vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Нејзините раце се толку мали, а прстите едвај допираат две копчиња во исто време. Таа користи дополнителен додаток на седиштето и сета концентрација и е насочена во свирење без да гледа.
Пред неколку седмици не знаела ниту да ја свирка Mary Had a Little Lamb, но денес ја нарекуваат мини маестро за пиано и Британска најмлада пиано ѕвезда.
Нејзиниот учител Матеј Лехоцки изјави: “Да се свири пиано на нејзина возраст е нешто необично, нешто многу посебно. Обично децата на таа возраст не се во состојба да се контролираат или да направат она што им се кажува. За нив е нормално да удираат по типките на клавирот неколку минути и да избегаат од досада.”

Лавиниа, која го прослави својот 3 роденден вчера учеше да свири само шест недели пред да седне и одржи концерт пред публика од 200 луѓе во локалната црква во гратчето Plymouth.
“Таа е толку зрела за своите години, што заборавате дека имате тригодишно девојче до вас. Таа изгледа како да има пет или шест години. Се разбира, постојат моменти кога се расејува, но оној талент кој го поседува е нешто исклучително. Нејзината координација око – рака е фасцинантна.”
Таа може да ја свири Old MacDonald had a Farm со користење на двете раце одеднаш. Мислам дека за период од 8 месеци ќе биде во можност да полага испит по музичко. Не можам да се сетам на некој кој го правел тоа на возраст од три години. Малата Лавиниа беше наречена мини Моцарт по завршувањето на концертот (иако се смета дека Моцарт имал 4 години кога за прв пат почнал да учи да свири клавикорд.)
Ниту еден од нејзините родители не свири пиано. Тие ја забележале нејзината заинтересираност купувајќи и играчка пиано за Божиќ.
Нејзината мајка изјавува смеејќи се: “Немам идеја на кого е Лавиниа – таа е дури поинтелегентна и од мене. Пред да наполни две години можеше да пишува бројки и букви и да ги препознава во книгите. Откако случајно и купивме играчка пиано, беше преокупирана со тоа по цел ден. Ја прашавкме дали сака да оди на часови, рече дека сака и така се случи.”

Нејзините родители и купиле пиано, за да го развива својот талент и дома. “Таа свири и дома, земајќи трпезариски стол, наместо да седи на пиано столче. Понекогаш игра и свири цел ден, а понекогаш не му се приближува на пианото цела седмица. Ја ставаме да одлучи сама и нема да ја притискаме ниту во иднина. Ние само сакаме да и овозможиме да го развие својот талент по природен пат.”
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Исхрана за заздравување по породување
По породувањето, вниманието природно е насочено кон бебето. Но, и тело...
Колку често јаде и спие новороденче?
Една од најчестите дилеми кај новите родители се однесува на јадењето ...
Стрии, тежина и самодоверба после породување
По породувањето, многу мајки се соочуваат со промени што не ги очекува...
Кога грчевите се јавуваат токму на средина од циклусот
Благи грчеви во долниот дел на стомакот околу средината на менструални...
Редовен циклус не е гаранција за плодност
Многу жени мислат дека ако менструацијата им доаѓа редовно секој месец...