|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детето во сообраќајна несреќа

Tina Juznic, 26.10.2010
Денешното темпо и начин на живеење бара голема мобилност. Голем дел од нашето време го поминуваме во автомобил,посебно со автомобил ги превезуваме и нашите деца.

image
/11


 

Несреќите за жал никогаш не одмараат и затоа е многу важно да знаеме правилно да реагираме доколку дојде до неа.

Цел на секој родител е да ја обезбеди сигурноста на своето дете, како дома, така во училиште, на улица, па дури и при сообраќајна несреќа. Во почетното учење во основното образование спаѓа и делот, како да се однесуваш на пат: да одиме по тротоар, улицата да се преминува на точно означено место – пешачки премин, И покрај постоењето на сите правила за однесување на луѓето во сообраќајот, сеуште се  случуваат доста сообраќајни несреќи.

 

1. Останете смирени

Првото правило е многу полесно да се каже како теорија отколку да се примени во пракса. Веднаш, доколку во несреќата е повредено Вашето дете, мора да се држите  трезвено иако во тие ситуации Ви треба утеха и помош,  покрај грижата за детето мора да ги пополните сите формулари поврзани за несреќата.

 

2. Вклучете ги светлата за опасност и поставете триаголник

Ако е возможно доколку никој не е повреден, по несреќата, најдобро е да се тргне автомобилот од патот и да се заштити местото на несреќата. Најпрво вклучете ги светлата за опасност и поставете го триаголникот на  видно место. Со тоа ќе ги предупредите автомобилите кои се движат накај вас, за можната опасност.

 

3. Проверете, како е Вашето дете

 Вистина е дека состојбата на шок може да предизвика голем број на реакции, кои однапред не можеме да ги предвидиме. Покрај тоа важно е да провериме како е нашето дете. Дали е повредено, дали нешто го боли или е исплашено. Ако не укаже на некои посебни повреди, веднаш земете го од автомобил и обезбедете му ја потребната удобност. Во случај на знаци на повреда, треба да размислите како да продолжите.

 

3. Повикајте брза помош или полиција

Во случај да е детето повредено потребна е помош од обучени лица. Неговото здравје е најбитно, затоа разговарајте со него, да ви каже каде го боли, кој дел од телото и повикајте медицинска сестра. Меѓутоа додека чекате да пристигне брзата помош треба да видите како во меѓувреме да му помогнете на Вашето детенце. Внимавајте на можните повреди. Во такви ситуации многу може да ви помогне и знаењето добиено при обука за прва помош, затоа е убаво од време на време да го обновуваме.

 

4.Помош во близина

Доколку сте во автомобил сами со Вашето дете, пожелно е што побрзо да побарате помош во близина, некој кој ќе може да Ви помогне. Во случај на  сообраќајна несреќа после тоа мора да  дадете изјава во полиција. Треба да се соберат податоци за несреќата. Детето кое не претрпело повреда во сообраќајната несреќа најдобро е што побрзо  да се повлече од тоа место.

 

5. Собирање на информации

И покрај фактот дека детето  ќе биде Ваша главна грижа во случај на несреќа, важно е да соберете што повеќе информации во врска со несреќата. Добро е со себе да имате пенкало за да можете да ги запишете имињата, регистарската таблица и.т.н. Во вакви случаи убаво е доколку може да се запише улицата, некое место во близина  кое би било препознатливо. Пробајте да се сетите како дошло до несреќата и која била причината. Дали причина биле временските непогоди, неприлагодената брзина на возење, или дали можеби другиот возач зборувал на телефон. Сите тие податоци ќе ви бидат потребни за да можете да си го обезбедите осигурувањето кое Ви следува.

 

 

Грижа за детето после сообраќајната несреќа

Сообраќајната несреќа во никој случај не зависи од нашето искуство. Но бидете подготвени Вашето дете кое било дел од сообраќајната несреќа после тоа да има големи последици врз неговото здравје, покрај физичките можни се и психички повреди, како претрпен стрес, поради што ќе му биде потребна целата Ваша поткрепа и грижа за да може полесно да закрепне од претрпениот стрес.  

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Конвенција за правата на детето
Во текот на Детската Недела, која се одржува секоја година во првата недела од месец Октомври, ве запознаваме со правата...
6
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
4
Навикнување на нокшир
Кои се чекорите за навикнување на нокшир? (англиско видео)
4
Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
4




Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?