|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детски хороскоп: Дете Водолија

Редакција Рингераја, 17.7.2014
Оригинални, радознали, необични...Како да одгледувате дете во знакот на Водолија?

image
/11


 

Хороскопскиот знак во голема мера го одредува начинот на однесување на детето и тоа од неговото раѓање, па се до поголема возраст.

 

(0-2 години)

Добивте бебе Водолија? Прво што треба да знаете е да не поставувате и да не очекувате стандарди и правила. Влијанието на Уран е дефиниција за оригиналност и необичност, па неговото влијание кај овие бебиња за брзо ќе дојде до израз. Нервозата и бурната реакција на секоја дразба од околината се очекувани реакции, па подгответе се да бидете максимално смирени и на најдобар начин да го смирите бебето.

 

(2-4 години)

Заборавете на сите класични совети на бабите, пријателите и искусните родители, освен ако тие самите немаат искуство со дете во знакот на Водолија. Искуството на одгледување и нега на овие деца е неповторливо и секогаш ново. Нивната логика е необична. Тие често ќе ги растураат играчките за да видат што има во кутијата. Ќе забележуваат работи покрај кои сте поминале илјада пати, а не сте ги виделе.  Ги интересираат летечки чинии, Марсовци и вонземјани, телефони и компјутери. Пожелно е што порано да им купувате логички играчки, во кои брзо ќе бараат одговор. Разговарајте со нив за се и задолжително подгответе се за прашањата за елекрицитетот, молњите и громовите, свемирот, планетите и невидливите луѓе. Потрудете се на секое прашање да дадете што подобро објаснување.

Потрудете се да не правите драма од се, бидејќи овие дечиња знаат да бидат многу бунтовни и бурни во своите реакции. Посебно треба да водите сметка за нивното спиење.

На овие мали истражувачи може да им се случи да заборават дека им е ладно, дека им се јаде, или на заспијат на сред гледање телевизија. Во такви случаи треба да бидете исклучително креативни, за да им го свртите вниманието.

 

(4-6 години)

Поаѓањето во градинка е обично преломен период во животот на вашиот мал Уранец. Никогаш нема да можете да предвидите како ќе се социјализира, бидејќи секогаш одново ќе ве изненадува. Може дури да се случи, после сјајното прилагодување и радоста кога оди во градинка, да настапи период на негодување и осаменост. Тешко му е потполно да ви се отвори, а посебно да ви каже како некоја постапка на другарите ја доживеал трауматично. Знакот Водолија е добар пријател, па многу е важно во овој период да воспостави соработка, да стане дел од тимот и да се пронајде себеси. Било каква ваша помош и асистенција се сувишни. Вие тука можете да бидете поддршка, но не и активен учесник. Комуникацијата полна со необични зборови од цртаните филмови е многу својствена на овие деца, а една од омилените приказни им е Алиса во земјата на чудата.

Занимавањето со колективен спорт е ваш драгоцен сојузник во воспитувањето на детето. Прво заради циркулацијата и развојот на мускулатурата на нозете, а потоа и заради тимскиот дух, што многу ќе му годи. Малите припадници на овој знак сакаат се што се учи со логика, а информациските технологии и уреди во нивните раце изгледаат како да се родиле со нив.

Овие деца сакаат топла и модерна облека, макар што нивните комбинации на облекување можат да бидат и малку чудни. Немојте да им забранувате сами да ја избираат облеката, бидејќи тоа може негативно да влијае на вашиот однос.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога никнуваат првите трајни заби кај децата?
Првите трајни заби никнуваат околу 6-тата година од животот и затоа се нарекуваат шестогодишни катници.
4
Како патувањето со деца да ви биде полесно?
Еве неколоку стратегии за „преживување“ на патот, идеи за забава и практични совети кои ќе ви помогнат да си поминете по...
3
Како да ги заштитиме децата од загадениот ...
Во многу региони на земјата нивото на загадување на воздухот ja надминува максималната вредност. Тоа го изложува на ризи...
3
Веселите дедомразовци стигнуваат на време
На наша радост, овој пат акцијата ќе се спроведува уште во два града Штип и Струга...
3




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?