, продолжија подготовките за празникот, кон 18 часот уште една прошетка, но во 22 часот болките ми се зачестија. Oтидовме на болница ме прегледаа и ми рекоа дека не сум сеуште отворена да си одам дома, си отидов дома си легнав да спијам, но во 12 часот ноќта ми пукна водењакот и торбичката со нас  и повторно назад на болница. Mи ставија една провокација но не добив редовни болки, па во 3 часот сабајле ми ставија  уште една провокација и веќе во 6 и 30 ме однесоа на боксот. Додека ме припремија неколку минути добив напон и за 15 минути се беше готово, до мене го имав моето мало сонценце кое тежеше само 2 кг и беше долго 46цм. Сите се чудеа оти беше најмалото бебенце. Па така наместо гости за празникот јас донесов нов гостин дома, а на сопругот му се исполни желбата Софија да се роди на денот на пролетта. Денес Софија има 5 месеци и е 6 кг и 58цм, и е нашето мало ангелче кое има прекрасна насмевка.

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на Софија !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога е најдобро време за патување во бреме...
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и плановите.
5
Гадење и повраќање за време на бременоста
Гадењето и повраќањето се меѓу најчестите симптоми во раната бременост.
4
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до запознавањето со вашето бебе.
4
Миоми на матка
Миомите се бенигни тумори кои се создаваат од мускулното ткиво на матката. Најчести се кај жените меѓу 35 и 50 година. С...
4




Анкета

pasta za zabi
barbi03

Koja pasta za zabi ja upotrebuvaat vasite deca

colgate (58%)

bekytan (18%)

lakalut (25%)


Број на сите гласови: 57

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!