|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Драматизација на приказната за Јана

Барбара Синадиноска Платнар, 26.11.2012
За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 2012. Целта на приказната е децата да спознаат и почувствуваат со која цел ги изработуваат играчките и кому ќе ги подарат

image
/11


 

 

(Дејството се одвива во домот на Јана. Околу неа се расфрлани ранчето, чадорот, патиките и дуксерката. Јана седи на столица задлабочена во своите мисли. Публиката слуша што размислува Јана (говорот е претходно снимен).

Јана:  

Ева е болна. Мојата најдобра другарка Ева е болна, така денес рече учителката. Колку ли само бев лоша кон неа последниот пат кога бевме заедно. Како можев? Како? Па Ева ми е најдобра другарка. Со другарите треба да си внимателен, добар и нежен бидејќи тие се како скапоцени бисери. А што направив јас?

(Дејството се префрла во сценографија која потсетува на детска градинка. На две столчиња (ако има можност нишалки) седат Јана и Ева. Јана пие битолско млеко, а Ева пие битолски јогурт. Јана во рацете држи убава и голема кукла.

Јана:  

Мммм...Дали има поубаво нешто на светот од битолското млеко? Би ги дала сите бонбони колачи и грицки, само за една чаша битолско млеко. Ева, дали знаеш дека млеково кое го пијам има вкус на топлата мајчина прегратка? Тоа не полни со енергија, бидејќи содржи протеини и калциум кои ни овозможуваат да растеме. Мораме да го пиеме за да имаме здрави заби и коски, за да не се разболуваме во зима и да можеме сииилно да трчаме.  Јас обожавам да го јадам со бисквити, житарки, сакам да пијам и милкшејк со овошје, а кога ќе пораснам ќе си ставам и во кафето, хихи. Нема ништо поубаво на светот од битолското млеко!

Ева:  

Има! Битолски јогурт  (и покажува јазик на Јана). Во јогуртот има повеќе корисни состојки – калциум, протеини, фосфор, јод и најважно од се витамин Б12 кој ја зајакнува крвната слика и помага мозокот да работи подобро. Велат дека луѓето кои пијат јогурт живеат подолго и се поздрави. Ако пиеш јогурт нема да имаш болки во стомакот, бидејќи помага во варењето на храната. Јогуртот ги зајакнува мускулите. Види го мојот мускул (покажува). Фати колку е цврст.

Јана:  

(Го допира мускулот на Ева)

Хахаха. Цврст како чорбата на баба. Ехеее, знаеш ли колку литри јогурт треба да испиеш за да ти се зацврстат мускулите?  Цел еден тон.

Ева:  

Си пијам јас. Секој ден кога ќе се вратам од градинка, пијам. Кога ми е лошо мама ми дава јогурт за да се освежам. А најомилено јадење ми е јогурт со смоки. Ајде да те видам ти јади млеко со смоки? Бљааак! (Продолжува да пие јогурт несмасно и и' остануваат траги на устата). Пробај, ова е новиот јогурт со киселкаст вкус. Ммммм, убавиот вкус ме зашемети.

Јана:  

(Отсутно. Ја гали куклата) Ева, оваа кукла ми ја поклони тетка ми. Јас со неа си спијам дома, ќе ја прегрнам силно, силно и ќе си заспијам. Знаеш, почнав да заспивам сама откако ја имам куклата.  Малку ме боцкаат пластичните нозе и раце, но ако. Има преубава коса и прекрасно фустанче. Ми се залепи за срцето, ете тука (покажува кон срцето). Ја зедов и во градинка бидејќи не можам без неа.

Ева:  

Прекрасна е. Колку ли само убава коса има. Па види и ги очите, трепките...А фустанот по најнова мода.  Јас немам толку убава и голема кукла. Моите кукли се мали и стари. Знаеш, со нив си играла сестра ми кога била мала, па сега си играм јас. Нивните коси не светат толку многу, а нивните фустани се искинати и стари. Јана, ќе ми дозволиш ли малку да ја подржам твојата кукла, да и ја погалам косата и нежно да ја бакнам?

Јана:  

Кај ти текна па сега тоа? Не може. Куклата е моја и не ја давам на никого. Да сум и ја дадела куклата. Глупости. Пиј си таму јогурт.

Ева:  

Те молам Јана. Знаеш, никогаш не сум допрела нова и убава кукла. Ништо нема да и направам, веднаш ќе ти ја вратам. Те моооолам Јана.

Јана:  

Баш затоа што не си држела нова кукла не ти ја давам. Не знаеш ниту како да ја држиш.

Ева:  

Те молам, те молам Јана. Барем за миг направи ме среќна. Јас не ти ја барам за себе куклата, само малку да ја подржам и веднаш ќе ти ја вратам.

Јана:  

(Гласно) Остави ме на мир! Не ти ја давам куклата. Твоите раце се валкани, а нејзиното фустанче бело. Види како си ја извалкала устата од јогуртот кој го пиеш, сакаш ли да ми ја извалкаш новата кукла?

Ева:

Не знаев дека си толку себична и лоша. Мама вели дека себичните деца никогаш нема да имаат другари. Јас не ти сум другарка штом не ми ја даваш куклата, нели? (И ја грабнува куклата од раце и почнува грубо да и го допира фустанчето и да ја бриши устата од нејзината коса.)

Јана:  

Коза една! Валкана една! Дај ми ја куклата веднаш!

Ева:

(Се налутува уште повеќе. Ја фрли куклата на земја и почна да ја валка од сите страни. Нејзината коса ќе се разбушави, а белото фустанче ќе стане кафено.)

Види сега на што личи твојата скапоцена кукла, која ти е поважна од најверната другарка. Би сакала ли сега да си играш со стара и валкана кукла, чија коса повеќе не свети како јасното сонце? Ајде, земи ја, прегрни ја и спиј со неа да те видам.

Јана:  

(Јана почнува да вреска и гласно да плаче)  Што и направи на мојата кукла? Љубоморна и завидлива една! Немала таа – да немам ни јас. Не си повеќе моја другарка. Бегај, не те сакам! (Јана вреска и скока без контрола)

Ева:

(Ја наведнува главата и се тргнува од местото каде се одвиваше настанот. Седнува во агол. Отсутно гледа во една точка)

Доаѓа воспитувачката и нечујно ја теши Јана. Пожелно е во позадина да свири некаков тажен фон. Јана по некое време се смирува, а Ева се уште седи во аголот и отсутно гледа. Воспитувачката се повлекува откако ќе заврши музиката. По кратко време се слуша нејзиниот глас.  

Воспитувачката:

Ева, мајка ти дојде да те земе. Подготви се.

(Ева безволно станува од аголот. Се врти накај Јана и ја подигнува раката во знак на поздрав. Јана отсечно ја врти главата.)

Дејството се префрла  во домот на Јана, на истото место каде отпочна претставата. Јана седи и молчи, а публиката ги слуша нејзините мисли. Говорот на Јана е претходно снимен.)

Јана:  

Кога би можела да го вратам времето, сигурно би постапила поинаку. Би и ја дала куклата на Ева да си поигра, а потоа двете заедно би играле. Другарството е поважно од некој обичен предмет, нели? Во секоја продавница има убави и големи кукли со убави фустани и коси кои светат како јасното сонце. Но мојата најдобра другарка не е до мене. Таа е сега во болница бидејќи имала висока температура и некаков вид на напад. Посетата била забранета и не се знаело кога ќе оздрави. (Почнува тивко да плаче.) Колку ли само бев лоша кон неа  последниот пат кога се видовме. Куклата ме направи да бидам себична и непријателски расположена. Својата најдобра другарка ја нареков валкана коза. Како можев? Како? Баба ми убаво ми вели -  убавите зборови донесуваат убави моменти, топло срце и широка насмевка на усните. Лошите зборови пак го сечат срцето како со нож, а тоа боли повеќе од вистинската рана. Ја повредив и ранив својата најдобра другарка толку силно што таа е сега во болница.  Јас сум лоша и не заслужувам да имам пријатели. Пријателите се како скапоцени бисери, и никогаш не треба да бидат поважни од некои предмети... (Пауза) Што ли прави Ева во таа голема зграда? Осамена е, тажна и болна. Кога ќе биде подобро, дали ќе оздрави? Ах,  кога би можела да и ја олеснам болката и некако да ја развеселам. Се' би направила за Ева да оздрави, би и се извинила и би ја замолила повторно да бидеме најдобри другарки...

(Гласно)

Може ли нешто да направам, иако не можам да појдам кај неа?

 

 

 

bimilk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Заврши акцијата "Прегратка на дар"...
Со многу подароци и насмевки на детските лица, заврши акцијата Прегратка на дар на Рингераја и БиМилк
3
Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2




Анкета

zensko ime
Angelce Monice

koe ime spored vas e poubo?

Ana marija (0%)

mila (67%)

meri (0%)

slavica (0%)

dragana (17%)

veronika (17%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!