|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Достигнувања со матични клетки од крв од папочна врвца

Cryo Save, Bi-MEK, 4.5.2010
Во 1988 беше докажано дека крвта од папочната врвца може да се користи за замена на оштетена коскена срж кај човекот.

image
/11


ЕТАБЛИРАНО СО ДЕЦЕНИИ

Во 1988 беше докажано дека крвта од папочната врвца може да се користи за замена на оштетена коскена срж кај човекот. Оттогаш овие хематопоетски (крвни) матични клетки (HSC) станаа докажана терапија во третирањето на неколку крвни заболувања како леукемија (малигно заболување на крвта), анемија (недостаток на хемоглобин) и некои автоимуни заболувања (каде организмот ги напаѓа сопствените клетки).

Заклучно со 20 годишнината на овој успех, 15.000 лица биле третирани со помош на трансплантација на матични клетки од папочна врвца.

УСПЕШЕН РАЗВОЈ ВО ПЕРИОД ОД ПРЕКУ 20 ГОДИНИ

 

Прв валиден успех во употребата на хематопоетски (крвни) клетки од папочна врвца датира од 1988. Во тоа време петгодишно дете кое боледувало од ретка генетска болест наречена Фанкониева анемија, било третирано со матични клетки од папочната врвца на неговата новородена сестра.

Денес, 20 години по трансплантацијата не само што момчето е со добро здравје, туку долгорочно е постигнато нормално функционирање на целата негова крв и имунолошки систем.

Дваесет години наназад само една болест можеше да се третира со матични клетки од папочна врвца; пред десет години само неколку болести.

Денес матичните клетки од папочна врвца успешно се користат за третман на повеќе од 70 заболувања од крвно потекло и повеќе од 15 заболувања од друга природа. Некогаш се работи за рак на одделни типови крвни клетки (како што се леукемиите) или други заболувања на крвта (како што се анемиите). Некои имунодефициенции, автоимуни заболувања (состојба, кога имуниот систем на телото ги напаѓа сопствените клетки) и метаболни заболувања исто така може да се третираат со матични клекти од папочна врвца.

На почетокот, повеќето третмани користеа алогена (донирана) крв од папочна врвца. Како и да е, можноста за зачувување на матични клетки од папочна врвца го отвори патот за автологни третмани. Не само што бројот на вакви третмани рапидно се зголеми во последниве неколку години, туку и листата на болести кои може да се третираат постојано се проширува. Тумори кои не се од крвно потекло како ретинобластом (тумор на очите) и неуробластом (тумор на мозокот) од недамна се додадени на листата.

Но потенцијалната употреба на крвта од папочна врвца не престанува тука. За да ја погледнете листата на заболувања кои може да се третираат со матични клетки од папочна врвца, кликнете овде Листа на болести

 

Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете.

Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:  

  1. CryoCord: чување на матични клетки само од крвта на папочната врвца
  2. CryoCord+: чување на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца

Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса.

Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4
МЕДТАРТУФ - Потреба на современото живеење
Најновата иновација е создавањето на првиот космички тартуф во светот кој го произведуваат пчелите, познат како медтарту...
3
Јога вежби за опуштање на грбот
Следниве две јога-вежби за кратко време, поради самата поставеност на телото, ја штедат енергијата, ја опуштаат мускулат...
3
Флуорот во борбата против забниот кариес
Во превентивата против забниот кариес најголемо место им припаѓа на флуоридите. Флуорот во организмот се наталожува во к...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?