Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Палешка:
Ние си дојдовме, си поминавме најсупер на свет!
Пак седнавме во Mirage, прво бебушките ни беа срамежливи, си лежеа во колички..после се запознаа, опуштија па почнаа в раце да скокаат, да се смеат, зборуваат. Матеа на Felly почна да плаче, и се приспа многу, па Felly мораше да си оди. После ги доближавме малку Михаил на Snowhite и Миа, па кога зеде Михаил да ја гушнува, да ја задева... Snowhite, да не се посватиме?
Ацина ги изнадржа децата и и посакавме што побрзо да држи свое дете
Прекрасно беше! На разделба се договоривме да се видиме повторно за скоро!
Snowhite:
Ооо Михаил ќе ја изедеше готово, ептен ја бендиса, па и да се посватиме што..нема ништо лошо во тоа. Само мојов уште од сега по постари жени трча :)
Еее заборавив најважното да го кажам, откако се разделивме со Палешка, Михаил почна да вика „дада“ „дада“„дада“, јас го слушам и не ми се веруваше, му велам што? и тој пак „дада“„дада“„дада“, ова му е првиот посериозен збор, освен некои кажани на негов јазик, срце малечко, мамин.
Bitolcanka:
Прекрасна дружба сте имале. На Михаил и Миа не им е првпат да се видат (имаше и порано средба меѓу нив), но сега веќе пораснати - им се пројавиле чувства на љубов - срциња. Acina и Felly за првпат се појавуваат на слики - супер сте и двете
РР зближува!
Acina:
Малецките се супер! Не знаете колку позитивна енергија ми влеа тоа што девојките ги носеа и малецките. Многу се слатки, ми го зедоа срцето скроз. Гушки!
Julie:
Честитики за средбата! Прекрасни слики,прекрасни дечиња! Сигурна сум дека преубаво сте си поминале! Браво РР прилепчанки!
Felly:
Стварно убаво си поминавме, ама ми е криво што ние со Матеа не можевме да останиме подолго, ама нејзе кога и се спие, знае плачка голема да си направи ако не ја успијам одма. Затоа на другата средба ќе си дојдиме наспани. А Миа и Михаил многу се слатки, сега ги видов сликите, срциња мали
14
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли да се користи повторно тест за бременост?
Тестовите за бременост се едни од најчесто користените домашни медицин...
Приватна градинка, што треба да знаете?
За многу родители уписот на детето во приватна градинка е важна одлука...
Како да преживеете во минијатурен стан?
Животот во мал стан може да биде предизвик, особено ако просторот треб...
Зошто децата се најнемирни токму покрај мајката?
Многу мајки се соочуваат со истиот проблем детето е мирно во градинка,...
Вака изгледа кога си прв ден мајка
Првиот ден со бебето е мешавина од емоции кои тешко се опишуваат со зб...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?