|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детски хороскоп: Деца Близнаци

Редакција Рингераја, 3.2.2015
Љубопитни, комуникативни, креативни...Како да одгледувате дете родено во знакот на Близнаци?

image
/11


 

Хороскопскиот знак во голема мера го одредува однесувањето на детето и тоа од неговото раѓање па се до поголема возраст.

 

(0-2 години)

Бебето родено во овој знак нема да може да се натпреварува ниту во раст, ниту во снага – бидејќи владеечка планета му е Меркур, кој е вечно млад гласник на Боговите. Меѓутоа, интелектот кај овие деца се буди многу рано, па ќе го забележуваат дури и она што не сте сонувале дека ќе го забележат. Многу е важно да комуницирате со вашиот мал Близнак што повеќе и тоа од првите денови на животот. Зборувајте му за се што правите, па нема да плаче. Играчки кои испуштаат звуци кога ќе се допрат, одредени броеви, букви и слики, ќе можат да го задржат неговото внимание на возраст од само неколку месеци. Брзо се движи, а штом ќе прооди ќе почне со вас да игра криенка-миженка, пронаоѓајќи разни места за криење, па нема да можете лесно да го најдете. Храната мора да биде сервирана за да му разбуди љубопитност да ја проба. Инаку љубопитноста е негова клучна особина, па ако не ја задоволите ќе имате голем проблем.

Малите Близнаци се друштвени, заради што вашето дете повеќе ќе сака да излезете на прошетка со пријателката која има бебе, отколку да сте сами. Лесно им е да го свртат вниманието. Затоа, кога треба да бидат насочени на хранење или подготовка за спиење, нивните сетила никако не треба да бидат премногу стимулирани со гласна музика или ТВ програма. Посебно лесно помнат реклами и звучни слогани и многу рано ги повторуваат. Затоа им се потребни мир и тишина за вистински да се одморат.

 

Од 2-4 години

Љубопитноста расте, па вашиот мал Близнак ништо не видел и ништо не слушнал, а да не добил желба да го истражи тоа до крај. Тоа се многу комуникативни деца, кои многу сакаат друштво, па во градинка се снаоѓаат како риба во вода. Вие можеби ќе почувствувате дека сте помалку важни и ќе ви се чини дека детето се одвоило од вас прерано. Енергијата на овие мали деца е умерена, а интересирањата се толку широки, што не е секогаш лесно да се одредат. Затоа морате добро да размислите што вашето дете најмногу го интересира. Не поттикнувајте многу започнати работи, туку насочувајте го на тоа што ќе го почне и ќе го заврши. Најважно е да не го форсирате многу. Бидејќи ако не ги исполни вашите очекувања, може да биде многу нервозно, да го пориснува своето незадоволство во себе, кое со тек на време прераснува во комплекси, без насоченост на конкретна акција и цел.

Малите близнаци се чувствителни на проблемите со здравјето кои имаат психосоматска основа, затоа е потребно полно разбирање и разговор, за да почувствува стабилност и смиреност. Инаку, сака да измислува приказни. Многу е важно тоа да не се сфати како навредливо, туку како нивна креативна црта и да не се нарекуваат лажливци. Сакаат модерна игра и играчки, пред се дигитални.

 

Од 4-6 години

Ова дете засега е мал дрдорко, кој по цел ден ви прераскажува вистински и невистински згоди и незгоди. Вашите највредни доблести ќе бидат трпението и желбата да го разберете. Бидејќи нема да може лесно да одлучи што побрзо на учи, а ќе сака се, многу е важно да не го оптоварувате премногу со долготрајно учење и да не претерувате со желбите да биде што поуспешно. Никако не треба да ви биде цел да знае од се по малку (на што се инаку склони овие деца) туку за нешто да знае многу.

Ова е добро време да се започне со учење на некој странски јазик, на што малите Близнаци се многу склони, но само ако тие го сакаат тоа.

Најдобро е кај вашето дете да развивате вештина за изработка на некои предмети, кои ќе бидат оригинални и корисни, бидејќи тоа ќе им ја развива ситната моторика (која инаку е многу добра кај малите Близнаци). Можно е вашето дете рано да научи да чита и да пишува, а ќе обожува песни и игри на зборови. Од математичките поими најмногу го интересира се што има врска со логика, па логичките задачи ќе му бидат најдраги. Единствено на што треба да обрнете внимание е ништо да не прави брзоплето, туку концентрирано и точно.

Кон малиот Близнак бидете пријателски настроени, бидете му соговорник. Внимавајте редовно да јаде и спие, бидејќи може да се случи од силните активности тоа да го заборави. Клучни се поддршката и разбирањето, што постојано треба да ги чувствува.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Видео: Како им е на мајките кои не работат?
Да се биде мајка може да биде напорно. Независно од тоа дали не работите, работите полно работно време или нешто измеѓу,...
5
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Розеола во претшколска возраст
Розеола е акутна болест на доенчиња и мали деца што е проследена со висока температура и осип на кожата
4
Зошто замина?!
Љубовна поезија
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?